КултураИнтимен театар од Битола со претставата „Со љубовта шегување нема“ на „Охридско лето“ Театарската програма на „Охридско лето“ продолжува со претставата „Со љубовта шегување нема“, работена според текст на Алфред де Мисе, а во изведба на Интимен театар од Битола.Станува збор за поставка создадена врз идејата за неолиберализмот и суровиот капитализам што го проголтува и уништува секој човеков обид да се живее надвор од таквата матрица. Режисерката на претставата Софија Ристевска, која е и основач и директор на Интимниот театар од Битола, на денешната прес-конференција рече дека претставата говори за ринг во кој човекот стои наспроти парите, капитализмот, неолиберализмот. - Во претставата зборуваме за тоа како капиталот го јаде човечкото во човекот...Зборуваме за проблемите на денешниот свет, конструиран само и единствено врз правилата на капиталот, во кој човекот нема алтерантиви, освен да се потчини и да се постави во функција на парите, истакна таа, нагласувајќи дека претставата го поставува прашањето дали денес љубовта ги има истите вредности како во минатото, дали таа е исто толку важна, доколку преку љубовта се подразбира човечноста. Актерката Катерина Аневска за соработката со режисерката Ристевска рече дека претставува личен благодет, но истовремено и исклучителен предизвик што му го посакува на секој свој колега актер. - Тука се работи за физички театар, каде преку физичко дејствување ја пренесуваме главната идеја на претставата која поставува многу прашања, прашања кои ги измачуваат сите, прашања од типот овде и сега, дали капитализмот изаби се што е човечко и хумано, рече Аневска. Нејзината колешка Стефанија Милевска, која инаку е професионален танчер, за режисерската поставка вели дека на протагонистите им дава можност да се оди на многу места. - Колку повеќе ја играме претставата сфаќаме дека пренесуваме порака на некое друго ниво, оттаму што истата се изведува на мошне нестандарден начин. Лично сметам дека овој претставата поставува нови стандарди, нудејќи нешто различно од досега изведуваното, рече Милевска, воздржувајќи се од откривање повеќе детали, со цел што да заинтригира што повеќе вљубеници во театарот да дојдат и да ја одгледаат нивната игра. Интимниот театар од Битола постои две години и исто толку изведува престави врз репертоарен принцип, со по две претстави седмично. Спецификата на Интимен театар, според Ристевска, е тоа што работи со млади драматурзи, додека класичните претстави драмски целосно се деконструираат, за да понуди уметничко дело сработено по своја мера. Претставата „Со љубовта шегување нема“ ќе се игра вечерва од 21 часот на просторот во предворјето на ОУ „Свети Климент Охридски“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЗабаваВидео-фото: Најпознатата плус сајз манекенка гордно го покажа телото: Вака изгледа мојот животНајпознатата плус сајз манекенка, Ешли Греам, се прослави токму по своите прекрасни облини, но и по храброста да ги покаже во секоја прилика – дури и пред оние што ја пречекуваат „со нож“. Познатата убавица сега објави видео на Инстаграм во кое прикажа различни сцени, но и моменти од различни периоди на нејзиниот живот. На него таа позира во бикини, поминува време со своите деца, ужива во бременоста и вежба, а пораката што сакаше да ја пренесе е дека телото на секого се менува и дека тоа е сосема нормално. https://www.instagram.com/reel/DeO4MOMznWf/?utm_source=ig_embed „Секако дека телото ми се менува. Вака изгледа мојот живот. Не би сакала ништо да биде поинаку“, напиша таа покрај видеото. Нејзината објава предизвика лавина реакции за многу кратко време и сите го поздравија овој потег. Во коментарите ѝ упатија зборови на поддршка и ѝ се заблагодарија за искреноста. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
ЖивотЕврото падна на најниско ниво во однос на доларот во последните 17 месецЕврото падна на најниско ниво во последните 17 мсеци во однос на американскиот долар под притисок на растечките стравувања за јавниот долг на Франција, растот на цените на енергенсите и неизвесноста на финансиските пазари.На 5 октомври, европската валута се спушти на околу 1,12 долари, продолжувајќи го падот што од почетокот на 2026 година достигна приближно пет проценти. Аналитичарите оценуваат дека инвеститорите сè повеќе ги преиспитуваат ризиците поврзани со европската економија, но и очекувањата за каматната политика на американските Федерални резерви. Особена загриженост предизвикува Франција, чиј јавен долг достигна речиси 118 проценти од бруто домашниот производ, додека буџетскиот дефицит останува висок. Растот на приносите на француските државни обврзници покажува дека задолжувањето на земјата станува поскапо, а дел од инвеститорите се насочуваат кон германските обврзници, кои се сметаат за посигурна инвестиција. Слабеењето на еврото создава дополнителен ризик од инфлација, бидејќи увозот на нафта, гас и други производи што се плаќаат во долари станува поскап. Тоа може да изврши дополнителен притисок врз цените во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБен Афлек ги обожава сите свои поранешни партнерки, но не престанува да зборува за овие двеМегапопуларниот актер Бен Афлек, иако официјално е разведен, сè уште го привлекува вниманието на јавноста поради своите поранешни партнерки и пријателскиот однос што го одржува со Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер. Афлек игра главна улога во филмот „Animals“, кој воедно и го режираше за „Нетфликс“, па деновиве е на голема промотивна турнеја. Во интервју за „Варајети“ (Variety), тој беше прашан што мисли за актерскиот талент на Џенифер Лопез. Тој беше продуцент на нејзиниот филм од 2025 година, „Kiss of the Spider Woman“, за кој многумина сметаа дека таа заслужила номинација за „Оскар“. Истото мислење преовладуваше и по нејзината улога во филмот „Hustlers“, пренесува „Hola“. Џенифер не доби номинација за ниту еден од тие филмови, а кога го прашаа зошто смета дека нејзиниот талент често се занемарува, Бен призна дека е „пристрасен“. „Имам голема почит и ценење за она што таа го прави. Она што го имам забележано кога станува збор за наградите е дека комерцијалниот успех на некое остварување не секогаш се совпаѓа со мојот вкус“, рече тој. Претходно во истото интервју, тој ја спомна не само Лопез, туку и својата прва поранешна сопруга, Џенифер Гарнер, па така нивните имиња ретко се спомнуваа заедно во истиот разговор. Кога го прашаа за ѕвездите, нивната моќ за градење бренд, како и за секторот за содржини и рекламирање на неговата компанија „Artists Equity“, Бен ги пофали двете поранешни сопруги. „Уметниците треба да заработуваат пари. Ова е особено очигледно во музичката индустрија. Од луѓето се очекува, било премолчено или сосема отворено, да заработуваат пари и на други начини“, рече актерот. „Денес имате и свој идентитет на социјалните мрежи. Работите на негово градење. Гледав како Џенифер Лопез и Џенифер Гарнер брилијантно го развиваат своето присуство во тие простори и создаваат вредност“, рече тој и призна дека не верувал оти и самиот некогаш би можел да го направи истото.Тагови: Бен Афлек Џенифер Гарнер Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook