ЖивотИнженер од Титан добил отказ -тврдел дека подморницата не може да издржи притисок Инженер кој работел на подморницата Титан бил отпуштен од работа бидејќи тврдел дека не можела да го издржи притисокот на длабочина од 4000 метри.Откако стана јасно дека малата подморница со пет лица експлодирала во водите на Атлансткиот океан утринава во светските медиуми беше објавена информација која укажува на можна техничка негрижа од страна на американската компанија OceanGate Expeditions, која управуваше со подморницата Титан. „ABC News објави дека поранешен вработен во „OceanGate“ бил отпуштен поради загриженост за контрола на квалитетот и тестирање за потенцијални недостатоци во експерименталната подморница. Дејвид Лохриџ, инженер и капетан на подморница, во 2018 година во противтужбата против „OceanGate“ тврдеше дека фирмата го отпуштила затоа што изразил загриженост за дизајнот и тестирањето на трупот. АФП пишува дека тој тврдел дека големиот отвор на предниот дел на подморницата бил дизајниран да издржи притисок на длабочина од 1.300 метри, а не на 4.000 метри, колку што е длабочината до која се упати оваа мала научно-туристичка подморница во неделата со пет патници кои ги загубија животите во нејзината „катастрофална имплозија“. Експедицијата на Титан ја организираше компанијата „OceanGate Expeditions“, тргнувајќи на третото патување до Титаник, кој удри во санта мраз и потона во 1912 година. OceanGate Expedition Titanom понуди посета на легендарниот потонат брод за 250.000 долари по лице, според неговата официјална веб-страница. „Полето со остатоци“ што го пронајдоа роботи во близина на легендарниот Титаник, на длабочина од речиси 4.000 метри, сведочи за катастрофалната експлозија на подморницата, изјави контраадмиралот на американската крајбрежна стража Џон Маугер на прес-конференција во Бостон. Титан, долг околу 6,5 метри, нурна во неделата и требаше повторно да излезе на површина по седум часа, но контактот беше изгубен помалку од два часа по нуркањето. Имаше залихи со кислород околу 96 часа. Инаку во подморницата Титан на последното нејзино патување биле четворица патици и капетанот, американската крајбрежна стража вчера објави дека сите загинале.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаСтојаноски: Економските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистеријаЕкономските ‘’експерти’’ од талогот на СДС кои ја уништија државата шират хистерија, официјалните податоци ги демантираа и ја покажаа вистинската слика за економијата.Додека СДС го градеше својот летен наратив од паника и невистини, во сенка на нивните преписки излегоа официјалните податоци на Државниот завод за статистика за инфлацијата и цените на мало во јули годинава. И тие податоци се јасни, проверливи и за жал талогот од СДС, не може да ги побие Инфлацијата во јули 2026 година изнесува 2,3% на годишно ниво. За споредба, просекот во Европа е 2,9%. Значи, Македонија денеска има една од најниските стапки на инфлација. Еве како се движеше инфлацијата од март до јули годинава. Во март, инфлацијата изнесуваше 4,9%, а цените на мало 3,4%. Во април, инфлацијата се искачи на 5,7%, со цени на мало од 5%. Во мај, инфлацијата беше 4,8%, а цените на мало 5,6%. Во јуни, инфлацијата падна на 3,4%, со цени на мало од 3,6%. А во јули пак, инфлацијата изнесуваше 2,3%, а цените на мало 1,8%. Од априлскиот врв до јули, годишната стапка на инфлација падна за 3,4 процентни поени односно скоро 60% пониска во однос на априлското ниво. Особено охрабрувачки е трендот кај храната и безалкохолните пијалаци, каде цените во јули се намалија за 1,1% во однос на јуни, а стапката падна од 5,6% во мај на 1,8% во јули пад од 3,8 процентни поени за само два месеца. Единствениот посериозен месечен притисок доаѓа од транспортот, со раст од 4,4%, но тоа не го менува општиот тренд на смирување. Само за споредба, просечната инфлација во периодот март-јули 2022 година, кога економијата ја водеа токму нивните т.н. „експерти“, изнесуваше 12,34%. Во истиот период годинава, 4,22%. Кај цените на мало, разликата е слична: 12,1% тогаш, наспроти 3,88% сега. Тоа е сооднос од речиси 3:1 во корист на денешниот период, иако двата периоди не се споредуваат затоа што станува, во овој момент, збор за историски најголемата криза што ја има доживеано човештвото. СДС сакаше народот да поверува дека пониска инфлација значи замрзната економија. Бројките го покажуваат спротивно. Извозот во првите пет месеци од 2026 година е зголемен за околу 8% на годишно ниво. Индустриското производство во јуни бележи раст од 6,5%, а преработувачката индустрија дури 7,9% раст. БДП во првото тримесечје порасна за 3,1% на годишно ниво. Бројот на вработени е повисок отколку минатата година, а невработеноста падна од 11,7% на 11,3%. Даночните и вкупните буџетски приходи бележат раст. Почитувани, Талогот се обидува да шири хистерија затоа што реалните бројки не одговараат на нивната стратегија, немаат интерес од официјални податоци кои ја рушат нивната кампања базирана на лажни тези и вештачки создадена хистерија. Логиката на СДС е веќе позната, колку се поголеми нивните лаги, толку погласна треба да биде таа нивна хистерија за да ги прикрие. Затоа нема да видите нивна објава со бројките од јули за инфлацијата, ниту реален осврт на состојбата на Буџетот. Ние ќе продолжиме со политиките кои го штитат стандардот на граѓаните, кои носат нови вложувања и отвораат нови работни места, а бројките потврдуваат дека се движиме во правилна насока. Економските експерти т.н. нормално, од СДС кои сега делат совети оставија уништена држава, а ние градиме економија што реално им го подобрува животот на граѓаните. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаФЗО: Здравственото осигурување се активира автоматски по евидентирање на уплатените придонесиФондот за здравствено осигурување ја информира јавноста дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот.Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на придонесите за здравствено осигурување за периодот за кој се пријавени. Станува збор за системски воспоставен механизам кој подеднакво се применува за сите правни субјекти во државата. Пријавувањето на вработените, пресметката и уплатата на придонесите се процеси поврзани со системот за наплата на придонесите преку Управата за јавни приходи, додека Фондот го евидентира статусот врз основа на податоците за извршената уплата. Во вакви случаи, кога кај правен субјект дополнително се пријавуваат вработени за претходен период, потребно е да се изврши соодветна корекција на пресметката на плата за тој период и да се доплатат придонесите и за дополнително пријавените лица. По евидентирањето на уплатата, здравственото осигурување се активира автоматски. Оттука, не станува збор за поединечна административна одлука на Фондот, ниту за рачно исклучување на осигурениците од страна на вработените во ФЗО. Процесот е системски и автоматизиран и истите правила важат за сите работодавачи и институции без исклучок. Фондот и самиот во минатото се соочил со идентична ситуација кај сопствените вработени, што дополнително потврдува дека механизмот се применува еднакво за секој правен субјект. Кај институции со голем број вработени, како што е Министерството за внатрешни работи, дополнителното пријавување лица по основ на судски одлуки може да има поширок ефект доколку навремено не се изврши потребната корекција и уплата на придонесите. Во моментов, претставници на Фондот и на Министерството за внатрешни работи се во директна координација за спроведување на потребните постапки и надминување на состојбата во најкраток можен рок. Фондот ги стави на располагање сите потребни податоци и стручна поддршка во рамките на своите надлежности. Фондот истовремено апелира до сите институции и работодавачи, при враќање или дополнително пријавување вработени за претходен период, особено врз основа на судски одлуки, паралелно и навремено да ги спроведат потребните корекции на пресметката и уплатата на придонесите. На тој начин ќе се избегнат ситуации во кои привремено може да биде засегнат статусот на здравственото осигурување и на останатите вработени. Апелираме ова прашање да не се политизира и да не се создава непотребна загриженост кај осигурениците. Станува збор за јасно утврдена системска постапка која подеднакво важи за сите правни субјекти, а по евидентирањето на потребната уплата здравственото осигурување автоматски се активира. Тагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:0825 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:09
МакедонијаВо јуни намалување на бројот на странски туристи за 13%Летната турстичка сезона е во полн ек, но статистика регистрира значително намалување на бројот на странски туристи во јуни годинава, во однос на истиот месел лани.Годинава во јуни имало 87.618 странски туристи што е за 13% помалку во однос на јуни лани, кога имало над 100.000. Просечно тие остануваат во земјава по две ноќевања. И натаму најбројни се туристите од Турција, околу 25.000, а потоа следат Србија со 8.500, Германија нешто на 4.000 и Бугарија со 3.200 туристи. Вкупно, во првите шест месеци од годинава, во земјава дошле 396.633 странски туристи што е за 0.3% повеќе во однос на првото полугодие лани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook