3Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Други спортовиИнтервју на Бошко Трпески, претседател на Здружението на македонските спортски новинариБошко Трпески, претседателот на Здружението на македонските спортски новинари во интервју за МИА зборуваше зборуваше за членството во Меѓународната асоцијација за спортски новинари (АИПС), за Првиот конгрес на АИПС за Југоисточна Европа што се одржува во Охрид, за придобивките на Македонија и македонските новинари од зачленувањето во АИПС ЈИЕ, како и за целите на македонското Здружение. Македонија првпат по осамостојувањето стана членка на Меѓународната асоцијацијата на спортски новинари - АИПС. Кога и каде се случи тоа? - Чекавме 23 години. Во поранешна Југославија бевме членки и рамноправни со колегите од Европа и светот, а сега тоа е случај и со македонските спортски новинари. Одлуката е донесена на 77. Конгрес на АИПС, одржан во Баку од 27 април до 1 мај. Во европската и светската АИПС бевме примени под уставното име Македонија, заедно со Лесото, Малави, Тунис и Туркменистан. На овој Конгрес присуствуваа по двајца делегати од 147 земји во светот. Дали беше тешко изборено нашето членство во АИПС? - Се започна во Будва пред девет години по иницијатива на црногорската, македонската босанската и српската асоцијација на спортски новинари, а во присуство на врвни сегашни и поранешни спортисти кои ни дадоа целосна поддршка тргнавме во уривање на бариерите кои ги поставија политичарите за свои интереси. Ние не се бориме за враќање на Југославија туку за уривање на бариерите меѓу нас. Најактивни бевме ние и Црногорците, а подоцна се приклучија и Хрватите, Србите, новинарите од Романија, Словенија, Бугарија, Молдавија... Целта е остварена и успеавме. Членки сме и на Европската и на Светската АИПС. Како македонските спортски новинари можат да ја добијат АИПС легитимацијата и кои бенефиции ги имаат со неа? - За да се стане член на АИПС ЈИЕ прво треба да се биде дел од матичните асоцијации во државите од овој дел на Европа. Македонските спортски новинари кои се членови на нашето здружение имаат можност да аплицираат за добивање на АИПС карта. Поседувањето на таква легитимација дава големи придобивки за новинарите. Тоа значи отворени врати за нив на сите големи европски и светски настани. Котизацијата до лани беше 42 долари за една година, а сега е 45 долари за две години. Охрид од денеска е домаќин на Првиот конгрес на АИПС за Југоисточна Европа. Што беше пресудно на Македонија да и се додели организацијата на еден ваков голем настан? - Македонскиот туристички бисер Охрид ќе пречека повеќе од 120 новинари од спортските редакции на електронски и печатени медиуми од држави на Југоисточна Европа кои ќе учествуваат во работата на Првиот конгрес на АИПС од ЈИЕ што во организација на Здружението на спортски новинари на Македонија од денеска наредните три дена ќе се одржува во Охрид. Ние ја добивме честа, но и обврската да бидеме организатори на овој голем настан како резултат на нашата работа. АИПС ги следеше нашите активности, а признанија за нашата асоцијација за помагање на многу спортски натпревари стигнуваат од повеќе европски страни. Работниот дел од конгресот ќе содржи и неколку тематски предавања на претседателот на Македонскиот олимписки комитет Васил Тупурковски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, како и на проф. Зоран Ханџиски кој ќе одржи предавање на тема „Допингот и спортот“. Конкретно кои се темите на кои ќе се дебатира? - Учесниците ќе можат да се произнесат на следниве теми: улогата на спортскиот новинар во создавање на здрав животен стил, спортскиот новинар и неговата улога во елиминирање на насилството на спортските терени, спортскиот новинар и неговата улога во елиминирање на допингот во спортот и улогата на спортскиот новинар во борбата против криминалот на спортските терени, односно местењето резултати. На крајот ќе се усвои резолуција која ќе биде испратена УЕФА, ФИФА, ФИБА, и до други спортски федерации и институции од спортот за да видат какви пораки испраќаме. Во рамки на состанокот во Охрид предвиден е и спорстко-рекреативен дел, со турнир во мал фудбал на кој ќе учествуваат екипи на спортските новинари од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Турција, Албанија и Унгарија како придружна членка. Предвидени се признанија и награди за победниците на турнирот, а на најдобриот голман ќе му биде врачена специјална награда „Петар Милошоски“, во знак на сеќавање на прерано починаиот наш репрезентативен голман. Овој настан е убава можност за промоција на нашата држава? - Една од целта беше и да го поврземе спортот со туризмот. Многумина прват доаѓаат во Охрид па ќе можат да се запознаат со културно-историските споменици, македонската традиционална кујна... Сакаме пред гостите да ги претставиме СРЦ „Билјанини извори“, убавините на планината Галичица која има потенцијал да стане голем Зимски спортски центар. Да помогнеме на туризмот и на бизнисот, а овие гранки да возвратат во спортот. Да се искористат искуствата. Со изградбата на спортската инфраструктурата веќе можеме да конкурираме за натпревари од повисоко ниво. Целта во таа насока. Вие сте претседател на Здружението на спортски новинари на Македонија. Кои се целите на ова здружение? - Ние сакаме да го обалгородиме спортскиот живот во Македонија. Сакаме да ја вратиме довербата во клубовите, да го избегнеме насилството, местењето резултати на спортските терени. Кај нас обложувалниците се полни со сиромашни луѓе. Се стремиме преку разни средби, семинари, предавања да го афирмираме спортот, да го промовираме и негуваме спортското достоинство и да ги елиминираме девијатните појави во спортот како допингот, насилството и криминалот во спортот кој зема се поголем замав. Но, тука сме и кога треба и да се критикува без да навлегуваме во политички игри. Спортот не признава политика. Единаесетте кои настапуваат за нашата фудбалска репрезентација се борат за бојата на Македонија без оглед на нивната политичка, национална, верска припадност и поради тоа ние мора да им даваме безрезервна поддршка. Улогата на спортскиот новинар треба да биде насочена во таа насока. Сакаме младите да ги превоспитуваме, да бидеме поактивни. Организираме многу предавање, со вклучување на психолози, педагози, социолози. Бараме спортот да се сфати како фер игра, а не како борба со непријатели. Интервјуто што го пренесе МИА го направи Зоран СтерјовскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаДрама во авион: Холивудска актерка ги нападнала стјуардесите и сакала да ја отвори вратата среде летАктерката Селма Блер предизвика сериозен инцидент на летот за Њујорк откако физички нападна членови на екипажот и се обиде да ја отвори вратата на авионот додека бил во воздух.Според американскиот портал TMZ, две стјуардеси пријавиле повреди за време на инцидентот, а една од нив е однесена во болница. Блер била уапсена по слетувањето, а потоа однесена во болница на евалуација. Според извештајот, актерката сè уште била под медицински надзор. Нејзиниот претставник изјавил дека актерката доживеала ненадејна здравствена криза што довела до нејзиното однесување. По слетувањето, таа веднаш добила медицинска помош и нејзината состојба е стабилна. Сè уште не е познато што ја предизвикало здравствената криза, ниту дали Блер ќе се соочи со кривични пријави за инцидентот. Ова не е прв пат актерката да има проблеми за време на летот. Во 2016 година, таа беше симната од авионот на носилка по инцидент за време на кој се однесувала вознемирено. Селма Блер е позната по своите улоги во филмовите „Cruel Intentions“, „Legally Blonde“, „The Sweetest Thing“ и „Hellboy“.Тагови: авион стјуардеси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШпанскиот крал и кралицата пристигнаа на Сеута, во Мароко се одржаа протести (ВИДЕО)До градското собрание во Сеута, пред посетата на кралската двојка, беше поставен транспарент со натпис „Сеута не е исклучок, тоа е Шпанија“. Кралот Филип VI и кралицата Летиција денес и утре престојуваат во Сеута и Мелиља, што е прва кралска посета на тие градови од 2007 година. Посетата доаѓа два и пол месеци откако голем број мигранти влегоа во шпанскиот автономен град Сеута, пишува Euronews. На Филип VI му беа потребни 12 години на престолот за да ја посети Сеута, а посетата се случува во истиот месец кога неговиот прадедо го посетил градот. Кралот и кралицата Летиција ќе влезат во градското собрание на Плаза де Африка и со тоа ќе започнат дводневно патување кое продолжува утре во Мелиља. Ова е нивна прва официјална посета на тие градови откако Филип VI стана крал. 👑 Ceuta quiere a sus Reyes, porque Ceuta es España y así lo demuestra 📍 Tienes toda la información en El Faro de Ceuta a través de nuestro enlace en bio. #Ceuta #VisitaReyes #España #FelipeVI #CasaReal #ReinaLetizia https://t.co/rpL4rykRfW — El Faro de Ceuta (@ElFarodeCeuta) October 13, 2026 Протокол за посетата на Сеута и Мелиља Претседателот на автономниот град, Хуан Хесус Вивас, ќе им ги предаде клучевите од градот во Сеута, како што беше направено за Хуан Карлос I и Софија во 2007 година. Потоа кралската двојка ќе го посети училиштето „Висенте Алеиксандре“, а посетата ќе заврши на муслиманските гробишта Сиди Ембарек. Таму ќе се одржи религиозна церемонија за луѓето кои загинаа обидувајќи се да ја преминат границата. Десетици од нив беа погребани на тие гробишта бидејќи Мароко одби да ги земе нивните тела. Главната разлика во споредба со посетата од 2007 година е што кралот и кралицата ќе ја поминат ноќта во Сеута, за разлика од Хуан Карлос и Софија. Утре е редот за посета на Мелиља. Кралската двојка пристигнува во 11:45 часот во Палатата на Собранието. Попладне, Пинтор Едуардо Мориљас ќе го посети училиштето и ќе се сретне со претставници на граѓанското општество во хотелот „Мелиља Пуерто“. Кралската куќа подготви речиси идентична програма за двата града, што ја нагласува нивната еднаква важност. Мелиља, за разлика од Сеута, не доживеала криза од такви размери. 🔴 Los reyes visitan Ceuta 19 años después del último viaje de un jefe de Estado, su padre Juan Carlos I, a la ciudad autónoma: miles de ceutíes han recibido a Felipe VI y Letizia a las puertas del ayuntamiento Informa @sergiogarccc https://t.co/eSxFzksasG — Noticias Cuatro (@noticias_cuatro) October 13, 2026 Los ceutíes ovacionan a los Reyes y al Presidente Vivas. Pero cuando aparece el ministro Torres, "mando único" para la crisis de Ceuta, todo se vuelven abucheos. 75 días de invasión, 15.000 invasores en la ciudad. Incluidos espías y militares d incógnito https://t.co/B4NWY1hL2P — PauBarbut 🇪🇸🇪🇺🇺🇦 (@paubarbut07) October 13, 2026 Премиерот Педро Санчез нема да патува со кралската двојка. Неговиот кабинет соопшти дека по правило, премиерот не ги придружува монарсите на официјални патувања. Веројатно ќе биде придружуван од Анхел Виктор Торес, министерот за територијална политика, кој беше задолжен за управување со кризи. Последици од јулската криза Според податоците од Министерството за внатрешни работи, повеќе од 70.000 луѓе влегле во Сеута од Мароко на 30 и 31 јули. Премиерот Санчез го посети градот на 31 јули и ја оцени ситуацијата како „напад врз територијалниот интегритет на Шпанија“. Кралот Филип VI го прими Вивас на 6 август во палатата Маривент на Мајорка. Претседателот на Сеута потоа пренесе дека кралот сака да патува штом владата ќе го оцени моментот како соодветен. На крајот на август, Санчез потврди дека патувањето ќе се одржи кога условите ќе бидат соодветни. За време на државната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на 29 септември, кралот ги повика европските земји на поголема солидарност на свечената вечера. Во исто време, тој ја оцени ситуацијата во Сеута како неприфатлива. Министерот Торес изјави дека 11.026 луѓе се вратиле во Мароко од август. Од тој број, 10.513 се вратиле доброволно, а 513 биле протерани. Посетата на Хуан Карлос I во 2007 година Хуан Карлос I и кралицата Софија ја посетија Сеута на 5 ноември 2007 година, а Мелиља еден ден подоцна. Тоа беше првата посета на шпанскиот монарх на тие градови по 80 години. Тие останаа во Сеута околу пет часа, а во таа прилика кралот ја нагласи својата исклучителна посветеност на градот. Рабат реагираше уште пред самата посета. Мароканската влада го повлече својот амбасадор од Мадрид на консултации, а кралот Мохамед VI ја оцени посетата како навреда на патриотските чувства на Мароканците. Стотици луѓе протестираа во Тетуан и на границата, додека во Сеута илјадници жители го поздравија кралот на Шпанија. Посетата на Алфонсо XIII во 1927 година Прадедото на Филип VI, Алфонсо XIII, пристигнал во Сеута наутро на 5 октомври 1927 година, на воениот брод „Хаиме I“. Тој бил придружуван од кралицата Викторија Евгенија и тогашниот шеф на владата, генерал Примо де Ривера. На пристаништето Пунтиља биле пречекани од високиот комесар генерал Хозе Санхурхо и командантот на Сеута, генерал Агустин Гомез Морато. Кралот ги прегледал војниците и ја посетил касарната на Легијата во Дар Рифиен, на тогашната територија на протекторатот, каде што кралицата го предала знамето на полкот Терсио. Попладнето, тој ја следел парадата и учествувал на церемонија во црквата „Нуестра Сењора де Африка“. Денот завршил со прием во Градската палата, која кралската двојка церемонијално ја отворила по тој повод. Следниот ден тие отпатувале за Тетуан, главниот град на протекторатот. Тие оставиле донација од 1.000 пезети за сиромашните во Сеута, што во тоа време било 6 евра, а денес би вредело околу 2.000 евра. Кралот претходно ја посетил Мелиља во 1904 година за да го постави камен-темелникот на пристаништето и повторно во 1911 и 1926 година. Посетата се случила во значаен момент. Поминаа шест години од воениот пораз кај Аналу во близина на Мелиља, каде што загинаа илјадници шпански војници, што сериозно ја потресе монархијата. Алфонсо XIII. тој бил обвинет за поттикнување воена операција што завршила со катастрофа. Потоа следел државен удар од страна на Прима де Ривера, кој кралот го поддржал. Во 1925 година, бил извршен истоварот кај Алхусемас, што овозможило крај на Рифската војна. Филмско списание од таа ера, кое се чува во архивата на Министерството за култура, прикажува шпански и рифски војници како маршираат заедно пред кралот, иако биле непријатели претходниот ден. Четири години по тоа патување, на 14 април 1931 година, заврши владеењето на Алфонсо. Позицијата на Мароко Со децении, Мароко тврдеше дека има суверенитет над Сеута и Мелиља, градови кои ѝ припаѓаат на Шпанија од 17-ти и 15-ти век, соодветно. Досега, Рабат официјално не коментираше за кралската посета, а мароканските влади генерално избегнуваат да ги споменуваат двата града во своите изјави. За утре, 14 октомври, во мароканскиот град Кастиљехос е најавен протест против посетата на шпанскиот крал и кралица на Сеута и Мелиља. Мароканскиот крал Мохамед VI во саботата, во својот говор во парламентот, нагласи дека мароканскиот суверенитет не е предмет на притисок, закани или уцени. Тој ги нарече односите со Шпанија „суверен избор“, но не ги спомена Сеута и Мелиља.Тагови: Мароко Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БизарноЦел свет се чуди од настапите на „џинот од Африка“ (ВИДЕО)Необичните танци, пеењето и уникатниот изглед го направија препознатлив на социјалните мрежи.И, дали знаевте дека снимките на „џинот од Африка“ се скечеви од комичар од Танзанија, кој е познат на мрежите како Џејмс Њаву или - Бигмапочопочо. Неговите снимки се вклопуваат во форматот на краток, лесно споделен видео хумор кој не бара многу објаснување - необичен изглед, впечатливи движења и ситуации кои брзо се претвораат во интернет мемиња. View this post on Instagram A post shared by TripleB Bodyguard (@tripleb_bodyguard_) Но, кој е всушност човекот кого многумина го познаваат како „џинот од Африка“? Бигмапочопочо е името под кое овој креатор се појавува на социјалните мрежи, вклучувајќи ги Инстаграм и ТикТок. Многу често, до него гледаме креатор познат како професорујога, или ТриплБ телохранител, кој ја презема улогата на „телохранител“. Дека ова не е само случајна вирална снимка, покажува и присуството на ова име на различни платформи. Според „Чартсекс“, Бигмапочопочо се наоѓал на врвот на листата на најпопуларни TikTok профили во Танзанија од 3 до 10 октомври 2026 година. View this post on Instagram A post shared by TripleB Bodyguard (@tripleb_bodyguard_) Рангирањето се менува од недела во недела, но укажува дека содржината привлекла значително внимание на публиката. Дел од интересот за видеата веројатно произлегува од начинот на кој е претставен неговиот лик - како еден вид „џин“ поврзан со племето Хадза кое живее околу езерото Еџаси во Танзанија. Сепак, достапните описи на содржината укажуваат на хумористични изведби, а не на документарни записи за едно од последните племиња ловци-собирачи во Африка. View this post on Instagram A post shared by james njau (@bigmapochopocho) Некои описи на интернет наведуваат дека Бигмапочопочо е по потекло од селото Кипера, во округот Мвомеро, во танзанискиот регион Морогоро. Сепак, во овој момент е тешко да се најде нешто поконкретно од биографијата на комичарот, чии видеа го привлекуваат вниманието на публиката ширум светот.Тагови: Африка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook