3Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава
ЖивотИнтернационален натпревар за најдобри вина по десетти пат во Кавадарци, се дегустираа пристигнатите мостри Интернационален натпревар за најдобри вина по десетти пат се одржува во Кавадарци, при што во текот на вчерашниот ден се изврши дегустација и оценување на пристигнатите мостри. Натпреварот е во организација на Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје „Винотек“ од Кавадарци. Како што информираа денеска од здружението во изјава за МИА, претходно бил објавен јавен повик за доставување мостри за учество на натпреварот, по што стручно жири ги дегустираше, оценуваше и ги избра најдобрите вина. Резултатите од натпреварот ќе бидат соопштени, а признанијата ќе бидат врачени на 14 февруари. - Настанот е по повод денот на лозарите и винарите „Свети Трифун“, што се одбележува на 14 февруари, а е во соработка со средното општинско земјоделско и шумарско училиште „Ѓорче Петров“ - Кавадарци. Активностите се под покровителство на градоначалникот и Општина Кавадарци и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, подвлекоа од „Винотек“. Притоа појаснија дека се работи за вина произведени од регистрирани производители, мали семејни винарии, домашни индивидуални производители и странски винарии и производители. - Има неколку категории за оценување. Млади вина берба 2025 година, бели, розе и црвени, со посебна категорија од автохтоната сорта на грозје, „станушина“. Потоа, мирни вина бели, розе и црвени, со, повторно посебна категорија, „станушина“. Категорија, најдобри странски вина. За организирање на оценување од секоја категорија, требаше да има минимум по седум мостри, соопштија од „Винотек“. Оттаму најавија дека ќе се доделат пехари, медали, дипломи и награди на најдобро оценетите три вина од секоја категорија. Тагови: Кавадарци Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСенатот му зададе удар на Трамп: Усвоена резолуција за прекин на воената акција против ИранАмериканскиот сенат усвои резолуција со која од Трамп се бара да ја прекине американската воена акција против Иран, што претставува сериозен политички притисок врз администрацијата во екот на конфликтот на Блискиот Исток.Со тоа, за првпат по донесувањето на законот за воени овластувања во 1973 година, двата дома на американскиот конгрес усвојуваат мерка со која се бара повлекување на американските вооружени сили од тековна воена операција. Гласањето ја одразува растечката загриженост кај дел од конгресмените, вклучително и некои републиканци, поради конфликтот што започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа воени напади врз Иран. Иако резолуцијата најверојатно нема директно да ја запре воената кампања, таа се смета за значаен политички удар за Трамп, кој долго време уживаше речиси целосна поддршка од сопствената партија во конгресот. Трамп остро реагираше на одлуката на сенатот, оценувајќи ја како „бесмислена и лошо темпирана“, а пратениците кои гласаа за резолуцијата ги обвини дека со своите постапки му одат во прилог на Иран.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнтерпелација за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Денеска на собраниска седница е интерпелацијата за работата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поднесена од пратениците од опозицијата.Го обвинуваат министерот Тошковски за креирање на „приватна партиска полиција заради владино прикривање и таргетиран политички реваншизам кон опозицијата“; командна одговорност за полициските пропусти кои доведоа до трагедијата во Кочани; непостапување на македонската полиција во случаи на семејно, врсничко и родово базирано насилство и говор на омраза. Меѓу другото, забележуваат и за, како што наведуваат, непрофесионални „двојни стандарди“ при постапувањето на полицијата со различно однесување за исти или слични случаи проследено со злоупотреба на овластувањата при употреба на сила. Ова е трета интерпелација за министерот Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјаваДенеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава. Проектот е воспоставен во рамки на европската заедница за пресметување со високи перформанси, кофинансиран од Европската унија и координиран од факултетот за компјутерски науки и инженерство при УКИМ во соработка со министерството за дигитална трансформација. Проектот е од важност за зајакнување на дигиталниот суверенитет, забрзување на дигиталната трансформација, поттикнување на иновациите во јавната администрација, подобрување на одлучувањето засновано на податоци и создавање можности за истражување, претприемништво и технолошки развој. Има за цел и да ја зајакне соработката меѓу институциите, универзитетите, истражувачките центри, организациите на граѓанското општество и деловната заедница.Тагови: Везилка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook