3Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат
ЖивотИнтерес за едриличарство има, се бара поголема поддршкаОблачно, но тивко време, без ветер, речиси идеални услови имаше септемвриското утро на спортскиот аеродром Аџитепе за одржување на возобновениот по речиси две децении во државата, меѓународен Бланик куп во Куманово.Едриличари од сите држави од регионот возбудено ги следеа натпреварот и слетувањето на учесниците на пистата долга 1,2 километар на спортскиот аеродром. Организаторите од Аероклуб Куманово растрчани на повеќе страни да им понудат одлични услови на гостите од петте македонски клуба и десетте од земјите од соседството. Учесниците се натпреваруваат во прецизно слетување на пистата на што покусо растојание, објаснуваат долгогодишните инструктори, и оној со најкусо растојание постигнува најдобри резултати. Од моментот кога ќе се откачи едрилицата на 150 метри, пилотот ги планира висината и слетувањето, кое треба да биде веднаш по белата линија, не смее да слета на задното тркало, ниту, пак, крилото ниту носот на едрилицата не смеат да паднат. Пистата е одлична, оценуваат натпреварувачите од соседството, има добра соработка меѓу клубовите од државата и добар наставен кадар. – Овие натпреварувачи веќе учествуваат на вакви натпревари во земјите од поранешна Југославија, така што се одлични во слетувањето, а мора да кажам дека сме трети по ред во организација на Бланик куп на просторот на поранешната држава, еден има во Приедор во БиХ и уште еден во Смедеревска Паланка во Србија – вели Драган Саздовски од Аероклуб Куманово. Љубиша Араманда од клубот од Приедор третпат доаѓа во државата како велосипедист, планинар и сега како едриличар. И во тој град се одржува Бланик куп. – Цел ни е да имаме што повеќе едриличари, а со тоа и повеќе пилоти, вели Араманда. Во некогашната заедничка држава, се присетува, се одржувало аерорели од Битола, па сè до Словенија. Иво Ропрет од Лесце, Словенија, смета дека едриличарството треба да привлече млад кадар, бидејќи овој спорт е комбинација на знаења и умешност. – Тука е техничката култура и знаење, а и спортот е многу убав, се дружиме на воздух и добро се забавуваме, вели Ропрет. Неговото мислење го дели и Ненад Давидовиќ од кумановскиот аероклуб. – Аеродромот Аџитепе има добри услови, лоциран е на поголема височина од градот Куманово, должината е 2,5 километри на пистата, а употребливи според закон се некаде 1, 2 километри, вели Давидовиќ, кој се надева дека овој куп ќе премине во традиција. На натпреварот учествуваа претставници од Хрватска. Таму особено добри услови за развој на едриличарство има во јужна Хрватска, поради поволниот терен, во Загреб, додека во некои градови веќе се згаснати, вели Бојан Шењуг од аероклуб Забок. Како и во останатите држави, и таму опремата е дотраена. Некои се снаоѓаат со тоа што регистрираат авиони во земјите од ЕУ, кои се поевтини и полесни за одржување. Речиси сите клубови се соочуваат со недостиг на авиони, клубовите самите се финансираат од членарина, општините, државата даваат минимална или никаква поддршка. Младиот кадар повеќе е заинтересиран за параглајдерство, бидејќи е поевтино. На натпреварот учествуваа и претставници од Црна Гора, татко и ќерка, Дарко и Анастасија Шќепановиќ, која е најмлад падобранец во Црна Гора. – Младите повеќе преферираат падобранство. Кога сум горе, не мислам на други работи, туку само тоа што треба да се направи за постапките во воздухот, вели младата Анастасија. Натпреварот го организира Возухопловната федерација на Македонија. Билјана Еверет, генерален секретар, вели дека аплицирале со проект до Министерството за економија и добиле средства од 50.000 денари, почетни за организација на ваков куп. – Интерес за едриличарство има. Во другите држави спортските аеродроми добиваат субвенции од државата за да можат да функционираат, добиваат намалени цени за гориво за да привлечат ученици, а кај нас оди малку потешко, клубовите самите се снаоѓаат и плаќаат најскапо гориво, рече Еверет. Општина Куманово го поддржа натпреварот симболично, но надлежните веќе размислуваат да се користи аеродромот за различни намени. – Дадовме скромна поддршка, но отворени сме за идна соработка, бидејќи има интерес кај граѓаните. Куманово е еден од малкуте во државата што има ваков капацитет, каде што може да се организира ваква манифестација – вели кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски. Претседателот на клубот Никола Петковски додава дека со години учествуваат на вакви натпревари во земјите од регионот. Бројот на обучени пилоти расте, годинава изнесува шест. За три – четири години се очекува да се обучат од десет до петнаесет пилоти. Бланик купот го организраат ентузијасти, долгогодишни пилоти, обучувачи, инструктори. По 19 години кумановци уживаа во глетката, во натпреварот, акробациите и падобранците. И токму целта е, сметаат организаторите, да се анимираат надлежните институции да го поддржат овој спорт, бидејќи клубовите се финансираат од сопствени приходи. Во иднина, организаторите и учесниците се согласија да организираат балканско првенство во Бланик куп./MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаИскра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинителДенеска пред Советот на јавните обвинители на Македонија, Искра Хаџи Василева ќе даде свечена изјава за стапување на функцијата Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција -Скопје.Хаџи Василева беше избрана на непосредните избори со тајно гласање на јавните обвинители од целата држава, кои беа одржани во октомври годинава, и победи со најмногу гласови во конкуренција на петмина кандидати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски патВо разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во разговорот беа потврдени одличните македонско-австриски односи, втемелени врз заемна почит, пријателство и соработка, како и врз споделени европски вредности. Таа изрази благодарност за принципиелната поддршка од Австрија на македонскиот евроинтегративен пат и за нејзината посветеност кон стабилноста, безбедноста и европската перспектива на Западен Балкан. Соговорниците разменија мислења за иднината на европскиот проект и процесот на проширување на Европската Унија, при што беше нагласено дека неговата кредибилност се гради врз јасни правила, еднакви критериуми и заслуги, а европската перспектива мора да остане реална и достижна за земјите кандидатки. Сиљановска-Давкова истакна дека проширувањето не е само политичко и економско прашање, туку и безбедносно, особено во време на геополитички тензии коишто се закана за мирот во Европа. Обајцата укажаа на можностите за продлабочување на македонско-австриската соработка во економијата, енергетиката, климатските политики, образованието и културата. На средбата беше изразена подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, а како конкретен чекор во таа насока беше договорено да се реализира официјална средба меѓу двајцата претседатели.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter