ИПА велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда „На точак Охрид и Струга да видам“ - Канал 5

ИПА велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда „На точак Охрид и Струга да видам“

Во организација на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид денеска ќе се одржи деветата рекреативна велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда „На точак Охрид и Струга да видам“.

ИПА велосипедска тура Охрид-Струга-Радожда „На точак Охрид и Струга да видам“

Целта на настанот, како што соопшти организаторот, е актуелизирање на ИПА иницијативата за велосипедско поврзување на двата крајезерски града, Охрид и Струга и вело конекција Охрид - Свети Стефан, со современо уредена, функционална и безбедна велосипедска патека.

- Овие проектни иницијативи, имаат непроценливо значење за развој на туризмот и велосипедизмот во двата македонски туристички бисери и огромен бенефит за охриѓани, стружани, но и туристите од Македонија и светот. На овој начин, ИПА Охрид прави свој обид за промовирање на крајезерскиот регион, како атрактивни туристички и вело дестинации што значително ќе ги издигнат на светската вело туристичка мапа и ќе бидат причина плус за зголемен број на туристи на ривиерата, стои во соопштението.

Стартот е на градското пристаниште во Охрид. Од крстосницата „Распаќе“ на булеварот „Туристичка“, вело трасата, како што е наведено, ќе води по една коловозна лента од автопатот во изградба се до поранешниот ресторан „Коцаре“, каде ќе се вклучат по стариот пат Охрид-Струга, покрај брегот на Охридското Езеро. Кај „Евро“ хотелво Струга предвидена е средба на охридската со струшката вело група, по што ќе продолжат кон Радожда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството лани постапило во случајот со продаденото бебе за 500 евра

Министерството за социјална политика, демографија и млади за конкретниот случај постапуваше во 2025 година, одговорија на прашањето на Канал 5 во случајот со продаденото бебе за 500 евра.

Министерството лани постапило во случајот со продаденото бебе за 500 евра

Надлежните служби односно Центарот за поддршка на згрижувачки семејства во февруари/март 2025 година, за лице со иницијали Ф.А од Скопје, заведено како згрижувач во согласно со законските прописи ги спроведе сите постапки во интерес на децата.

Спроведен е инспекциски надзор, на лицето му престанува статусот на згрижувачко семејство, а децата кои биле згрижени во тоа семејство се згрижени во други згрижувачки семејства, исто така бебето кое било жртва на трговија со луѓе е згрижено.

Преземните дејствија се резултат на координирани меѓусекторски постапки од надлежни државни органи, се наведува во соопштениетот на Министерството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм

Иако се приближува кон својот 80-ти роденден, легендарниот Арнолд Шварценегер не покажува намера да забави, а камоли да се повлече од светот на филмот.

Арнолд Шварценегер наскоро полни 80 години, па сепак не запира- најави нов филм

Откако неодамна се врати за две сезони од акционата серија на Нетфликс, ФУБАР, во која глуми заедно со ѕвездата од „Топ Ган: Маверик“, Моника Барбаро, Шварценегер веќе подготвува нов проект.

Иако публиката со децении дебатира за неговата најпозната улога, многумина ќе се согласат дека станува збор за научно-фантастичниот класик од 1984 година, филмот што ја лансираше една од најуспешните акциони франшизи на сите времиња.

Нов криминален трилер за „Прајм Видео“

Шварценегер ќе ги здружи силите со Лиам Хемсворт во новиот криминален трилер „Келис“, за кој правата ги обезбеди „Амазон МГМ“. Филмот нема да има кино-дистрибуција, туку ќе биде објавен на стриминг услугата „Прајм Видео“.

Заплетот следи еден посрамен њујоршки полицаец чија сопруга е киднапирана од терористи. За да ја спаси, тој е принуден да побара помош од своето семејство.

Режисер е Бред Пејтон, познат по соработката со Двејн Џонсон на филмовите „Rampage“ и „San Andreas“ и по научно-фантастичниот филм „Atlas“, кој го режираше за Netflix минатата година.

Премиерата се очекува најрано следната година

Доаѓањето на филмот „The Kellys“ се очекува најрано кон крајот на следната година, иако не е исклучено премиерата да биде поместена за 2028 година. Во меѓувреме, Шварценегер продолжува да работи на нови проекти, потврдувајќи дека нема планови да ја напушти филмската индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Во наелектризирана атмосфера, во Собранието почна расправата за предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени укинатиот балансер..

Предлог-законот за правична застапеност, кој треба да го замени балансерот во собраниска процедура

Долгонајавуваниот законот за правична и соодветна застапеност влезе во собраниска процедура – со часови трае расправата во Комисијата за политички систем и односни меѓу заедниците за законот кој треба да го замени балансерот. Предлагачот, пратеникот и вицепремиер Беким Сали, во Собранието порача дека со овој закон се прави историски чекор кон унапредување на рамковниот договор и дека правичната застапеност во институциите ќе се уредува законски, наспроти со Балансерот, кој го оцени само како дигитална алатка.

„Сакам да истакнам дека овој закон ја ужива поддршката на Советот на Европа, бидејќи за него е дадено позитивно мислење од Венецијанската комисија, а препораките содржани во нејзиното мислење кои беа насочени кон подобрување на текстот се вградени во одредбите на овој закон. Законот го штити правото на слободно самозијаснување но го спречува неговото злоупотребување и доколку има таков обид, кандидатите ќе бидат одбиени со забрана да се пријават повторно за вработување за три месеци.“

Сепак, албанските партии од власта и опозицијата со спротивставени гледишта на овој закон. Според опозицискиот блок, кои жестоко се противат на ова решение, се нарушува рамковниот договор и уставниот поредок, и најавија дека ќе направат се што е во нивна моќ истиот да не се донесе. Од ВРЕДИ пак порачаа дека опозициските партии манипулираат со чувствата на албанските граѓани и дека законското решение ќе доведе до попрофесионални вработувања во институциите.

На матичната комисија и претходеше жолчна расправа во Комисијата за политички систем, каде власта и опозицијата се судрија околу тоа дали да се носи со мал или голем бадентер - со 11 гласа за и двајца против, надвладеа ставот, тој да се донесе со мал бадентер, што значи мнозинство гласови од присутните пратеници и мнозинство гласови од припадниците на немнозинските заедници.

„Посакувам денешниот ден да не биде официјално почетокот на уништувањето на унитарниот систем на државата, бидејќи овој систем е можеби дојдено време и да се смени, бидејќи евидентно многу грешите ако не сметате за наивни.“

„Зошто се плашите, јас не знам од каде ви е оваа паника или тенденцијата ваша е да создате на секоја седница, на секоја комисија да имате шоу, драми и театар.“

„Вие донесувате закон кој ни го продавате како да живеете во Скандинавија.“

Пред да дојде на гласање на пленарна седница, законот ќе оди на јавна расправа.

<iframe allowfullscreen="" frameborder="0" height="315" src=

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер