Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања
1Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања
МакедонијаИнженер осум години бил заглавен со судските лавиринти поради неговиот научен трудЗемјоделскиот инженер Петар Матовски осум години бил заглавен со судските лавиринти поради неговиот научен труд. За потребите на неговиот магистерски труд тој легално купил семенски материјал „канабис сатива л“ или индустриски коноп од Нови Сад и легално го внесол во земјава, за што има и печат од Државниот пазарен инспекторатот. Конопот го засадил на видно и прометно место и самиот ги поканил сите релевантни институции. Но, како што вели, први на терен дошле од Државниот инспекторат за земјоделство, кои го пријавиле во МВР, по што бил ставен во 30 дневен притвор, а семенскиот материјал одземен. Матовски бил осуден на две годишна казна затвор, но во последен момент бил ослободен благодарение на сведочењата на фармацевтскиот вештак Ариета Шабани и професорката Соња Ивановска од факуктетот за земјоделски науки од катедрата за генетика и селекција, Матовски поддршка добил и адвокатот Јанаки Митровски, кој во изјава за Канал 5, објаснува дека станувало збор за неоснован прогон, бидејќи садниците со индустриски коноп кои Патер Матовски ги имал засадено воопшто немале психоактивни супстанци. Сега, кога по осум години борба за докажување невиност, Петар Матовски е конечно ослободен, тој бара укинување на ПИМ мерките, поништување на неговото досие во МВР и јавно преку допис испратен до медиумите да му се извинат за уништеното реноме, поради, како што вели најмногу страдале неговите две малолетни деца. Македонија е 14-та земја во Европа која го легализираше канабисот за медицински цели, но органите на прогонот и натаму поднесуваат кривични пријави доколку откријат кај граѓани, без разлика дали марихуаната е за лична употреба, нелегално продавање или научни цели како во случајот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампањаРуски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.Тагови: Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСАД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски базиИран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN. Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУтре тргнува градскиот воз Зелениково – СкопјеОд утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути. Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.Тагови: градскиот воз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook