Интересот за вакцинација се помал, најголем опсег во Неготино, најмал во Гостивар - Канал 5

Интересот за вакцинација се помал, најголем опсег во Неготино, најмал во Гостивар

Кампањата за за вакцинирање веќе еден месец е во полн ек, но интересот кај граѓаните од ден на ден се повеќе се намалува.

Интересот за вакцинација се помал, најголем опсег во Неготино, најмал во Гостивар

Според последните податоци од Министерството за здравство, досега 46,9% од населението над 18 годишна возраст се вакцинирани со барем една доза, но за да се стигне до колективен имунитет процентот, според имунолзите, треба да надмине 70.

Вчера само 1.820 граѓани се вакцинирале со прва доза, а доколку ова темпо продолжи, ќе биде потребна уште една година за да се постигне посакуваното ниво.

Според комуникологот Бојан Кордалов за да се има правилна кампања за добра имунизација потребно е градење на доверба кон граѓание не со казни, туку со мотивација каде ќе се стави до акцентот колку е секој од нас важен во борбата против пандемијата.

Кордалов вели дека добар пример се политичките кампањи токму нивната тактика може да се искористат со цел да се направи добра кампања за имунизација.

Охрид, Кавадарци, Гевгелија и Неготино се градови каде има највисок опфат со вакцинација со прва доза со над 65 проценти, најзнизок процент на вакцинирани има во Виница, Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш помеѓу до 30 проценти, се вели во извештајот на министерството за здравство.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 32% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Трета доза вчера примиле 69 граѓани...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меси и Интер Мајами се уште не преговараат за нов договор

И покрај сè почестите шпекулации во медиумите за иднината на еден од најдобрите светски фудбакери во историјата, Лионел Меси и Интер Мајами во моментов не преговараат за продолжување на договорот.

Меси и Интер Мајами се уште не преговараат за нов договор

Според информациите што ги пренесе новинарот Jarm21, во овој момент нема официјални разговори меѓу двете страни за нов договор.

Причината е сосема едноставна: капитенот на тимот има важечки договор што трае до крајот на сезоната 2028 во МЛС, па двете страни сметаат дека е прерано да се разговара за продолжување на соработката.

Кога клубот го објави најновиот договор на Меси, сопственикот Дејвид Бекам гордо истакна дека во својот град го довеле најдобриот играч во историјата на овој спорт.

Волшебникот од Аргентина, останува заштитно лице на франшизата додека таа се подготвува за преселба во својот нов дом, стадионот „Мајами Фридом Парк“.

На 39-годишна возраст, Меси продолжува да прикажува неверојатни игри на теренот; неодамна постави уште еден историски рекорд постигнувајќи го својот 36-ти гол во финале за време на триумфот во Купот Кампеонес – повеќе од кој било друг фудбалер во историјата.

Силата на проектот во Мајами дополнително е потврдена со неодамнешното доаѓање на новиот тренер Кристијан „Кили“ Гонзалес – поранешен соиграч од репрезентацијата на аргентинската ѕвезда – што јасно покажува дека тимот се гради целосно околу капитенот.

Со оглед на тоа што договорот му трае до крајот на 2028 година, и Меси и раководството на клубот имаат предност во поглед на времето.

Меси постојано истакнува колку е среќен во Мајами, додека претставниците на клубот го сметаат за клучна фигура за нивните спортски и маркетиншки амбиции во годините што следат; следствено на тоа, нема апсолутно никаква причина за загриженост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

Во југоисточниот плански регион се планираат два нови рудника регираше претседателот на СДСМ Венко Филипче тој побара да се повлече просторниот план во кој е предвидено до 2040  да се отворат  рудници на метали.

Филипче: Недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

Тој рече дека рудниците ќе ја загрозат животната средина, и вели дека е недозволиво да се распродава државното земјишете за туѓи интереси

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ја погоди Турција, луѓето во паника,истрчаа на улиците

 Земјотрес со јачина од 5,4 степени е регистриран во југоисточниот дел на Турција, во област што беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во 2023 година.

Силен земјотрес ја погоди Турција, луѓето во паника,истрчаа на улиците

Турската Управа за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот, со епицентар во областа Каракопру во регионот Шанлиурфа, имал магнитуда од 5,4 и бил регистриран во 10:40 часот по локално време.

Земјотресот бил почувствуван во Шанлиурфа, како и во Адијаман, Газиантеп, Дијарбакир, Елазиг и многу околни провинции, објави „Ен Сон Хабер“ (En Son Haber).

Земјотресот предизвика краткотрајна паника во Шанлиурфа, а како што пренесе gazeteipekyol.com, по потресот, некои граѓани ги напуштија своите домови и работни места и излегоа на улиците од претпазливост.

На 6 февруари 2023 година, разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и северна Сирија, предизвикувајќи катастрофални штети и загуба на повеќе од 53.000 човечки животи.

Главниот земјотрес имаше магнитуда од 7,8, а беше проследен со серија разорни последователни потреси, вклучително и нов силен земјотрес со магнитуда од 7,5 истиот ден.

Милиони луѓе во Кахраманмараш, Шанлиурфа, Хатај и Газиантеп останаа без дом во една од најголемите природни катастрофи во модерната историја на овој регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер