Инзаги нов тренер на Ал-Хилал - Канал 5

Инзаги нов тренер на Ал-Хилал

Саудискиот фудбалски клуб Ал-Хилал го назначи Симоне Инзаги за нов шеф на стручниот штаб.

Инзаги нов тренер на Ал-Хилал

- Италијанскиот гениј е тука. Добре дојде Симоне Инзаги – стои во објавата на клупската прес-служба на социјалната мрежа Икс.

Инзаги ќе го замени Хорхе Жесус како главен тренер на Ал-Хилал, кој беше отпуштен на 3 мај по поразот од Ал-Ахли со 2:3 во полуфиналето на азиската Лига на шампиони.

Вчера, Интер најави заминување на Инзаги. Италијанецот беше тренер на тимот на Милано од 2021 година, кој под негово водство ја освои Серија А, два Купа на Италија и три Суперкупа.

Во финалето на Лигата на шампионите 2024/25, Интер загуби од ПСЖ (0:5). Овој натпревар беше последен за тимот под водство на Инзаги.

Ал-Хилал со 75 поени во сезоната 2024/25 го зазеде второто место во првенството на Саудиска Арабија. /МИА

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната

Во моментов контроли на внатрешните граници вршат 11 членки на Шенген зоната.

Трајните „привремени“ гранични контроли во Шенген зоната

Во годината кога се одбележува 40-годишнината од создавањето на Шенген зоната, повеќе европски земји, меѓу кои и оние кои некогаш беа движечката сила на заложбите за укинување на внатрешните граници во ЕУ, како Германија, денес воспоставуваат контроли на сите гранични премини и ги враќаат барателите на азил, правдајќи го ваквиот потег со зголемени безбедносни ризици и значителен прилив на илегални мигранти.

Од воведувањето на Шенген зоната во 1995 година, цела една генерација Европејци израснаа во услови на слободно движење меѓу земјите од зоната, што ја олесна мобилноста на работната сила и размената на стоки, создавајќи придобивки за трговијата во рамки на единствениот европски пазар. Отсуството на гранични контроли меѓу членките на ЕУ се толкуваше како симболична и физичка манифестација на слободното движење на граѓаните, како една од врвните вредности на Европската унија.

Но, од пред 10 години, како резултат на зголемениот мигрантски прилив, работите почнаа да се менуваат. Она што првично во 2015 година беше замислено како вонредна мерка - привремени гранични контроли на внатрешните граници во Шенген зоната, денес, десет години, подоцна станаа нормалност.

Поттикнати од енормниот прилив на мигранти, повеќето земји тогаш решија да го активираат членот 25 од Кодексот за границите во Шенген зоната, врз основа на кој се овозможува воведување гранични контроли на внатрешните граници поради закани по јавниот ред и безбедноста.

Од тогаш, повеќето земји членки на Шенген зоната, поради различни причини воведуваа привремени контроли на делови на своите граници, чија важност постојано се продолжува, со што се доведува под сомнеж нивниот времен карактер.

Како причини за воведување на „времените“ контроли на внатрешните граници се наведуваат одржувањето на масовни политички или спортски настани, опасност по јавното здравје – како што беше случај за време на Ковид пандемијата, терористички или безбедносни закани и „секундарните движења“ на илегалните мигранти, односно влез на лица од трети земји на кои им биле одбиени барањата за азил во држава од Шенген зоната во која првично пристигнале или претходно престојувале.

Во моментов контроли на внатрешните граници вршат 11 членки на Шенген зоната – Австрија, Бугарија, Германија, Данска, Италија, Норвешка, Полска, Словенија, Франција, Холандија и Шведска, првенствено поради „безбедносни парични“ или поради спречување на илегалната миграција. По правило, спречувањето на влезот на илегалните мигранти се правда со безбедносни или терористички ризици, иако доказите укажуваат дека мотивите за ваквите мерки повеќе се од социјални или локални причини, отколку поради заштита од криминал или тероризам.

Но, според берлинскиот Институт за европски политики (ИЕП), овие мерки не се премногу делотворни за ограничување на илегалната миграција, а уште помалку за спречување на терористичките закани. Иако, со контролите се оневозможува влез на илегалните мигранти преку граничните премини, тоа не ги спречува, заедно со криумчарите на луѓе, да изнаоѓаат нови рути и начини за влез во земјите.

Од друга страна, граничните контроли имаат негативно влијание врз трговијата поради чекањето на стоките на границите, а дополнително ја ограничуваат слободата на движење на граѓаните на Унијата и ја намалуваат меѓусебната доверба меѓу земјите членки на Шенген зоната.

Како резултат овие „привремени“ гранични контроли, зачестија критиките на сметка на Европската комисија, вклучително и од страна на некои европратеници, дека не ја одиграла најадекватно својата улога како „чувар на договорите“ на ЕУ. Според нив, во услови на сложените преговори за реформи на Заедничкиот европски систем за азил (ЦЕАС), Комисијата им дала приоритет на желбите на земјите членки пред правото на ЕУ, вклучително и барањето за зголемување на максималниот временски рок за привремени гранични контроли од шест месеци на дури три години, под одредени услови.

- Генерално, се чини дека навидум „привремени“, граничните контроли во одреден степен станаа прифатлива појава во наводно безграничната Шенген зона, оценува ИЕП.

Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено,...

Седумкратниот победник на Вимблдон Новак Ѓоковиќ годинава настпот на Грен слемот во Лондон го заврши во полуфиналето. Поуспешен од него беше Јаник Синер со 3:0 во сетови и за Италијанецот ова беше петта победа над Србинот во серија. 

Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено,...

Ѓоковиќ во мечот влезе со повреда од четвртфиналето и со пропуштен тренинг ден пред мечот, а по вториот сет му беше укажана и медицинска помош.

- Нема да се жалам на повредата, едноставно Синер беше подобар и заслужи пласман во финалето. Разочаран сум дека не можев добро да се движам. Не сметам дека беше лоша среќа, едноставно тоа се годините, телото е истрошено,... Колку турнирот трае подолго толку ми е потешко, еве играв полуфинале на сите грен слем турнири годинава. Потоа следува меч со Алкараз или Синер, тие се помлади подготвени, побрзо „се враќаат“ по одиграниот меч. Внимавам на телото, но тука се и повредите, изјави Ѓоковиќ.

Во однос на неделното финале Ѓоковиќ, предност му дава на Шпанецот Карлос Алкараз против Синер, поради двете титули кои ги има на Вимблдон. Но, сепак очекува неизвесен финален меч. /МИА

САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа го нападна кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, наметнувајќи му визни ограничувања, поради неговата улога во репресијата на масовните протести во 2021 година, јави ДПА.

САД му воведе визни ограничувања на кубанскиот претседател за неговата улога во „бруталноста на режимот“

Рубио изјави дека Вашингтон ги ограничува визите „за претставниците на кубанскиот режим: претседателот Дијаз-Канел, министерот на револуционерни вооружени сили Алваро, Лопез Миера, министерот за внатрешни работи Лазаро, Алварез Касас и соработниците поради нивната улога во бруталноста на кубанскиот режим кон кубанскиот народ“.

Ограничувањата за кубанските лидери ќе влијаат и на нивните најблиски членови на семејствата, пренесе германската агенција.

„Стејт департментот, исто така, го додаде контролираниот од режимот „Торе К“ на кубанската листа со ограничувања за да спречи американските долари да ја финансираат репресијата на кубанскиот режим“, рече Рубио во објава на X.

„Додека кубанскиот народ страда од недостиг на храна, вода, лекови и електрична енергија, режимот расфрла пари на своите луѓе одвнатре“, додаде Рубио.

Шефот на кубанската дипломатија, Бруно Родригез, одговори на X дека, иако „САД имаат капацитет да воведат патни ограничувања и казни против револуционерните лидери и да водат продолжена и сурова економска војна против Куба... тие немаат капацитет да ја скршат волјата на овој народ или неговите лидери“.

Во јули 2021 година во неколку градови на Куба беа одржани демонстрации за слобода и против репресијата и лошото политичко владеење. По масовните протести, стотици демонстранти беа осудени на затворски казни.

Рубио во синоќешната изјава наведе дека кубанскиот режим „неправедно“ притворил илјадници луѓе, „вклучувајќи над 700 лица кои сè уште се затворени и се подложени на тортура или злоупотреба“, пренесе ДПА.

Хјуман рајтс воч (ХРВ) вчера соопшти дека стотици од уапсените во протестите преживеале сериозна злоупотреба додека биле во затвор.

„Пред четири години, кубанската Влада започна репресија врз илјадници Кубанци кои мирно излегоа на улиците барајќи права и слободи“, рече директорката на HRW за Америка, Хуанита Гоебертус, додавајќи дека и „денеска, стотици и натаму се зад решетки во ужасни услови“.

притисни ентер