Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати - Канал 5

Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати

 Интернет услугите во Иран се речиси целосно прекинати по почетокот на американските и израелските напади, соопшти денеска групата за следење на интернет НетБлокс.

Интернет услугите во Иран речиси целосно прекинати

„Потврдено: Податоците од мрежата покажуваат дека интернет услугите во Иран се речиси целосно прекинати. Инцидентот се случува во време на американските и израелските воени операции и е во согласност со мерките што се користеа за време на минатогодишната војна со Израел“, соопшти групата, објави Ен-Би-Си Њуз.

Властите не ги прекинале целосно интернет врските речиси три недели поради масовните протести низ Иран.

Сигналите на мобилните телефони се прекинати во делови од Техеран, објави полуофицијалната новинска агенција Мехр претходно денеска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет

Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет, до 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет

Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети.

Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати.

Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да се прошират и развијат преку отворање нови работни места, во тек е јавниот повик за „Поддршка за креирање на нови работни места од Оперативниот план за вработување 2026.

„Вработување и раст на правни субјекти“ е прва мерка од овој повик преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра.

Додека првиот повик за Самовработување од Оперативниот план беше насочен кон лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис, овој јавен повик е насочен кон микро, мали и средните претпријатија кои сакаат да ги прошират бизнисите со отворање нови работни места, а неповратни финансиски средства можат да добијат за вработување на најмногу 5 лица.

Паричните средства варираат согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари, додека за невработени над 29 години 160.000 денари по лице.

Со оваа мерка се таргетираат и македонските повратници, така што за секое вработено лице повратник, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, на работодавачот му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ваквите мерки, креира еднакви можности професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна бизнис клима за раст и развој на македонската економија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски треба да се извини за навредите - за криминалот ќе одговара

Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните. Ги нарекува „талог на општеството“, „мекотели“, „коленичари“, “глодари”, „медиокритети“.... Тоа не се обични политички изјави. 

СДСМ: Мицкоски треба да се извини за навредите - за криминалот ќе одговара

Тоа е презир кон сопствените граѓани од највисоката државна позиција.

Врвот на навредите го достигна со пцуење на пратениците во Собранието. Пратениците се избрани претставници на граѓаните. Кога ги пцуе пратениците, всушност ги навредува и граѓаните кои им ја дале својата доверба да ги претставуваат.

Уште позагрижувачки е што тоа го прави заедно со Иван Стоилковиќ, кој отворено застапува интереси на други држави.

Мицкоски мора и треба да се извини за навредите. Тоа е минимумот што им го должи на сите оние кои ги нарекуваше со погрдни имиња затоа што мислат поинаку од него или затоа што сакаат европска иднина за Македонија.

За криминалот и корупцијата, меѓутоа, извинување не постои.

За криминални тендери, ослободувањето на Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, за враќањето на „Бела палата“ - имот стекнат со криминал – и за заштитата на организираната криминална група ВМРО, Мицкоски нема да се извинува. За тоа ќе одговара.

Навредите може да се повлечат со извинување.

Криминалот не.

За криминалот следува одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА во американски стил, победниците на Мундијалот ќе добијат и шампионски прстени

Светската куќа на фудбалот - ФИФА дополнително го „американизираше“ Светското првенство пред неделното големо финале во Њу Џерси меѓу Аргентина и Шпанија. 

ФИФА во американски стил, победниците на Мундијалот ќе добијат и шампионски прстени

ФИФА воведе уште една новина инспирирана од американската спортска традиција, бидејќи победникот на Светското првенство во 2026 година, покрај пехарот и златните медали, за првпат ќе добие и шампионски прстени.

Како што е објавено на официјалната веб-страница на ФИФА, на победничкиот тим по финалето меѓу Шпанија и Аргентина ќе му бидат врачени специјално изработени прстени.

Ова претставува преседан во историјата на натпреварувањата на ФИФА и дополнително го доближува најважниот фудбалски турнир до обичаите што со децении се карактеристични за професионалните лиги во САД.

Прстенот ќе биде изработен во ограничена серија од вкупно 2.026 нумерирани примероци, како симбол на годината во која се одржува првенството. Триесет примероци се наменети за членовите на шампионскиот тим, додека преостанатите 1.996 ќе им бидат понудени на навивачите како официјално лиценциран сувенир.

На едната страна од прстенот ќе биде прикажан трофејот од Светското првенство, додека другата страна ќе биде прилагодена на визуелниот идентитет на победничкиот тим. Секој примерок ќе има уникатен сериски број, ќе биде изработен по нарачка и ќе се испорачува со сертификат за автентичност. Финалето на Светското првенство ќе се одигра во недела, 19 јули, на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси.

Веднаш по финалето, капитенот и селекторот на шампионскиот тим ќе добијат привремени копии од прстените, додека сите 30 прстени ќе бидат персонализирани за секој член на тимот.

Шампионските прстени се еден од најпрепознатливите симболи на успех во американскиот професионален спорт, особено во лигите како што се NFL, NBA, MLB и NHL.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер