Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
2Петкоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
3Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штити
ЗдравјеИнтервенции на деца со најтешки срцеви мани ќе се извршуваат во болницата „Жан Митрев"Договорот на болницата „Жан Митрев" за извршување кардиохирушки интервенции на возрасни, но и на деца, од идната година ќе се прошири и ќе опфати интервенции на деца со најтешките срцеви мани кои досега се лекуваа на Клиниката за детска хирургија.Оваа одлука денеска на прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека со инфраструктурата која ја има таа болница ќе има одлични услови за лекување на тие деца. Во овој момент, посочи Филипче, дијагностиката се прави во приватна болница, дел од лекувањето се одвива на Клиниката за детски болести, а оперативните интервенции и интензивната нега се спроведуваат на Клиниката за детска хирургија, која е оптоварена со зголемениот обем на работа и бројот на пациенти. Тој рече дека целта е да се спојат експертизите во државното и во приватното здравство и да ја симнат јасната бериера меѓу државните и приватните болници и да им овозможат на докторите да работат во приватните здравствени установи. – Трошокот за овој договор ќе остане ист, услугите кои ги купува Фондот од Детската кардиохирургија, сега ќе ги купува од друго место. Очекуваме за ист трошок да имаме подобри услови за работа на лекарите, за престој на децата и нивните семејства. Ова е модел со кој сакаме докторите да ги задржиме во нашата земја. Додека не биде готов новиот Клиничкиот центар не можеме да исполниме инфраструктурни услови за нови методи, посебно за тие кои бараат мултидисциплинарен пристап, а тоа значи повеќе специјалности на едно место со цел да се направи нова метода и интервенција. Очекуваме дека со ова дополнително ќе бидат стимулирани докторите и медицинските сестри, нагласи Филипче. Трошокот на Фондот ќе остане ист, а од страна на Министерството за здравство, истакна Филипче, ќе заштедиме сума пари кои сега одат кај странските едукатори, а после ова таа странска експертиза нема да биде потребна. – Очекуваме овој центар да стане регионален со такво ниво на експертиза на приватните и јавните доктори кои сега ќе бидат на едно место, во такви услови во болницата кое е акредитирана според највиоските амаерикански стандарди и нема да имаме конкуренција во целиот регион. Очекуваме дека овој модел ќе го преземат и околните земји, бидејќи со одлив на здравствен кадар се соочуваат и Бугарија, Србија, Албанија, Грција, Косово…, додаде Филипче. Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев рече дека наместо за некои од тие услуги за лекување деца странство да плаќааат на странска здравствена институција, тоа ќе го прават на нашите здравствени здравствени установи. – Веруваме дека преку овој проект значително ќе ја намалиме бројката на дечиња кои ги праќаме во странство за овој тип интервенција. Фондот во просек обезбедува милион евра на годишно ниво за здравствени услуги за детска кардиохирургија на домашната клиника. Истовремено во просек испраќаме годишно околу 20 дечиња во странство за кардиоваскуларни интервенции. Во просек една здравствена интервенција чини 15.000 до 20.000 евра. Тоа се дополнителни 300.000 до 400.000 евра во просек кои Фондот ги обезбедува за лекување на децата во последните неколку години. Средствата кои Фондот ќе продолжи да ги обезбедува за овие здравствени услуги ќе бидат на исто ниво, но условите за работа ќе бидат значително подобри. Тоа е најголемата мотивација бидејќи го реализираме ова јавно-приватно партнерство, истакна Дончев. Посочи дека кардиохирушките интервенции кои ќе се извршуваат во приватната болница ќе продолжат да бидат на товар на Фондот како и досега. Додаде дека буџетот кои ги издвојува Фондот за оваа намена планирано е да остане на исто ниво како и досега, а долгорочно сакаат ова партнерство да резултира со создавање центар на извонредност. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
БалканИ Бугарија ја одбележа 123 годишнината од илинденското востание – Јотова: Историјата е заедничкаБугарија нема да се откаже од Бугарите во Македонија и ќе продолжи да ги штити нивните права, порача бугарската претседателка Илијана Јотова. Таа учествуваше на одбележувањето на 123-годишнината од илинденското востание, кое Бугарија го нарекува илинденско-преображенско. Јотова оцени дека историјата е заедничка и не треба да биде повод за поделби. -Колку многу омраза и поделби денес во Македонија се зборува за Бугарите. А, историјата ни е заедничка, што има да делиме. И денес, провокации, понижување. Тоа е наша работа, на политичарите, но тоа е работа и на сите граѓани да се спротивстават на таа омраза и поделбите. Ние вас нема да ве предадеме, нема да се откажеме од вас и ќе ги чуваме вашите права. – изјави Јотова. Тагови: Јотова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаПеткоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и ОхридМакедонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна потврда дека Македонија станува сè по посакувана дестинација и подобро поврзана со Европа и светот. Во периодот јануари до јули 2026 година, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно 2.414.892 патници, наспроти 1.879.195 во истиот период минатата година, што се 535.697 патници повеќе. Додека во истиот период реализирани се 16.280 летови, што во споредба со 14.985 во 2025 година, претставува зголемување од 1.295 летови. Особено значајни се резултатите во текот на јули, кој донесе историски достигнувања и на двата македонски аеродроми. Меѓународниот аеродром Скопје го имаше својот рекорден месец во историјата, со 408.925 опслужени патници, што претставува раст од 29,5% во однос на истиот месец минатата година. Во текот на месецот реализирани се 2.670 летови, а на 20 јули е поставен рекорд од 101 реализиран лет во еден ден, додека на 31 јули, пак, преку скопскиот аеродром патувале повеќе од 16.000 патници. Бројот на опслужени патници на скопскиот аеродром од јануари до јули е 2.239.811, наспроти 1.738.378 во истиот период во 2025 година. Историски резултати бележи и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид, така што јули 2026 година е најуспешниот месец во историјата со 52.544 патници, што претставува раст од дури 41,2%. Реализирани се 443 летови, а на 26 јули преку аеродромот поминале околу 3.000 патници во еден ден, што претставува нов дневен рекорд. Охрискиот аеродром бележи значителен раст на бројот на оатници, така во истиот периодоод јануари до јули годинава патувале 175.081, наспроти 140.817 патници во истиот период лани, а бројот на реализирани операции во истиот период пораснал од 1.049 на 1.350. Овие бројки не се само статистика. Зад нив стојат повеќе туристи, повеќе гости во хотелите и рестораните, повеќе работа за туристичкиот сектор и поголем придонес кон економскиот развој на државата. Зголемениот број патници покажува дека Македонија станува сè попривлечна и подостапна дестинација, а растот на воздушниот сообраќај создава дополнителни можности за туризмот, угостителството, транспортот и целокупниот услужен сектор. И сето ова не е случајност, туку резултат на голем вложен труд и две години посветана работа на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Лидија Петкоска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
МакедонијаЛефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот, Абази уште го штитиЗа Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница.Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна. Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, Венко Филипче, обвинителството, замислете вели, не бил виновен. И ова по пет години го кажува обвинителот кој цел мандат им служи само на СДС и ДУИ. Да потсетиме, тоа се болници за кои немало надзор, за кои ниту општините, ниту надлежното министерство не издавале одобрение, односно биле поставувани целосно вон правилата од Законот за градење. Иако здравствената криза, Филипче во тој момент мислел само на профитот, а не на човечките животи. За ова говори и фактот што тој склучил и анекс на договор со фирмата која ги поставувала модуларните болници и ја зголемил цената за 20%. Во ваков контекст и покрај зборот на обвинителот на СДС и ДУИ, Абази, јавноста треба да знае дека во случај на нови докази постапка за истото дело може да има повторно. Сега, пак граѓаните треба да слушнат образложение од Абази зошто го штити Фичипче? Исто така и зошто Филипче ја зголемил цената на модуларните, каде завршле овие пари? Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook