Дел со надежи дека Заев сепак ќе се предомисли, дел со став дека неговата одлука треба да се почитува – поделени се мислењата во раководството на СДСМ пред утрешниот состанок на ЦО, на кој, според најавата од премиерот и претседател на партијата, ќе бидат официјализирани неговите оставки.
-Најдобро е Заев да биде тука, и во Владата и во партијата, но поради моралната поставеност не знам дали е тоа возможно. Одлуката не треба да се носи врз тоа дека на некого му е преседнато. Нападите се основани или неосновани, но тоа не треба да биде причина за заминување. Прашањето за Заев што тој е сврзното ткиво. Една ваква сериозна коалиција со јасни стратешки цели кон евроинтеграции, со концепт ’едно општество за сите‘ има потреба од Заев. Тој ги обединува структурите и во партијата и во коалицијата“, изјави Спасовски за „Утрински брифинг“.
- Тој го кажа својот став и тоа е негов став и треба да се почитува. Навистина е многу значајно што е тоа што понатаму ќе се случува, во Собранието да се обезбеди соодветно мнозинство за да се задржи западноевропскиот курс на државата, да се задржат демократските процеси и, секако, развојот кој интензивно ни се случува во последните пет години, и економскиот, и општествениот развој, истакна Царовска.
Заев оставките ги потврди во петокот по средбата со Гаши.Откако ќе биде констатирана во партијата, ќе почне постапка за избор на нов претседател на партијата, кој според мислењето на Заев треба да биде и нов мандатар. Изборот ќе биде на непосредни избори во членството, а ќе бидат распишани во рок од 15 дена..
Со оставката на Заев, и целото раководство на партијата ќе биде во оставка..
Освен во партијата, Заев деновиве ги продолжил и констулациите со коалиционите партнери околу најавата за нов мандатар.. Вицепремиерто Артан Груби од ДУИ, вели дека во фокусот не се кадровските прашањата, туку стабилизацијата на парламентарно мнозинство.
- Не сме разговарале за кадровски прашања или за поделба на ресорите меѓу политичките партии. Вчера имав долг разговор со премиерот Заев за средбата што ја имал со Алтернатива, денеска ќе имаме нова средба во врска со случувањата со новото парламентарно мнозинство. Оценивме дека сите политички партии кои се свесни за важноста на процесот за европска интеграција на Македонија, ќе мора да бидат конструктивни и се добредојдени да станат дел од парламентарното мнозинство, изјави Груби.
Во која насока ќе биде одлуката на Алтерантива, ќе биде појасно утре, откако ќе заседава и Централното претседателство на партијата.
Доколку се оди според сценариото што го најави Заев, новиот претседател на СДСМ ќе биде и мандатар, а засега во јавноста најчесто споменувано име е тоа на актуелниот заменик министер за финансии Димитар Ковачевски, особено откако се појави на средбата со Гаши.