Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
2Радеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар
МакедонијаИНЖЕНЕРИ НА Р. МАКЕДОНИЈА: ЕВН без транспарентен одговор за сомнежот во точноста на цениитеЕВН без транспарентен одговор за сомнежот во точноста за формирањето на цените на струјата Согласно Тарифниот систем за продажба на електрична енергија од 17 ноември 2023 година, ЕВН Хоме, како универзален снабдувач, има обврска да изготвува предлог-одлуки и конечни одлуки за продажните цени на електричната енергија за домаќинствата. Во рамките на оваа надлежност, ЕВН донесе две одлуки: првата на 27 јуни 2024 година, а втората на 20 декември 2024 година, со која се утврдени цените на струјата за 2024 и 2025 година. Анализирајќи ги објавените податоци, особено оние што се однесуваат на малите потрошувачи, забележавме сериозни несогласувања и неточности што не можевме да ги игнорираме. Се посомневавме во точноста на цените за евтината тарифа и четирите блока на скапата струја, кои директно ги засегаат домаќинствата и малите потрошувачи. Со цел да добиеме јасна и детална слика за начинот на кој се формираат цените, на 21 мај 2025 година поднесовме официјално барање до ЕВН Хоме. Побаравме целосна документација врз основа на која се донесени цените, согласно Тарифниот систем. Дополнително, побаравме и линкови до предлог-одлуките, кои, според прописите, ЕВН е должна да ги објави за да овозможи јавна расправа и прибирање мислења пред донесување на конечна одлука. Според Тарифниот систем, рокот за поднесување мислења од јавноста изнесува пет дена. Особено нè интересираше како е добиена пресметковната цена од 15,1845 денари за kWh за категоријата мали потрошувачи. Таа цена, според ЕВН, произлегува од просечната утврдена цена од 4,6244 денари и коефициент од 0,8296. Меѓутоа, производот на овие вредности математички не кореспондира со дадената тарифа. Затоа побаравме и објаснување за методологијата и формулите користени при пресметките на четирите високи и ниската тарифа во оваа категорија. Наместо конкретен, транспарентен и сеопфатен одговор, добивме формален допис со кој сме упатени кон Регулаторната комисија за енергетика. Не добивме ниту еден документ, прилог или линк, ниту, пак, одговори на суштинските прашања за формулите и методологијата. Со тоа, ЕВН Хоме не го исполни минимумот на очекувана отчетност и транспарентност. Ваквиот одговор на ЕВН е приказ на недостапноста и неразбирливоста на податоците што ја одредуваат цената на струјата. Тарифите не се само техничка пресметка туку тие директно влијаат врз семејните буџети на граѓаните. Оттаму, јавниот интерес за транспарентност и отчетност мора да биде на прво место Ние ќе продолжиме да инсистираме изготвувањето на одлуката за цените на електричната енергија за домаќинствата повторно да се врати под надлежност на Регулаторната комисија за енергетика. Сметаме дека оваа обврска не смее да ѝ биде доверена на Универзалниот снабдувач – ЕВН Хоме – кој, за разлика од РКЕ, има директен комерцијален интерес цената на струјата да биде што е можно повисока. Дополнително, потсетуваме дека РКЕ е независна регулаторна институција која до 2023 година самостојно ја утврдуваше цената за електрична енергија за домаќинствата. До ден-денес не е дадена ниту една валидна аргументација зошто ова клучно право ѝ е одземено и префрлено кај субјект кој е директно финансиски заинтересиран. ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈАТагови: струја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литар13:01Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко08:53Епидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
МакедонијаМЗ: Состојбата во Гостивар се следи – намален вкупниот број прегледиМинистерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи од надлежните здравствени институции.Во текот на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Во однос на западнонилската треска, на Клиниката за инфективни болести е евидентиран еден нов сомнителен случај. Во тек се потребните испитувања за лабораториска потврда или исклучување на заболувањето. Министерството за здравство, во координација со надлежните здравствени установи, продолжува внимателно да ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста за сите нови релевантни податоци.Тагови: Гостивар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРадеска: Обвинителството да отвори истрага – Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на ГостиварИма нов, сериозен момент во скандалот со загадената вода во Гостивар.Власта официјално потврди присуство на бактеријата Pseudomonas aeruginosa во водата. Водата што ја прогласија за „техничка“ и дека може да ја користат граѓаните има бактерија. Страшно! Тоа значи дека граѓаните на Гостивар се капеле со бактерија која претставува ризик по здравјето. Кожни инфекции и бројни други сериозни заболувања и други инфекции предизвикува оваа бактерија. Ова е врв на институционалниот колапс и уште еден здравствен скандал. Системот на Мицкоски и Клековски целосно потфрли во својата основна задача, наместо да го заштити здравјето на граѓаните го загрози. Затоа Мицкоски и Клековски се кријат зад Тошковски и Ангелов, луѓе кои не се стручни за ова и само создаваат забуна и грижа кај граѓаните. Сѐ уште Владата не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна. Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски. Ништо повеќе. Со признанието за присуство на бактерија се потврдува дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа. И повторно се врши хиперхлорирање. Кога се прави хиперхлорирање - капењето не е дозволено исто така поради високото ниво на хлор. Концетрацијата на хлор мора да се спушти на дозволени вредности за да може да се користи. Министерот Клековски најавуваше дека од оваа недела водата ќе може да се пие. Мицкоски рече дека има бактерија. Сега и официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот. Ова е страшна информација. Обвинителството мора веднаш да отвори истрага, мора да има кривична одговорност за: • Христијан Мицкоски; • Сашо Клековски; • Сите одговорни лица во институциите кои молчеа и не презедоа мерки додека беше загрозено здравјето на илјадници граѓани. Одговорноста не може и не смее да се избегне. Обвинителството мора да покаже дека законот важи за сите и веднаш да отвори истрага за овој тежок скандал. Прес конференција на Елена Радеска, СДСМТагови: Радеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 1 денар, бензините поевтинуваат за 2 денари по литарТрговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,24% во однос на одлуката од 27.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,069%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,806%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,930% и кај мазутот намалување во просек за околу 4,787%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,1423%. Од 05.08.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 91,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 93,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 98,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 46,419 (денари/килограм) Во денешната одлука е применет намален износ на акцизата од 2,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,680 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 05.08.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени. РКЕТагови: горивата РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter