Татко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациент
Извештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции
1Татко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациент
2Извештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции
3Лишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/час
СветИран егзекутира млад правник поради протестите- имаше 26 години (ВИДЕО)Иран погуби маж под обвинение за јануарските протести. Веста денеска ја објави официјалната новинска агенција на иранското правосудство Мизан и опозициска група, пренесува Ројтерс. Обвиненија и официјалната верзија Агенцијата Мизан објави дека Мехди Канеки е погубен. Според официјалното образложение, тој бил егзекутиран затоа што со своите „оперативни акции“ им помагал на Израел, САД и други непријателски групи. Тој е обвинет и за злосторства извршени за време на протестите во јануари и за производство и поседување оружје. 🇮🇷⚔️🏴 Images from the bomb-making workshop and the arrest of Mehdi Khanki. Mehdi Khanki, an operative and member of a terrorist group, was executed this morning. Farsna pic.twitter.com/xPX68zgCnB — dana (@dana916) July 22, 2026 Опозицијата има различни тврдења Националниот совет на отпорот на Иран (NCRI), кој е со седиште во Париз и е политичко крило на Народната муџахединска организација на Иран (PMOI), тврди дека Канеки бил обесен поради неговото членство во PMOI и неговото учество во протестите во градот Карај. NCRI наведува дека Канеки, 26-годишен дипломиран правник, „со месеци бил подложен на физичка и психичка тортура“. „Десетици други членови на ПМОИ сè уште чекаат егзекуција или се соочуваат со егзекуција во режимските затвори“, се вели во соопштението на групата. Тие, исто така, објавија дека осум нивни членови биле егзекутирани меѓу 30 март и 20 април. 🚨 Today at dawn, Iran's regime executed political prisoner Mehdi Khanaki, 26, a law graduate, in Karaj, for participating in the January 2026 uprising. Arrested on 10 February and severely tortured, he was charged with PMOI membership. The regime’s Mizan news agency claimed he… pic.twitter.com/5ZgvoJjTIX — M. Hanif Jazayeri (@HanifJazayeri) July 22, 2026 Контекст и број на егзекуции Во последните месеци, Мизан и иранските медиуми објавија повеќекратни егзекуции на луѓе поврзани со PMOI. Во истиот период за кој NCRI наведува осум егзекуции на своите членови, иранските медиуми забележаа вкупно 12 егзекуции. ПМОИ, позната на персиски како Муџахедин-е-Калк, е забранета во Иран и не се знае колкава поддршка има внатре во земјата. Заедно со монархистите кои го поддржуваат Реза Пахлави, син на соборениот Шах во егзил, ПМОИ е една од ретките опозициски сили кои успеваат да се организираат и да соберат поддржувачи.Тагови: Иран егзекутира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТатко и син нападнале екипа на Итната помош во Скопје, расправијата започнала поради транспорт на пациентШеесет и двегодишен скопјанец што испил антифриз по што со син му излегле со автомобилот за да бараат лекарска помош, со пцовки, тупаници и шлаканици се пресметувал со доктор и сестра од Итната медициска службаШеесет и двегодишен скопјанец што испил антифриз по што со син му излегле со автомобилот за да бараат лекарска помош, со пцовки, тупаници и шлаканици се пресметувал со доктор и сестра од Итната медициска служба пред поликлината „Јане Сандански“ во Аеродом во саботата попладне. До инцидентот дошло по вербална расправија откако неговиот син пришол до медицинската екипа што се враќала од интервенција по сообраќајна несреќа, објаснува вработен во службата што сведочел на насилството врз неговите колеги, а кој сакаше да остане анонимен. Човекот што барал медицинска помош не покажувал знаци на труење поради што докторот ги упатил на Токсикологија да отидат со нивниот автомобил или да се јават на 194 за да имаат тие налог кој им е неоходен за да интервенираат. -Дојде синот, го фати докторот за гуша, а од страна, странично доаѓа татко му, човекот што бара помош, а го удира докторот со бокс, му удара шлаканица и го тегне за коса. Во меѓувреме, ја удира и сестрата, ја тегне за коса, и врзува шамар, па доаѓа мене ме фаќа за врат. Јас се отргнав од него, ми ја потегна маицата, мање више. Јас него само гу турнав. Луѓе кои бараат помош не може така да се однесуваат, не сме ние на улица најдени, најдено-изгубено. По инцидентот била повикана полиција која го придружувала таткото до Клиниката за токсикологија, а докторот и медицинската сестра биле пренесени на Ургентен центар поради повредите, па во станица да дадат изјави. Од МВР го потврдија настанот, и велат дека синот е лишен од слобода. Татко му се уште е на Токсикологија, а иако навистина испил антифриз е надвор од животна опасност. -Пациентот е хоспитализиран и третиран по протокол како труење со антифриз, дијализиран и се очекува деновиве да го пуштиме од болница, точно кога ќе зависи од анализите. - д-р Иса Муса – Клиника за токсикологија Од Клиниката велат дека пред да биде пуштен од болница, МВР ќе биде информирано со цел да може на време да постапува. Лекарската комора но и од Здружението на медицински сестри „За нас“ најостро го осудија инцидентот со порака „Стоп за насилството во здравството. Оттаму упатија апел надлежните да го расчистат случајот, да ги утврдат сите околности и да преземат соодветни законски мерки кон сторителите, а Министерството за здравство иц раководствата на здравствените установи да преземат системски мерки за зголемување на безбедноста на здравствените работници на нивните работни места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзвештајот на ЕК на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграцииМакедонија е меѓу државите со највисоко ниво на подготвеност и усогласеност со ЕУ во надворешната и безбедносната политика.Македонија е меѓу државите со највисоко ниво на подготвеност и усогласеност со ЕУ во надворешната и безбедносната политика, реформската агенда доби на динамика, но поптребно е уште работа во правосудството, борбата против корупцијата и администрацијата, порача евроамбасадорот Михалис Рокас за Извештајот на ЕК кој се најде пред пратениците на заедничката седница на собраниската Комисија за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции. Рокас ги повтори И клучните услови за отворање на преговорите со Еу. -Како што знаете, следната фаза на пристапните преговори зависи од чекори со коишто се договоривме заеднички во минатото. Прво, уставните измени, второ, договор за јавната администрација, но и реформите во правосудството како и акциските планови што доаѓаат со истите. Се заедно ќе овозможи отворање на поглавјето број 1. Штом преговорите се отворат целосно, С. Македонија ќе може да продолжи со својата работа и ќе може да го движи процесот побрзо, изјави Рокас. Според претседателката Гордана Сиљановска Давкова добро е што во извештајот нема констатирано уназадување, иако како што рече, напредокот оди бавно. Уставните измени според неа, се наметнат услов надвор од правото на ЕУ, а од Унијата очекува очекува поголема предвидливост. -Мора да сториме нешто сите заедно, и ние, и нашите соседи, и нашите европски партнери, за да излеземе од лавиринтот. Секој што ќе тврди дека се работи само за уставни измени, сметам дека не е искрен. Или има намера или нема желба да ја разбере заднината на нашата загриженост. Во оваа смисла сакам да посочам дека мојата порака кон сите наши соседи е дека добрососедските односи мора да бидат мост кон ЕУ, а не инструмент за неодредено одложување на европската перспектива на соседот, изјави претседателката. Сепак, власта и опозицијата остануваат со дијаметрално спротивставените позиции за европската перспектива на Македонија. Филипче го повика Рокас да помогне, како што рече против антиевропската пропаганда на власта, Милошоски му одговори дека самите презеле обврски што не можат да ги исполнат. Во годишениот извештај на ЕК најголем напредок беше забележан во дигитализаицјата, а најголемите критики беа за борбата против корупцијата, во која не нотирале никаков напредок. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода српски државјанин на ГП Табановце, управувал возило со брзина од 158 км/час на место каде дозволената брзина е 80 км/часНа 22.11.2026 во 19:40 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ѓ.К.(59) од Србија. При проверка на патничко возило „ауди“ со српски национални ознаки, кое го управувал, било констатирано дека преку системот „Безбеден град“ бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. Имено, на 19.11.2026 на автопатот Демир Капија-Гевгелија тој го управувал возилото со брзина од 158 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. Тој бил спроведен во Полициска станица Неготино, известен бил јавен обвинител и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter