Интервју со доктор спец. субспец. Татјана Баевска – Вучковиќ - Канал 5

Интервју со доктор спец. субспец. Татјана Баевска – Вучковиќ

НИКОБ Медикал и Никоб  Лаб се креирани да бидат системски одговор и 24 часовна медицинска заштита на граѓаните

Интервју со доктор спец. субспец. Татјана Баевска – Вучковиќ

Од неодамна на пазарот во Македонија функционираат два нови правни субјекти во делот на здравствената заштита на граѓаните, станува збор за Никоб Медикал и Никоб Лаб кои се нови членови во здравствениот систем и кои од неодамна започнаа со достапност на здравствени услуги за пациентите. За што конкретно станува збор и за какви услуги тие нудат разговаравме со Доктор спец. субспец. Татјана Баевска – Вучковиќ, Директор на ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб.

На самиот почеток ја прашавме доктор Татјана Баевска – Вучковиќ за каква новина станува збор на пазарот и какви услуги нудат ПЗУ Никоб Медикал и Никоб Лаб.

Таа вели дека станува збор за приватни здравствени установи кои се надвор од мрежата и самостојно финансирани од основачот Никоб Обезбедување. Идејата потекнува од основачот кој е млад развиен и реализиран работодавач, а воедно и најголем работодавач во државата и кој потикнат од развиеноста на мобилност и теренска логистика, инвестира и основа здравствени установи со кои се овозможува поголема достапност на видот на услуги според дејноста на установите, вели Баевска Вучковиќ.

Таа додава дека ПЗУ Никоб Медикал претставува здравствена установа со здравствени услуги на примарно ниво во ординација како и здравствени услуги во домашни услови, 24 часа достапна телефонска медицинска консултација, медицински и санитетски транспорт, како и медицинско обезбедување на јавни настани.

Водени од анализите, потребите, современиот начин на живеење, достапноста на примарната здравствена заштита како есенцијална, придонесе да се развиваме и основаме ваков вид на здравствени услуги за кои сме квалитетно подготвени, брзи и достапни, а се со цел да сме блиски за корисниците на нашите услуги. Целта ни е поголема достапност и искористливост на овој вид на услуги кои сериозно влијаат на квалитетот на живот на секој поединец, вели докторката.

ПЗУ Никоб Лаб е лабораторија со биохемиска и молекуларна дијагностика која според дејноста е установа на секундарно ниво со широка палета на лабораториски услуги, а кои се достапни за корисниците во самата лабораторија но обезбедена е и достапност и во домашни услови или работна средина.

Располагаме со повеќе мобилни тимови кои земаат материјал теренски, а резултатите се добиваат електронски и на тој начин допринесуваме доближување на услугите и за оние кои не се во можност да се движат или се времено спречени.

Таа додава дека во делот на биохемиските анализи располагаат со најсовремена биохемиска лабораториска опрема како интегриран биохемиски апарат кој има можност за 800 анализи на час и широка палета на реагенси за лабораториска дијагностика. Молекуларната дијагностика исто така е овозможена со најсовремена апаратура, широка палета на услуги кои се валидирани и оптимизирани за специфично, сензитивно и високо репродуцибилно следење и анализирање на инфективни, неинфективни, генетски, наследни заболувања, како и проценка на ризик од појава на одредени неоплазми и/или развој на специфични заболувања, неинвазивна пренатална дијагностика и детекција на машки и женски инфертилитет.

Се наметна и прашањето за услугите кои тие ги нудат и како граѓаните можат истите да ги користат услуги.

Доктор Баевска Вучковиќ вели дека корисници на нивните здравствени услуги може да се сите на кои можат да им помогнат кога им е најпотребна здравствената услуга во делот на Медикал со 24 часа достапна медицинска консултација преку бројот 15515, користење на апликација која е приспособена за лесна употреба за секоја возрасна генерација, како и преку веб сајт на кој се објавени сите наши услуги.

Услугите доколку се итни секако се користи 15515, се разговара со пациентот се дава совет, а доколку има потреба од домашна интервенција, медицински тим од доктор и сестра се упатува према пациентот. Нашата достапност и мобилност се постигнува со амбулантни возила опремени со најсовремена медицинска опрема кои преку интегриран мониторинг систем обезбедуваме брза, достапна и квалитетна услуга. Располагаме со 10 амбулантни возила, 10 санитетски и леки коли за домашна посета, како и 20 медицински тима кои се 24 часа достапни за доближивање на здравствените услуги према место на живеење или работење, вели таа.

Ја прашавме и за превентивните прегледи.

Докторката вели дека здравствените навики за лична грижа за превенција или следење на одредено хронично засболување го овозможување со превентивен пакет, кој вклучува физикален преглед, мерење на притисок, пулсоксиметрија, ЕКГ, брзи тестови за мерење на шеќер, холестерол, триглицериди и анализа на мокрача, а согласно наодот следи препорака или совет за понатамошно постапување.

Во период на пандемија кога е отежнат пристапот поради акцент на актуелната состојба на Ковид-19, на овој начин сме блиски и достапни за корисниците. Исто така, ги овозможуваме сите интервенции по индикација на примарно ниво во ординација или во домашни услови, ординирање на терапија, преврски, тоалета на рана, апликација на катетер, постоперативна нега и грижа, медицински транспорт во градот Скопје, во државата како и можност за меѓународен транспорт, вели таа.

Живееме во време на пандемија и тука се наметнува прашањето околу услугите поврзани со Ковид 19.

Водени од достапни и квалитетни услуги во однос на минимизирање на ризик од трансмисија на вирусот, во ПЗУ Никоб Лаб обезбеден е посебен павиљон за земање на материјал за тестирање, лесен пристап со сопствен паркинг простор и електронски резултат во тек на денот, кој ако е за патување се доставува со посебен сертификат со QR код и достапни цени.

Доктор Баевска Вучковиќ вели дека нивната здравствена установа ги следи актуелните случувања како кај нас, така и во светот за актуелната Ковид-19 пандемија и подготвена е да стартува со потребните услуги, преку PCR тестирање, брзи антигенски тестови за Ковид-19, како и детектирање на антинтела преку квантитативно одредување на титарот на антитела. Таа додава дека реагенсите за сите анализи кои ги изработуваат се одобрени и се наоѓаат на листата на Светската Здравствена Организација. Покрај Rt-qPCR метод на детекција на вирусот, од неодамна ексклузивност поседуваме за RT-LAMP Quiz Biochip метод за детекција на вирусот, светски најнова и врвна технологија каде се употребуваат биочипови за детекција на вирусот.

Предноста е во најсовремена методологија каде времето на позитивност на вирусот е во 5тата минута а негативност на вирусот во 60та минута и на тој начин се добива ултра брз тест со 100% точност без можност за контаминација на материјалот, вели доктор Баевска Вучковиќ.

Согласно актуелната состојба во пресрет и во тек на летните годишни одмори, како и согласно препораките од СЗО за патувања, покрај пунктот во базата на лабораторијата, во тек на месец јуни оперативно сме достапни и со мобилни екипи во градови во внатрешноста, пункт во дворот на Хотел Фламинго и пунк на северната граница. Покрај споменатите услуги ја овозможуваме и на ТАВ Аеродромите во Скопје и Охрид, заклучува таа на прашањето поврзано со Ковид 19.

На крај ја прашавме докторката за совет или пак за порака до граѓаните.

Здравјето и безбедноста се важни чинители за здрав, квалитетен и безбеден живот, а ние сме тука во системот тоа да го обезбедиме секогаш кога ќе е најпотребно, вели таа.

На крајот, доктор Татјана Баевска Вучковиќ упати благодарност до основачот кој одлучил да инвестира во овој сегмент од системот, кој овозможува услуга која иако донекаде е занемарена, а суштински многу важна, понекогаш минутите се важни за живот.

Храброст е денес преку иновативни идеи да се инвестира во овој сегмент од системот, кој овозможува услуга која иако донекаде е занемарена, а суштински многу важна, понекогаш минути се важни за живот, нашата брза медицинска интервенција, достапност и квалитет верувам ќе бидат значајни за сите оние кои ќе побараат помош од нас, се трудиме и работиме најдобро што умееме, бидејќи целта ни е да секој има можност и достапност за услугите, ние тука не застануваме, ќе растеме и ќе се развиваме и во специјалистичка дејност и услуги.

Она, што нас не прави посебно среќни и горди и што таргетиравме и профилиравме тим од околу 30 млади доктори, сестри и други медицински работници, како и здравствени соработници биохемичари, лаборанти, молекуларни биолози, административни работници кои најискрено поголем дел од нив веќе имаа желба или веќе беа тргнати својата егзистенција да ја бараат надвор од нашата држава. Но, обуката од адекватни центри и обучувачи , но и интерната академија која сакаме да ја развиваме во преспектива и условите кои ги понудивме, младите доктори решија да бидат дел од тимот на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб.

Нашата брза медицинска интервенција, достапност и квалитет верувам ќе бидат значајни за сите оние кои ќе побараат помош од нас. Се трудиме и работиме најдобро што умееме, бидејќи целта ни е секој да има можност и достапност за услугите. И ние тука не застануваме, ќе растеме и ќе се развиваме и во специјалистичка дејност и услуги, каде секој наш корисник на едно место со се потребно би бил истретиран, заклучува доктор Татјана Баевска Вучковиќ во првото интервју на оваа позиција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 30. септември 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 30 . септември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 30. септември 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Пред вас е убав ден за дружење , било да се решите за излегување со саканата личност , било да се прошетате и се напиете кафе со познаници.

Кариера

Денеска лесно ќе излегувате на крај со обврските доколку работите со колеги , но ако сте сами на работното место , ќе ви недостига некој за да поразговарате.

Здравје

Радувајте се на она што е добро.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Можно е решение на некој семеен проблем , што долго ве измачуваше. Веројатно ќе најдете заеднички јазик.

Кариера

Успешно ќе завршите една деловна фаза и ќе свртите нов лист.Ќе биде тоа чекор напред за вас.

Здравје

Не се сомневајте ,туку работете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска е ден кога во љубовните теми ќе помешате скромност со високи идеали. Резултатот ќе биде збунетост на другата страна.

Кариера

Соработниците ќе ве подржат и ќе ви изразат симпатии , но кога станува збор за стручноста , никој нема да ви прогледа низ прсти.

Здравје

Се е во ред.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашиот љубовен шоу ќе продолжи со поврзување со личност од надвор. Некои ќе добијат љубовен меил или порака од странство.

Кариера

Својата стручна способност денеска ќе ја надувате до крајни граници , но никој нема да ви замери , зашто ќе бидете уверливи.

Здравје

Почнете да спортувате.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе имате вистински баланс за уживање и љубов , апосебно во конкретни ситуации.Оние во врска ќе бидат многу задоволни.

Кариера

Денеска исправно ќе се поставите , зашто ќе знаете да ги испочитувате не само строгите правила, туку и човечките потреби.

Здравје

Мала главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Мал чекор ве дели до помирување и поквалитетни односи , но потребно е само малку трпение.

Кариера

Веројатно ќе добиете добар договор за спонзорирање на еден проект за што се сомневавте.

Здравје

Имајте малку повеќе верба.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Преодна несигурност би можела да биде поврзана со погрешно изразување или недоразбирање. Не навлегувајте во расправија.

Кариера

Вашите претпоставени денеска ќе бидат полни со елан и нови планови за развој на работата , а вие ќе имате помалку енергија. Издржете.

Здравје

Одете чекор по чекор.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ако имате лични проблеми , прифатете еден неврзан повик на кафе , зашто така ќе си ја олесните душата.

Кариера

Можеби ќе ви предложат да одите на кусо деловно патување за да ја согледате состојбата и да донесете нови информации од терен.

Здравје

Средете го ритамот на работата и одморот.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

За некои овој ден ќе биде за паметење , а особено вториот дел.Оние кои бараат сродна душа , секако треба да излезат.

Кариера

Ќе биде одлично , координирани и со вистинско чувство за секоја задача. За вас денеска нема препреки.

Здравје

Уживајте во секој момент.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе одработите уште некои работи од минатото , за да можете посмело да тргнете натаму. Нема да ви биде лесно , но ќе бидете доследни.

Кариера

Ќе ви обрнат внимание и ќе може да си го изразите своето мислење. Вашите идеи ќе бидат разгледувани , но за нив ќе нема мислење.

Здравје

Премногу се грижите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Денеска малку ќе ве измачуваат стари мечти и неисполнети надежи , па затоа најдобро е да се повлечете и смирите. Не инсистирајте на ништо.

Кариера

Иако ќе работите посветено и без застој , денеска ќе ви изгледа како да работите недоволно.

Здравје

Поработете на вашето трпение.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво на пријателите. Тие ќе бидат вистибнски мелем за вас.

Кариера

Конечно ќе ви стане јасно дека она што го работите вреди повеќе отколку што мислевте . Со тоа сознание полесно ќе работите.

Здравје

Бидете искрени кон сите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Богданка Кузеска и Валентин Манасиевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Богданка Кузеска и  Валентин Манасиевски

 Богданка Кузеска и  Валентин Манасиевски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Луѓето расправаат дали би го оставиле партнерот за пари, еден одговор е хит

Најпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“.

Луѓето расправаат дали би го оставиле партнерот за пари, еден одговор е хит

На Reddit се разви дискусија околу едно хипотетичко сценарио: што би направиле ако таткото на вашиот партнер/ка кој е милијардер ви понуди шест милиони долари за да ја прекинете врската? Прашањето беше објавено на подфорумот r/AskReddit и набргу предизвика низа духовити, цинични и прилично безобѕирни одговори.

„Побарај 10 милиони“

Најпопуларниот коментар, кој доби импресивни 16.000 гласови, беше краток и јасен: „Побарај 10 милиони“.

Следуваа и подетални предлози. Еден корисник напишал дека прво би ја покажал понудата на партнерката за да открие што се обидува да направи татко ѝ. Потоа прокометирал дека заедно би можеле да смислат начин да „извлечат повеќе пари од старецот“ пред да побегнат заедно.

Друг корисник отишол многу подалеку, шегувајќи се дека со тие пари би можеле да „ангажираат платен убиец“, што би довело до она што тој го опишал како „заедничко гарантирано уништување“. „Но, таткото може да си дозволи повеќе платени убијци“, возвратил друг корисник.

Некои споделиле искуства од реалниот живот

Еден од корисниците претпоставил дека таквата понуда всушност би можела да биде тест. Тој се присетил како неговиот татко еднаш направил нешто слично со едно момче што се гледало со неговата сестра. Наводно, таткото му понудил неколку стотици долари (или повеќе) за да ја прекине врската со неговата ќерка, бидејќи сакал таа да го продолжи образованието, а врската да не ѝ ги попречи плановите. „Момчето ги зеде парите, а еден час подоцна сестра ми му се јави на татко ми плачејќи дека дечко ѝ ја оставил“, напишал корисникот, додавајќи дека верува оти татко му постапил правилно.

Во друг коментар, еден корисник споделил приказна за поранешен колега кој, според него, не бил особено бистар, но направил една многу паметна работа во животот: се оженил со ќерка на милијардер. Тој, наводно, првично го советувал колегата да не се впушта во врска со ќерка на толку познат и богат човек, но колегата не го послушал.

Подоцна тој ја изневерил, а бракот завршил со развод. Корисникот се присетил дека по разводот на бирото кај својот колега видел чек за алиментација од 25.000 долари, тврдејќи дека тој износ го примал секој месец и требало да го добива до крајот на животот.

Многумина прашале зошто тој воопшто сè уште работи, со оглед на тоа што со таков месечен приход лесно би му овозможил да се пензионира. Други пак коментираа дека им е чудно што милијардерот не инсистирал на предбрачен договор.

„Би уживал во моите шест милиони“

Некои учесници во дискусијата немале дилеми. „Би уживал во моите шест милиони долари“, напишал еден корисник, добивајќи повеќе од 300 гласови. Друг бил уште подиректен: „Ако еден милијардер не те сака во своја близина, нема ни да бидеш таму“.

Судејќи според коментарите, шест милиони долари навистина би биле доволно силна причина за многумина да стават крај на врската.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер