Инзаги: Им честитав на моите фудбалери, тие беа одлични и имаа одличен натпревар - Канал 5

Инзаги: Им честитав на моите фудбалери, тие беа одлични и имаа одличен натпревар

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги ги пофали своите фудбалери и покрај поразот (1:0) од Манчестер сити синоќа во финалето на Лигата на шампионите.

Инзаги: Им честитав на моите фудбалери, тие беа одлични и имаа одличен натпревар

- Им честитав на играчите - тие беа одлични и одиграа одличен натпревар. Го загубивме финалето кое сакавме да го добиеме по секоја цена, но тие треба да се гордеат со себе. Не би ги менувал овие играчи за никого, а денес цел свет сфати зошто. Примивме само еден гол против многу силен тим. Многу жалиме, но треба да бидеме горди на себе, го цитира Инзаги „Скај Спорт“.

Манчестер Сити за прв пат ја освои Лигата на шампионите. Тимот на Хосеп Гвардиола направи и тројна круна - ја освои Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова

Бугарското министерство за внатрешни работи го примила известувањето од Македонија дека ја бара Ива Михаилова, откако вчера беше распишана меѓународна потерница по неа..

Бугарското МВР го примило известувањето дека Македонија ја бара Михаилова

Како што објави бугарската национална телевизија – БНТ, дирекцијата за меѓународна оперативна соработка при бугарското МВР примило порака од Интерпол - Скопје со како што се наведува, барање за меѓународна потрага заради апсење и екстрадија на Михаилова, обвинета за кршење на сообраќајни правила..

БНТ пишува дека во моментов, немало издадена црвена потерница и дека бугарските власти не преземаат никакви мерки за да утврдат каде се наоѓа Михаилова..

Од бугарското министерство за внатрешни работи, во одговорот до медиумите, постетува дека согласно уставот, државјанин на Бугарија не може да биде екстрадиран во друга држава или на меѓународен суд заради кривично гонење, освен ако тоа не е предвидено во меѓународен договор ратификуван, објавен и стапен во сила...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

Директорот Гоце Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. 

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.

Директорот Димовски посочи дека компаниите како Гересхајмер имаат значајна улога при позиционирањето на Македонија како атрактивна дестинација за странските директни инвестиции. Тој додаде дека ваквата континуирана комуникација и партнерски однос меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и сите инвеститори е со цел навремено адресирање на нивните потреби и создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој.

Менаџментот на компанијата ги презентираше досегашните активности и резултати, при што беше истакнато задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата. Тие ја истакнаа важноста на институционалната поддршка и предвидливата деловна средина што ја нуди ТИРЗ, оценувајќи ја како еден од клучните предуслови за одржување на ефикасноста.

Инаку, на почетокот на годинава, Гересхајмер започна со производство на медицинско стакло во својот втор производен капацитет. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува активно да работи на унапредување на деловната клима, со цел привлекување на нови странски диреДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2ктни инвестиции, како и поттикнување на постоечките инвеститори за проширување на своите проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

Шестмина полициски службеници се повредени по насилните инциденти на вчерашниот протест во Тирана, соопшти албанската полиција.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

16 лица биле уапсени, а против 50-ина е покрената кривична постапка по протестот кој прерасна во судир со полицијата, кога дел од учесниците почнаа да фрлаат камења, бетонски плочи, пиротехнички средства и молотови коктели кон полицајците и кон зградата на министерството за образование.

Протестот го организираа студенти и млади луѓе незадоволни од состојбите во образованието, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето, објави Ројтерс.

Приведените се товарат за напад врз службено лице, незаконско постапување со експлозивни и запаливи материи и оштетување и палење имот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер