Инженери на Р. Македонија: ЕВН не достави клучни податоци за формирањето на цените на струјата - Канал 5

Инженери на Р. Македонија: ЕВН не достави клучни податоци за формирањето на цените на струјата

Инженери на Република Македонија- ЕВН не достави клучни податоци за формирањето на цените на струјата

Инженери на Р. Македонија: ЕВН не достави клучни податоци за формирањето на цените на струјата

Иако побаравме транспарентност и пристап до податоци врз основа на кои се формираат продажните цени на електричната енергија, ЕВН ХОМЕ не одговори со конкретни информации, туку само потврди дека тие податоци се веќе доставени до Регулаторната комисија за енергетика.

Во упатеното барање на 21. мај 2025 година од ЕВН побаравме:

- ревидирани финансиски извештаи и бруто биланси за 2023 и 2024 година,

- податоци за набавка на електрична енергија,

- информации за бројот и потрошувачката на домаќинствата и малите потрошувачи,

- конкретни линкови до ПРЕДЛОГ ОДЛУКИТЕ, (а не одлуките) за цени и објавените мислења од јавноста (бидејќи согласно Тарифникот е предвидена 4 дневна можност за реакција од страна на засегнатите правни и физички лица) и

- објаснување на формулите и коефициентите што се користат при пресметката на продажните цени на електричната енергија.

Наместо достава на бараните информации во електронска форма, добивме само формален одговор со упатување кон Регулаторната комисија, без ниту еден конкретен прилог или линк до содржини. Забележливо е дека воопшто не е одговорено на прашањата за формулите и методологијата што се користат при пресметките на тарифите, а кои се од суштинско значење за јавноста и пред сé транспарентноста на цените.

Еве го интегралниот одговор од ЕВН ХОМЕ:

Почитувани,

Во врска со Вашето барање за информации, во продолжение на овој допис Ве известуваме за следното:

Во однос на податоците кои ги барате согласно одредбите од Тарифниот систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај Бр. 01-2437/1 од 17 ноември 2023 година (во понатамошниот текст Тарифен систем), односно:

- Финансиските извештаи за 2023 и 2024 година, заедно со сите прилози изготвени согласно барањата на меѓународните сметководствени стандарди, и ревидирани од страна на овластен ревизор;

- Бруто билансите за 2023 и 2024 година;

- Финансиско-сметководствени информации кои ги имате доставено до Регулаторната комисија за енергетика за 2023 и 2024 година,

- Податоците за набавена електрична енергија, како и податоци за планирана набавка на електрична енергија за 2023, 2024 и 2025 година;

- Податоците за бројот на домаќинства и мали потрошувачи вклучувајќи и ја нивната потрошувачка во последните 12 месеци од 2023, 2024 и 2025 година;

Ве известуваме дека обврската за Универзалниот снабдувач е да ги достави овие податоци до Регулаторната комисија за енергетика, во електронска форма во формат што овозможува обработка од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Согласно таа обврска, Ве известуваме дека овие податоци се доставени до Регулаторната комисија за енергетика.

Во однос на Вашите дополнителни барања:

- Предлог Одлуките беа објавени соодветно на обврската која произлегува од Тарифниот систем, со образложение за начинот на формирање на продажните цени вклучително и податоците врз основа на кои е направена пресметката; за објавените Предлог Одлуки, Универзалниот снабдувач не доби мислења и предлози од заинтересираните правни и физички лица, по што согласно Тарифниот систем, пристапи кон донесување на одлука за формирање на продажни цени за електрична енергија;

- Одлуките за формирање на продажни цени, заедно со образложение на истите, се објавени на интернет страната на следниот линк: https://www.evn.mk/AboutUs/Regulation.aspx, (Забелешка: Објавените информации на интернет страната не се линкувани конкретно до релевантните документи, ниту пак се дава било какво објаснување за начинот на формирање на формулите и коефициентите, иако тие беа експлицитно побарани.)

Согласно Тарифниот систем доколку Регулаторната комисија за енергетика утврди дека со одлуката за формирање на продажни цени за електрична енергија не е применет овој тарифен систем, има право да донесе одлука со која го обврзува универзалниот снабдувач да донесе нова одлука за продажни цени усогласени со тарифниот систем.

Со почит,

Оддел за односи со корисници

ЕВН

ул. „Лазар Личеноски“ бр. 11, 1000 Скопје

www.evn.mk

Ваквиот одговор на ЕВН е приказ на недостапноста и неразбирливоста на податоците што ја одредуваат цената на струјата. Тарифите не се само техничка пресметка туку тие директно влијаат врз семејните буџети на граѓаните. Оттаму, јавниот интерес за транспарентност и отчетност мора да биде на прво место.

Ние ќе инсистираме изготвувањето на одлуката за формирањето на цената на електричната енергија кај домаќинствата да се врати повторно кај Регулаторната комисија за енергетика, бидејќи цениме дека таа не смее да биде доделена на Универзалниот снабдувач (ЕВН Хоме).

Дополнително, РКЕ е независна регулаторна институција која до 2023 година ја определуваше цената за електрична енергија за домаќинствата. Нема ниту една валидна аргументација зошто ова право и обврска ѝ е одземено на РКЕ и е доделено на Универзалниот снабдувач, кој директно е мотивиран цената на електричната енергија да биде што е можно повисока.

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сидни Свини никогаш по провокативна

Жежок спектакл со  една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.

Фото:  Сидни Свини никогаш по провокативна

Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание.

Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција.

Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ  – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.

Фото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!

Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови.

На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето.

Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги.

Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира.

Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. 

Вселенско летало по осум години стигна до Меркур

Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност.

Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка.

Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време.

По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата.

Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата.

Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер