Интервјуто на премиерот Заев за БГНЕС ќе се емитува во „Само вистина“

Интервјуто на премиерот Заев, кое предизвика големо внимание во јавноста, ќе го емитуваме ексклузивно во рамките  на „Само вистина“ веднаш по вестите во 6.

Македонија и Бугарија немаат споделена туку заедничка историја – вели во интервју за БГНЕС премиерот Зоран Заев. Наследивме време кое не беше во прилог на пријателството меѓу нас, а Југославија не подели. Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината смета македонскиот премиер.За Заев, Гоце Делчев е и македонски и бугарски револуционер, а Бугарија не бил фашистичка држава.

На критиките од Бугарија за пораките на македонскиот Претседател Пендаровски дека односот на Софија кон Скопје е наследство од режимот на Тодор Живков, Заев вели дека Пендаровски посветен на договорите со соседите, а изјавата на шефот на државата ја препиша на неискуството.

За блискоста како што ја нарекува помеѓу двата народи, Заев вели дека најдобар пример е сличноста на јазикот. Ние многу добро се разбираме, а од двете страни на границата, имаме роднини и пријатели кои често ги посетуваме – вели Заев.

Заев додава и дека државата ќе се бори против како што го нарекува, говорот на омраза кон Бугарија и додава дека на тој начин се наштетува на односите меѓу двете држави. Како поттикнувачи на ваквиот говор ги посочи функионерите и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер