МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна„Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна по објавувањето во јавноста на дипломатска нота за престој на семејството на премиерот Мицкоски и неговото семејство во Бугарија“.Ова утринава го изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Тој потенцираше дека се објавени лични податоци на семејството на премиерот. Вчера Мицкоски рече дека со објавувањето на податоците се загрозила безбедноста на неговото семејство, а откри и дека ги информирал и партнерите во НАТО. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Бурек од оризова хартијаВо среда (17.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Јелена Спенџарска.Состојки за денешниот рецепт: 1 јајце 100 гр. урда 100 гр. спанаќ 3 оризови хартии Моча десерт 150 гр. грчки јогурт 1 протеински пудинг 150 гр. јагоди 1 оризова хартија Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаПерински: Ранковце добива нови развојни можности преку европските фондови и владината поддршкаМинистерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска оствари работна посета на Општина Ранковце, каде што се сретна со градоначалникот Даниел Павловски, членовите на Советот и општинската администрација.На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочува Општина Ранковце и можностите за нивно надминување преку поддршката што ја обезбедува Министерството за локална самоуправа. Посебно внимание беше посветено на можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството обезбедува стручна, техничка и советодавна помош за јакнење на административните капацитети, подготовка на плански документи, подобрување на финансиското управување и унапредување на локалните услуги. На состанокот беше истакнато дека Ресурсниот центар претставува важен механизам за поддршка на општините во процесот на поефикасно извршување на нивните надлежности и реализација на развојните проекти. Во рамки на посетата, се изврши увид и во реализацијата на проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, кој се спроведува во рамки на Интеррег VI-А ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Проектот има за цел да придонесе кон економскиот развој на прекуграничниот регион преку создавање услови за развој на четирисезонски туризам и одржливо користење на културните и природните ресурси. Вкупната вредност на проектот изнесува 809.303 евра, додека вредноста на активностите што ги реализираат македонските партнери е 522.806 евра. Министерството за локална самоуправа обезбедува национално кофинансирање во висина од 78.420 евра за македонските партнери. „Посетата на Општина Ранковце, покрај тоа што ја искористив за средба со градоначалникот, советниците и администрацијата, е и можност непосредно да го видиме напредокот на проектите кои се имплементираат во рамки на општината. Проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“ претставува пример како европските средства можат да се искористат за валоризација на локалните потенцијали. Со адаптацијата на објектите во селата Петралица и Отошница се создаваат нови содржини кои ќе придонесат за зачувување на традицијата, развој на туризмот и отворање можности за локален економски развој“, изјави Перински. Тој истакна дека Министерството останува партнер на општините во процесот на користење на европските фондови и потсети дека за овој проект е обезбедено национално кофинансирање од 15 проценти за македонските партнери – Општина Кратово и Општина Ранковце. Министерот информираше и дека Општина Ранковце започнува со имплементација на нов проект во рамки на ИПА III Програмата за прекугранична соработка со Република Косово, насловен „Активни граѓани за прекуграничен регион без поплави“, чија цел е подобрување на протокот на водите во реките и намалување на ризикот од поплави преку реконструкција на речни корита и инсталирање системи за рано предупредување. Во рамки на посетата беше истакнато и дека преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2026 година се реализира проектот за изградба на локален пат во село Опила, во вредност од над 6 милиони денари, со што дополнително се подобрува патната инфраструктура во општината. Дополнително, преку двата јавни повика на Владата, во Општина Ранковце се имплементираат вкупно пет инфраструктурни проекти од областа на транспортот во вредност од над 38 милиони денари. Градоначалникот на Општина Ранковце, Даниел Павловски, истакна дека посетата на министерот претставува значајна поддршка за општината и нејзините развојни заложби. „За Општина Ранковце претставува особена чест што денес сме домаќини на министерот за локална самоуправа. Неговата посета е потврда дека државата ги препознава потребите на помалите општини и ја поддржува нивната развојна визија. Во моментов успешно го реализираме проектот „Одржлив туризам во искуствена економија“, преку кој инвестираме во развојот на туризмот, зачувувањето на традицијата и создавањето нови можности за локален економски развој“, рече Павловски. Тој посочи дека особено значење за локалната заедница има реконструкцијата на поранешното училиште во село Петралица. „Овој објект не е само градба, туку дел од колективната меморија на многу генерации жители на селото. Тука се создавале спомени, се стекнувале знаења и се граделе животни приказни. Токму затоа, една од просториите ќе биде уредена како спомен-соба, со цел да ги зачуваме сеќавањата и да им оддадеме почит на генерациите што поминале низ ова училиште“, истакна градоначалникот Павловски.Тагови: Златко Перински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook