Интересни настани на Скопско лето 2015 - Канал 5

Интересни настани на Скопско лето 2015

Во рамки на манифестацијата „Скопско лето 2015“ вечер во Мала станица ќе биде отворена изложбата „Големата мајка и змејот“, во Сули ан ќе се одржи Фестивал на музички документарни филмови, а во Музејот на град Скопје концерт на ансамблот за современа музика „Сонорис“.

Интересни настани на Скопско лето 2015
Изложбата на накит и чипка „Големата мајка и змејот“ е на Билјана Клекачкоска - македонска дизајнерка на накит која со современ авторски пристап твори во филигранска техника и на Тина Кодер Грајзар - словенечка дизајнерка која авторски твори идриска чипка.

Како основен медиум и поле на изразување и двете дизајнерки избираат стари занаетчиски техники, органски поврзани со околината, поднебјето од кое доаѓаат. Како појдовна точка на заедничкиот проект тие избираат по еден симбол од местата во кои живеат и творат „Големата мајка божица“ од Скопје и „Љубљанскиот змеј“.

Во Музејот на град Скопје концерт ќе одржи ансамблот за современа музика „Сонорис“. Ќе настапат Лејла Беќири – флејта, Шкељзен Бафтиари – пијано, Марјан Милошевски – фагот, Игор Бакревски – кларинет и Марија Наумовска - сопран.

Ансамблот за современа музика „Сонорис“ е основан од композиторот и уметнички директор - Вулнет Таири, во 2007 година во Гостивар. Ансамблот е составен од музичари од поширок спектар и тоа: композитори, инструменталисти, соло пејачи, како и педагози, кои се усовршувале на полето на современата музика.

На Факултетот за ликовни уметности - Сули ан, вечер ќе се одржи Фестивал на музички документарни филмови.

Ќе бидат прикажани филмовите „Дом на млади“ – Штип /Македонија во режија на Тања Симоновска, „Денот да е радосен“ во режија на Љубица Поповска и „Јас сум андерграунд“ во режија на Митко Трајановски и Александар Манасиев.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Светската музичка ѕвезда, мегапопуларната колумбиска пејачка Шакира гостуваше во шпанската емисија „La Revuelta“, каде што се пошегува со водителот Давид Бронкано за нивните љубовни искуства.

Водител ја праша Шакира за Пике, а нејзиниот одговор стана хит: Таа не се двоумеше ниту миг

Разговорот бил одбележан и со нејзината приказна за тоа зошто зборува каталонски со своите синови во Мајами, како и со необичното интервју што траеше помалку од 20 минути.

За време на разговорот, Шакира откри дека понекогаш зборува каталонски со своите синови Милан и Саша додека се во Мајами, за да не можат другите да ги разберат.

„Зборувам каталонски бидејќи моите синови се Каталонци. Во Мајами разговарам со нив на каталонски кога не сакаме другите да нè разберат“, објасни пејачката.

Таа додаде дека нејзините синови често меѓусебно зборуваат англиски, додека таа се обидува да комуницира со нив на шпански и на каталонски.

Бронкано ја изненади Шакира кога покажал дека и самиот зборува каталонски.

Пејачката го прашала дали го научил јазикот поради врската со девојка од Каталонија, а водителот потврди дека имал партнерка од таму.

„И двајцата поминавме низ истото“, се пошегувал Бронкано, алудирајќи на врската на Шакира со поранешниот фудбалер Жерар Пике.

Пејачката секако не му останала должна. „Па, не сум баш сигурна дали е истото“, одговорила Шакира низ смеа, не навлегувајќи понатаму во приказната за нејзиниот поранешен партнер.

Посетата беше необична и поради начинот на кој беше организирана. Наместо во вообичаеното студио на емисијата, Бронкано разговараше со Шакира во комплексот „Макондо парк“ во Мадрид, каде што пејачката одржува серија концерти во рамките на турнејата „Las Mujeres Ya No Lloran“.

Според шпанските медиуми, посетата била договорена во последен момент, само еден ден претходно. Водителот и неговата екипа пристигнале на локацијата, но бидејќи Шакира доцнела, тие чекале речиси еден час.

Истовремено, Бронкано морал да фати лет поради лични обврски, поради што за разговорот останале само петнаесет минути. И покрај брзањето, тие сепак успеале да разговараат за нејзините деца, љубовта, концертите и секојдневниот живот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

Неидентификуван маж, кој скокнал во ограден простор со тигри во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во северна Англија, починал од здобиените повреди, по нападот од животното. 

Маж влезе во оградениот простор со тигри, животното го растргна на парчиња!

На социјалните мрежи се појави видео од инцидент што се случи денес претходно во парк за диви животни во Велика Британија.

Имено, мажот – чиј идентитет не е соопштен и кој скокнал во оградениот простор со тигри во паркот „Yorkshire Wildlife Park“ во северна Англија – починал откако се здобил со тешки повреди.

„Екипите за итна помош излегоа на местото на настанот, но мажот, и покрај напорите на медицинскиот персонал, почина на самото место“, се наведува во соопштението на полицијата.

Тигарот не е повреден во оваа трагедија, соопшти полицијата, додавајќи дека семејството на загинатиот е известено. По инцидентот, паркот беше евакуиран, а тигарот остана во својата ограда. Полицијата апелираше до граѓаните да не ги споделуваат вознемирувачките снимки од инцидентот што кружат на интернет, а на кои се гледа како тигар напаѓа човек. Управата на паркот претходно потврди дека дошло до „сериозен инцидент“ во една од оградите за тигри и наведе дека веднаш биле активирани процедурите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави примирје. Зеленски изненаден, но се согласува

Американскиот претседател Доналд Трамп ненадејно објави дека „енергетското примирје“ меѓу Русија и Украина „стапува на сила веднаш“. 

Трамп објави примирје. Зеленски  изненаден, но се согласува

„Двете страни се согласија. Не го прекршувајте! Ви благодарам на вниманието. Претседател ДОНАЛД Џ. ТРАМП“, напиша Трамп.

Зеленски е изненаден, но го прифаќа примирјето , Путин молчи.

Најавата очигледно го затекна Киев неподготвен; Володимир Зеленски изјави дека објавата на Трамп за него претставува новина, но рече дека Украина би се согласила на договорот доколку и Русија го прифати. Москва сè уште нема дадено коментар за најавата на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер