3Холандскиот премиер се обидува да го спречи распаѓањето на владата поради спорниот данок на богатство
ФудбалИнтервју на селекторот на најдобрата фудбалска селекција на Македонија, Милевски за ФФМПласманот на големо натпреварување е сон за секоја нација. Групата во која се наоѓаме е пеколно тешка, но истовремено е голем предизвик за сите нас. Селекторе, на почеток, кое е вашето мислење за предизвиците кои ни следуваат во квалификациите за ЕП 2024 и можноста да бидеме конкурентни во групата со Англија, Италија, Украина и Малта? -Пласманот на големо натпреварување е сон за секоја нација. Групата во која се наоѓаме е пеколно тешка, но истовремено е голем предизвик за сите нас. Италија ја победивме во Палермо, тој меч беше можеби најважниот за нив во поновата историја, а по неуспехот против Македонија, втор пат во низа пропуштија пласман на Светско првенство. Ќе бидат екстремно мотивирани да бараат одмазда против нас. Англија е топ репрезентација, Герет Саутгејт одлично си ја врши работата со исклучително талентиран состав. Со голем дел од фудбалерите заедно работеа во младата англиска селекција и сега се гладни за големи победи. Сепак, мора да бидеме подготвени за се што не очекува. Малта е селекција која континуирано напредува и станува конкурентен и сериозен тим. Тоа го потврдуваат нивните последни резултати. Украина е цврст, одличен тим. Играат модерен и допадлив фудабал, без разлика на противникот. Тоа го видовме и на меѓусебниот меч на Европското првенство. Мора да ни биде јасно дека Македонија сите противници веќе ја гледаат низ поинаква призма, желни да го победат нашиот тим. Но, за тој статус се изборија фудбалерите со пласманот на ЕП, натпреварите од квалификациите за СП, а посебно начинот на кој ги одигравме двата плеј-оф дуели за СП, победата над актуелниот Европски првак, Италија и финалето против Португалија. Ние го разбираме тоа и така се подготвуваме. Фаворитите постојано се менуваат. Не е лесно да победиш на било кој натпревар. Видовме дека и на СП многу силни репрезентации не ја оправдаа фаворитската улога. Во денешниот фудбал ако сакаме да ја постигнеме целта, не само што е неопходно да бидеме на потребното ниво, туку и многу повеќе од тоа. Тоа треба да не води во следниот квалификациски циклус. За мене е важно сите да бидат здрави, иако ми е јасно дека ние целосно не можеме да влијаеме на тоа. Постојано разговарам со фудбалерите за статусот и формата во клубовите. Тие знаат дека само целосно подготвени играчи можат да бидат конкурентни. За целиот овој период изградивме меѓусебна доверба, верувам дека сфативме дека сме тука еден за друг, дека тимот е над секој поединец и дека сите мора да се ставиме во функција на тимот. Останува тоа да го потврдиме на натпреварите кои ни следуваат. Нашата најголема сила мора да биде тимот. Постојано го напоменувате второто место во квалификациите за СП и бараж мечевите против Италија и Португалија, иако веќе минаа месеци од тие пресметки, кои за жал не ни донесоа пласман на Светското првенство. Впечаток е дека малку зборувате за поразите, натпреварите од Лига на нации, поразот од Бугарија и Грузија или неуспехот против Азербејџан на последниот контролен меч. За мене, но и за многумина, Италија е нашиот најголем триумф. Победа против Европскиот првак во плеј-оф натпревар за пласман на СП на гостински терен е посебен резултат. За жал, ние не играме често натпревари од таков тип. Би бил среќен доколку е поинаку. Но, драги ми се сеќавањата и од натпреварите во квалификациите за СП и освојувањето на второто место во групата. Јас разбирам дека многу често во нашата работа секогаш во фокусот се последните одиграни натпревари, но за мене сето ова не се сведува на „црно и бело“. Сакам да бидеме објективни. Доколку ја гледаме реалната слика на периодот после плеј-оф натпреварите, а ве очекуваат дуели од Лига на нации во период кога дел од фудбалерите се на одмор, дел од нив немаат клубови, други се во потрага по нов клупски ангажман, дел од носителите на игра поради повреда или замор не се во можност да се стават во функција на тимот и за десет дена треба да одиграте четири натпревари, тогаш илузорно е да барате резултат по секоја цена од оние што и покрај сите околности беа тука за нашиот тим. А, згора на се, емотивно бевме исцрпени после мечот со Португалија. Таа слика реално ја согледавме и свесно фокусот го насочивме кон проверка на потенцијалот на кои ќе сметаме во квалификациите за ЕП 2024. Јас реков дека нашата главна цел е создавање тим кој ќе биде конкурентен во следните евро квалификации, а последните натпревари и мечевите од Лига на нации ни служеа во таа насока. Свесно дозволив и некои работи кои се надвор од моите принципи на последните два контролни дуели со силните Финска и Азербејџан, се со цел да имаме јасна и реална слика за квалитетот и потенцијалот на сите репрезентативци. Одговорот на последното прашање не дава такво чувство, но сепак, имате ли притисок за вашата позиција? Мислам дека имав поголем притисок во 2021 година кога го преземав тимот, па ни се случија квалификациите за СП и освојувањето на второто место, а потоа и плеј-оф мечевите против Италија и Португалија. Јас сум професионален тренер веќе 11 години и секогаш се обидувам да се развивам и да напредувам. Мојот стил на работа секако не е ист како пред десет години, но секогаш сум одел чекор по чекор до повисоко ниво. Единствен притисок сега е да го задржиме нивото на кое се наоѓа Македонија во моментот, а тоа е доста високо. Тоа значи дека и нашата обврска е поголема и бара секогаш да бидеме на потребното ниво, да даваме и повеќе од нашиот максимум без разлика на противникот или натпреварувањето. Знаеме дека имаме квалитет, талент и самодоверба да се носиме со секого, но само ако сето тоа го ставиме во функција на тимот. Во јавноста постојано се провлекува некаква приказна околу отсуството на важни фудбалери, пред сѐ, Адеми и Ристовски за последниот циклус натпревари. Да бидам искрен, имам доволно искуство за да не размислувам за такво внимание од луѓето кои се обидуваат да „плетат“ такви приказни. Најважно за мене е тоа што го добивам како информација во разговорите со фудбалерите, па и со Стефан и Аријан. Никогаш и ништо за мене не било поважно од тоа. Така и функционираме. Јас сум професионалец, искрен во намерите и секогаш настојувам да бидам отворен и транспарентен. Тоа го барам од сите, се разбира и од фудбалерите. Би било добро за Македонија да ги имаме во тимот за квалификациите. Се надевам дека како и сите други ќе бидат здрави и подготвени да се стават на располагање. Во селекцијата која ја предводевте на ЕП 2017 за фудбалери до 21 година беа многу од сегашната генерација. Рака на срце, сега вие сте во позиција кога немате толку голем избор на фудбалери од помладите генерации? Многу тогашни млади репрезентативци денес се во најдобрата селекција, Барди, Зајков, Велковски, Николов, Елмас, Муслиу, Бабунски, Бејтулаи или Шишковски и Алексовски. Ги запознав во раната фаза од нивната кариера и горд сум што направија одлична кариера. Во Македонија секогаш сме задоволни со развојот на фудбалерите од младите категории, па се до сениорите, а тоа искуство мене ми помага во работата. Како што и од последната генерација која ја предводев, сега во тимот се и Чурлинов, Милан Ристовски, Миовски, Серафимов, Елези, Атанасов, Етеми, Тодоровски, Фазлагиќ, Димовски и Гроздановски. Повеќето од нив сега се приклучени во А репрезентацијата. Но, реално, нашата фудбалска инфраструктура, посебно клупска, е лоша, целосно под нивото што го заслужува нашиот репрезентативен фудбал. Навивачите, репрезентацијата, младите играчи, тренерите - сите заслужуваме повеќе инвестиции во фудбалот бидејќи ќе биде тешко да се држи чекор со другите земји кои значително повеќе инвестираат. А, базата се создава таму. Федерација се обидува некако да им всади амбициозност на клубовите, а не да им биде цел „животарење“ од сезона во сезона. Нужно е и клубовите да размислуваат, планираат и постапуваат долгорочно. Тоа се однесува пред сѐ на развојот на младите фудбалери. Велите тимот се наоѓа во транзиција, веројатно тој процес е во завршна фаза ако целта е да бидеме конкурентни во европските квалификации. Тоа е процес и период кој не можеме да го прескокнеме. Кога во тимот имаме десетмина млади и нови фудбалери потребен е период за нивно прилагодување и создавање хемија со останатите поискусни фудбалери. Пресметки во Лига на нации, силни контролни мечеви и натпревари од натпреварувачки карактер тие фудбалери мораат да имаат во своите нозе за да бидат конкурентни во тимот и да стигнеме до нашата цел. Поикусните, Стефан Ристовски, Барди, Алиоски, Трајковски, Адеми, Димитриевски, Велковски, Муслиу, Несторовски, па и Елмас им помагаат во тоа, но од самите млади фудбалери зависи дали и колку ќе бидат корисни за тимот. За мене е важно што сите им даваат поддршка, а веројатно и самите тие чувствуваат дека можат да бидат значајна алка во репрезентативниот систем. На последниот натпревар против Азербејџан повеќе се зборуваше за вашето несогласување со гледач од публиката, а помалку за големиот број нови фудбалери кои добија шанса на тој натпревар. Не се работи за несогласување, туку само побарав почит кон сите нас, посебно за фудбалерите. Без разлика на се, тие секогаш го даваат најдоброто од себе кога играат за Македонија. Некогаш победуваме, ќе се случуваат и порази, но најважна е поддшката што треба да му ја дадеме на тимот. А, ако сакате да бидам и конкретен за таа ситуација, можеби и мојата блискост со нашиот верен поддржувач Мартин, ме натера да изреагирам на таков начин. Знам дека со многу емоции ги следи нашите натпревари, како и сите ние. Која е вашата порака за Нова година, што посакувате во 2023 година? Бог нека не чува, фудбалерите и сите нас. Посакувам добро здравје и радосни моменти. Среќни празници на сите. Извор: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СудбинаИзвадиле тигар од кафез за да снимат ТикТок видео- момче загина пред очите на татко му (Вознемирувачко видео) Деветнаесетгодишно момче почина од сериозни повреди откако беше нападнато од тигар во приватна фарма за диви животни во пакистанскиот град Лахор.По трагичниот инцидент, полицијата уапси три лица, вклучувајќи го сопственикот на фармата и добро познат корисник на TikTok. Животното ја загуби контролата Нападот се случил во среда вечерта на фарма во населбата Кана, кога, според полициското соопштение, корисник на ТикТок дошол на имотот за да снима содржина со тигарот. За време на снимањето, животното ја изгубило контролата и го нападнало 19-годишниот земјоделски работник Талха, кој претрпел повреди опасни по живот. Младиот човек бил однесен во приватна болница, каде подоцна починал, објавува Bild. Според локалните медиуми, тигарот претходно бил изнесен од кафезот за да снима видео содржина за социјалните медиуми. Во времето на нападот, животното било надвор од кафезот, врзано со долг синџир. Таткото и братот на починатиот млад човек, кој исто така работел на фармата, наводно биле присутни на нападот. View this post on Instagram A post shared by Arab News Pakistan (@arabnewspk) Покрената е кривична постапка Во жалбата поднесена од таткото на жртвата се наведува дека тигарот бил изваден од кафезот за да учествува во снимањето, што е забрането со прописите во пакистанската покраина Пенџаб. Чувањето големи мачки во таа покраина е предмет на строги правила. Животните мора да бидат регистрирани и микрочипирани, додека јавното прикажување на животни надвор од затворените простори е изрично забрането. По нападот, полицијата ги уапси сопственикот на фармата, Фејза, и TikToker-от, а трето лице подоцна беше приведено. Истражителите проверуваат дали сопственикот имал важечка дозвола за чување на тигарот, какви безбедносни мерки биле спроведени на имотот и дали имало небрежност што довела до смртта. Покрената е и кривична постапка. Властите запленија и 33 лавови Тигарот беше предаден на надлежните служби за заштита на дивите животни, додека, според пакистанските медиуми, од фармата беа запленети и 33 лавови. Медиумските извештаи наведуваат дека лиценцата за работа на фармата истечела во 2025 година. Полицијата истражува и вели дека по нападот, бил направен првичен обид сериозните повреди на младиот човек да се прикажат како резултат на напад од куче, а не од тигар. Сè уште не е познато кој се обидел да ги прикрие вистинските околности на инцидентот или од која причина. Истрагата за околностите на трагедијата е во тек.Тагови: тигар Тик Ток Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноТинејџери направија хаос на рингишпил- луѓето врескаат и летаат на сите страни (ВИДЕО)Полицијата во американската сојузна држава Џорџија соопшти дека двајца 13-годишници предизвикале застрашувачки инцидент на саемски рингишпил, во кој се повредени неколку лица, меѓу кои и две деца. Тинејџерите ги игнорирале предупредувањата да не се грабнуваат и влечат еден на друг за лулашките за време на возењето. Поради ова, како што се наведува, настанал „целосен хаос“ - патниците неконтролирано се свртеле и налетале еден на друг. Канцеларијата на шерифот на округот Колумбија изјави за локалните станици CBS WRDW и WKRC дека 13-годишните деца биле предупредени пред да започне возењето да не се фаќаат еден за друг и да не ги свртуваат седиштата еден кон друг. Сепак, тие го направија тоа, пренесуваат медиумите. Против двајцата тинејџери се поднесени кривични пријави, јавува Law&Crime. На видеото кое стана вирално и објавено на Јутјуб и на социјалните мрежи, рингишпилот на есенскиот саем на округот Колумбија во Гроутаун може да се види како се врти надвор од контрола додека патниците се во паника. Кристен Марфи, мајка чии две деца биле на вртелешката, изјавила за WRDW дека сè изгледа како „тотален хаос“ и дека се плаши дека средството ќе „се распадне“ пред нејзините очи. „Не знам дали некогаш повторно ќе одам на саем“, рече Марфи. „Овие уреди постојано се поставуваат и се симнуваат. Ги оставате децата да ве зборуваат да одите на возење, мислите дека тоа е добра идеја. А потоа, следниот момент, се случува вакво нешто“, додаде таа. Новинарката на WRDW Мередит Андерсон во саботата објави на Фејсбук дека една жена била повредена кога се судриле лулашките и била однесена од саемот со брза помош. Подоцна, таа извести дека жената сè уште е во болница. Според извештаите, најмалку две деца се повредени. На видеото се гледа како рингишпилот ги врти патниците наоколу и успорува додека две лица на одделни висечки лулашки се обидуваат да се држат еден за друг, според WRDW. Според медиумот, се чини дека рингишпилот станал нестабилен додека лулашките се вртеле околу централната структура. Портпаролот на канцеларијата на шерифот изјави за WRDW дека истражителите веруваат дека тинејџерите намерно предизвикале рингишпилот да изгуби контрола. На нивните родители им била доставена документација со детали за обвиненијата, а двајцата тинејџери потоа им биле предадени на нивните родители. Властите не дадоа дополнителни детали за обвиненијата. Според WKRC, тинејџерите биле обвинети за непристојно однесување. Погледнете ја снимката од овој хаос: 🚨 The Columbia County Sheriff’s Office has charged two 13 year olds following an incident at the county’s fall fair. Deputies believe the teens intentionally grabbed onto one another while on a swing ride, despite prior warnings from staff not to do so. As the ride slowed, it became unstable, causing swings to slam together violently. A woman was injured and taken from the fairgrounds in an ambulance, while two children were treated for minor injuries. #ColumbiaCounty #FairSafety #PublicSafety #CrimeNews #GeorgiaNews — Amy Leigh (@IAmyLeigh) November 8, 2026 Тагови: рингишпил тинејџери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМакрон се обиде да ја прегрне исландската премиерка- настана непријатен момент Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир.Францускиот претседател Емануел Макрон се најде во малку незгодна ситуација на самитот на Европската политичка заедница во Даблин кога се обиде да ја прегрне исландската премиерка Криструн Фростадотир, но таа, судејќи според фотографијата што брзо стана вирална, избега од неговата прегратка. На фотографијата се гледа како Макрон е наведнат кон Фростадотир, очигледно обидувајќи се да ја прегрне, додека таа малку се повлекува назад, но ја држи раката на неговото рамо. Исландскиот премиер го бара фотографот што го забележал овој момент, додека францускиот претседател се насмевнува и ја гледа во очи. Фотографијата е направена за време на состанокот на европските лидери на тркалезната маса на Европската политичка заедница во Даблин, пишува Дејли меил. Брегзит во центарот на разговорот Сепак, самитот беше обележан и со дискусии за идните односи меѓу Велика Британија и Европската унија. Енди Бернам го искористи собирањето на европските лидери за да го засили своето залагање за промена на односите меѓу Лондон и Брисел, додека се обидува да ги дотера условите на својот план за „ресетирање“ на тие односи. Се очекува тој да разговара за претстојниот пакет со лидери, меѓу кои Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Сепак, расте загриженоста дека Бернам би можел да направи значителни отстапки за да обезбеди подобри трговски услови на самитот ЕУ-Велика Британија закажан за следниот петок. Можните отстапки вклучуваат финансиски придонеси во буџетот на ЕУ, шема за слободно движење за млади луѓе и прифаќање на правилата на ЕУ. Од друга страна, земјите-членки се подготвуваат за тешки преговори околу барањето на Лондон за пониски школарини за британските студенти. Британскиот министер за надворешни работи, Ед Милибанд, наводно понудил да ја води кампањата за презентирање на можен договор пред јавноста. Во меѓувреме, Бернам, исто така, започна поширока иницијатива за повторно приклучување кон Европската Унија по следните избори, што предизвика несогласувања во владата, и покрај наредбата на премиерот министрите да останат неутрални во јавноста. Камерон предупредува за враќање во ЕУ Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон предупреди синоќа дека Велика Британија не треба повторно да се приклучи кон Европската Унија, повикувајќи го Бернама да престане да го обвинува Брегзит за економските проблеми на земјата. Камерон рече дека повторното отворање на „болната дебата“ за Брегзит нема да донесе никаква корист. Неговата влада падна по референдумот за ЕУ во 2016 година, на кој тој ја водеше кампањата за останување во блокот. „Кога ќе ги погледнете економските проблеми што ги имаме денес, навистина не мислам дека тие имаат врска со Брегзит“, изјави Камерон за Блумберг. Се очекува британскиот премиер да одобри серија договори на самитот следната недела што ќе ги опфаќа трговијата со храна и пијалоци, шемата за тргување со емисии и програмата за „искуство на младите“. Во друга можна отстапка кон Брисел, министрите наводно се подготвени да ги усогласат целите за продажба на електрични возила со целите на ЕУ. Во исто време, расте притисокот Велика Британија да се приклучи на блокот во воведувањето царини за кинески автомобили. Шефицата за надворешна политика на Европската комисија, Каја Калас, по пристигнувањето во Даблин, изјави дека „многу би сакала да ја види Велика Британија назад во Европа“, и покрај „траумата“ предизвикана од преговорите за Брегзит. „Преговорите нема да бидат лесни, но мислам дека можеме да постигнеме напредок со мали чекори. Убеден сум дека, ако сме заедно, сме многу посилни кога станува збор за економијата, но и кога станува збор за безбедноста“, рече Калас. Барнам најави дека ќе го искористи самитот следната недела и за „воспоставување сериозен дијалог“ за долгорочните односи меѓу Велика Британија и ЕУ, оценувајќи дека „останувањето во статус кво не е доволно добро за Велика Британија“. Британскиот премиер претходно изјави дека би сакал да ја види земјата како се враќа во ЕУ за време на неговиот живот, а исто така најави дека наскоро ќе им претстави на гласачите „различни опции“ за идните односи со Унијата. Спор околу слободата на движење Неговиот повик за „отворена дебата“ за евентуалното враќање на слободата на движење предизвика бура во редовите на Лабуристичката партија. Дополнителна конфузија предизвикаа неговите објаснувања за тоа како ќе им бидат претставени на гласачите какви било промени во изборните ветувања на Лабуристичката партија. Манифестот на партијата ја исклучи можноста за враќање во царинската унија и единствениот пазар на ЕУ. Барнам првично рече дека нема да има промени во текот на тековниот парламентарен мандат, но навести дека можеби ќе се кандидира на следните општи избори со ветување дека ќе ја врати Велика Британија во ЕУ. Сепак, во друго интервју, тој одговори негативно кога беше прашан дали би дозволил повторно воведување на слободно движење за граѓаните на ЕУ без референдум. Како резултат на тоа, Даунинг стрит мораше да разјасни дека Барнам „не е посветен на ниту една страна“ кога станува збор за идната насока и евентуалната потреба од национален референдум. Во писмо до членовите на кабинетот, Барнам изјави дека по самитот ќе бидат разгледани опциите за долгорочен однос со ЕУ, за кои ќе се одлучи во следниот парламентарен мандат. „На крајот од овој процес, ќе ѝ ги презентираме на јавноста предностите и недостатоците на различните опции. Важно е во текот на овој период, како влада, да останеме кохерентни и дисциплинирани во начинот на кој комуницираме со јавноста. Нема да биде соодветно поединечните министри да се залагаат за конкретни опции или да изразуваат мислења за веројатниот исход од процесот“, напиша Барнам. Поранешната конзервативна министерка Прити Пател го критикуваше неговиот пристап, велејќи дека неговата „опсесија со Европската Унија“ може да ѝ наштети на британската економија и да претставува дополнителен товар за даночните обврзници. „Британскиот народ гласаше за напуштање на Европската Унија. Таа демократска одлука мора да се почитува, а не постојано да се поткопува од либерален левичарски естаблишмент кој одбива да ја прифати“, рече Пател. Таа додаде дека, наместо повторно да ја отвори дебатата за Брегзит, Барнам треба да се фокусира на економски раст, намалување на даноците и регулативите и поддршка на британските компании. „Ни треба влада фокусирана на иднината на Британија, а не влада опседната со враќање во минатото“, заклучи поранешниот министер.Тагови: Емануел Макрон премиерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook