Интерактивна изложба „Вселена.Човек.Интелигенција“ - Канал 5

Интерактивна изложба „Вселена.Човек.Интелигенција“

Во Скопје денеска ќе биде отворена интерактивна изложба која ќе опфати пет големи тематски области како вселена, историја на човештвото, мозок, антропоцен и вештачка интелигенција.

Интерактивна изложба „Вселена.Човек.Интелигенција“

Како што најави Гете институтот - Скопје, изложбата ќе ја отвори заменик-амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, а ќе има претставници и од Министерстовото за образование и наука, активистот и основач на апликацијата „Мој воздух“ Горјан Јовановски и заменик-директорот на Гете-институт Скопје Фалк Шлајхер.

Изложбата „Вселена.Човек.Интелигенција“, е приспособена на целната група со разбирливи текстови, разни слики, графици, инсценации, анимации, филмови, поткасти и интерактивни елементи.

Цел на изложбата е да им покаже на изучувачите на германскиот јазик и на сите заинтересирани за Германија, дека истражувачката дејност во Германија ужива висок статус и е важен дел од германската култура. Содржините на изложбата се конципирани за млади изучувачи на германскиот јазик и се изготвени на германски и англиски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзија

Заврши научно-образовната екскурзија на премиерот Христијан Мицкоски.

СДСМ: Мицкоски се врати од научно-хибридната екскурзија

Мислевме дека е стручна.

Сепак, Мицкоски оди чекор подалеку.

Тој е најдобар во сè: економија, туризам, авиосообраќај, технологија, образование и ИТ.

Нема област во која овој научник не е прв. Сепак е научна.

Првиот ден - милион теми. Мора да го надомести пропуштеното време во медиумите.

Вели дека чистел цевки во Гостивар.

Четири недели чистење.

Никогаш немало подобро чистење, па како поинаку од научник.

1.200 проекти и образование.

Ни помалку, ни повеќе, точно 1.200.

Македонската православна црква ја прескокна. Не го интересира, бидејќи не може да ги коментира изјавите на својот шеф Вучиќ.

Вели дека не може да зборува за историја.

Нормално. Тој е човек на иднината, како и сите негови ветувања од кампањата.

Не може тоа веднаш, ама ќе биде… во иднина, некогаш, никој не знае кога.

Потоа класика: Обвинувања кон опозицијата и земјоделците.

Опозицијата е „безидејна“, создава паника и хистерија додека е на одмор.

Знаеле ден порано за „хибридниот напад“ врз водата во Скопје.

А зошто ништо не направија кога знаеле?

И повторно закани со Обвинителство и полиција.

Зошто повторно е виновна опозицијата за објавите на социјалните мрежи кога ги имаат имињата?

А секако виновни се Заев и Филипче. За сè.

Земјоделците ги обвини за протест. Земјоделците не протестираа кај откупувачите, туку кај државата.

Дали субвенциите, откупот и ИПАРД фондот се обврска на откупувачите, а не на државата?

Тоа зборува Мицкоски?

Според Мицкоски и земјоделците се дел од хибридниот напад.

Кажа дека на екскурзијата имал средби со инвеститори.

Три нови инвестиции.

Сите три „во фаза на реализација, се пеглаат последните детали“.

Една германска, една американска, а третата… „не може да каже“.

Под радар.

Веројатно проширување на медиумската мрежа - на постоечките 40 % Орбанови медиуми, сега да стигнат и 40 % од медиумите на Вучиќ.

Како и секогаш - не може да каже кои се.

Исто како после Давос, кога беше во туристичка посета.

Каде се тие инвеститори што ги најави? Наскоро, некогаш, никој не знае…

На крај - порача дека бил со семејството на научна екскурзија и дека таму научил оти 4+4 не е 8 дена, туку 7 дена.

За да ни каже колку малку бил на одмор.

Само не ни кажа една работа:

Кога ќе појде во Гостивар на една здравица со гостиварска вода?

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Ислам Махачев е новиот UFC шампион – рекордот на Андерсон Силва е соборен

Русинот Ислам Махачев е новиот UFC шампион во велтер категорија, со триумфот во Филаделфија тој го собори и рекордот на легендарниот Андерсон Силва по бројот на последователни победи. 

Видео: Ислам Махачев е новиот UFC шампион – рекордот на Андерсон Силва е соборен

Во главната борба на настанот UFC 330 во Филаделфија, Махачев го совлада Ијан Мачадо Гери со едногласна одлука на судиите – 49-46, 49-46, 48-47.

Рускиот борец го наметна својот ритам уште од самиот почеток, користејќи рушења и контрола на партер за да ја неутрализира опасната ударна техника на Гери. Во втората рунда, тој го погоди со висок удар со нога во главата и го собори на подот.

Гери подоцна успеа да се врати во борбата, но Махачев го изведе клучниот потег за соборување во последната рунда и му ја зазеде грбната позиција на предизвикувачот. Со тоа практично си ја обезбеди победата, а подоцна и славеше со едногласна одлука на судиите.

Триумфот има и историско значење, бидејќи Махачев ја оствари својата 17-та последователна победа во УФЦ, надминувајќи го рекордот на Андерсон Силва. Русинот сега го држи рекордот за најдолга победничка низа во историјата на УФЦ, а со тоа и апсолутниот рекорд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Американски носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките услови

Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни поплаки за тешките услови.

Американски носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките услови

Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни поплаки за тешките услови и продолженото времетраење на мисијата.

Претседателот Доналд Трамп најави дека „Линколн“ ќе биде повлечен од Блискиот Исток, пренесува „Анадолу“.

Одлуката за повлекување на бродот уследи по загриженоста изразена од семејствата на членовите на екипажот во врска со долгото време поминато на море, проблемите со снабдувањето и влошеното ментално здравје. „Бродот заминува, или ќе замине многу наскоро, и ќе биде заменет со друг, многу сличен брод“, изјави Трамп пред новинарите.

Според „Волстрит џурнал“, „Линколн“ бил во мисија повеќе од 250 дена и не впловил во ниту едно пристаниште во последните 200 дена.

Бродот ја започнал својата мисија во ноември, а во јануари бил пренасочен кон Блискиот Исток поради тензиите со Иран. Сенатор предупредува на проблеми Сенаторот Ричард Блументал исто така изрази загриженост за состојбата на бродот.

Во писмото упатено до секретарот за одбрана Пит Хегсет и вршителот на должноста секретар на морнарицата Хунг Цао, Блументал се повика на извештаи за низа сериозни проблеми.

Тој посочи на недостаток на основни потреби, контаминација на водата, дефекти во водоводните инсталации и влошување на менталното здравје на екипажот.

Тој, исто така, предупреди на безбедносни пропусти на бродот и месеци доцнење во испораката на поштата.

Како замена, USS George H.W. Bush (CVN-77), носач на авиони на нуклеарен погон од класата Нимиц. CENTCOM објави фотографии на кои се гледаат борбени авиони како полетуваат од неговата палуба во Арапското Море, каде што ќе обезбедат безбедносна поддршка на регионот.

Од друга страна, американската морнарица ги негираше извештаите за широко распространета криза со менталното здравје на бродот Lincoln. Во официјалното соопштение се наведува дека нема зголемување на самоубиствените мисли или обидите за самоубиство меѓу членовите на екипажот. Секретарот на морнарицата Хунг Цао потврди дека Lincoln наскоро ќе се врати дома како дел од планираната ротација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер