На 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во Македонија
Одбраната на Дејан Јованов, првообвинет за „Пулс“ ќе поднесе гаранција во имот, му истекува едногодишниот притвор
1На 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во Македонија
2Одбраната на Дејан Јованов, првообвинет за „Пулс“ ќе поднесе гаранција во имот, му истекува едногодишниот притвор
Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
2Боледувањето од матичен лекар да се намали од 7 на 5 дена, ќе се менува правилникот, ќе има построги контроли, предлага фондот
3Министерството за здравство со внимание ги следи и сочувствува со наводите изнесени во јавноста од страна на медицинската сестра Љубица Шавреска
ФудбалИнтер ја прекина серијата од три натпревари без победаИнтер синоќа на свој терен ја победи Рома со 5:2 дома во натпревар од 31. коло на италијанската Серија А.Лаутаро Мартинез постигна два гола за домаќините (1. и 52. минута). Хакан Чалханоглу (45.+ 2.), Маркус Турам (55.) и Николо Барела (63.) постигнаа по еден гол. За гостите од Рим погодија Џанлука Манчини (40. минута) и Лоренцо Пелегрини (70.). Интер (72 бодапоени) ја прекина серијата од три натпревари без победа и останува на врвот на Серија А. Рома е шеста на табелата со 54 бода.Тагови: Интер Серија А Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа 30-ти септември ќе биде презентирана новата стратегија на ЕУ проширувањето, Фон Дер Лајен во октомври доаѓа во МакедонијаФокусот на Брисел со новата стратегија за проширувањње е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции.На 30-ти септември еврокомесарката Марта Кос ќе го презентира документот во кој ќе биде опфатена новата стратегија за проширување, а веднаш потоа претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен, ќе допатува во посета на регионот и Македонија, најави денеска евроамбасадорот Михалис Рокас. Тој е оптимист дека нејзината посета ќе помогне да се откочи процесот за македонските евроинтеграции. Повеќе детали околу можните решенија не откри, но кажа дека макотрпно се работи за отворање на пристапните преговори во ЕУ. -Како што беше напоменато од многумина изминативе месеци, работиме на тоа многу посветено. Јас се надевам дека наскоро ќе имаме регионалната посета на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен на земјите од Западен Балкан за две до три недели и се надевам дека оваа посета ќе биде уште еден одлучувачки чекор во однос на отворањето на пристапните преговори за државата.... Дали имате некои информации за уставни измени со одложено дејство со цел да се одблокира процесот? - Не можам да споделам детали во јавноста, но работиме макотрпно уште откако дојдов во земјава, изјави Рокас. Во меѓувреме берлинскиот портал „Table media “ објави дека имале увид во предлогот за реформа на процесот на проширување на ЕУ. Според нацртот, по приемот, новите членки во ЕУ треба да се откажат од правото на вето на одлуките донесени со консензус во Унијата, а постои и можност да им бидат одбиени финансиски средства доколку назадуваат во областа на владеењето на правото или ги загрозат интересите на Унијата. Дел од реформата се и дополнителни механизми за заштита што би се применувале за новите членки на ЕУ кои покажуваат сериозно назадување. Во нацрт-законот за реформи, се предвидува можност ЕК да предложи новата членка на ЕУ привремено да биде суспендирана од донесување одлуки во Европскиот совет и Советот на ЕУ, односно конкретно е наведено дека правото на глас ќе биде одземено, пишува „Table media “. Фокусот на Брисел со новата стратегија за проширувањње е таканаречената постепена интеграција за земјите кандидатки, кои до полноправно членство, ќе користат одредени бенефиции, како пристап до дел од единствениот пазар, финансиски инструменти, енергетскиот систем и други механизми, во зависност од напредокот во реформите. Но, за Македонија воопшто да ги почне преговорите, услов остануваат уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во Уставот. Во однос на ова, ставот на македонската Влада е дека тие ќе се направат само доколку има предвидливост во процесот без можност за нови билатерлани блокади, и доколку Бугарија ги спроведе пресудите од судот во Стразбур со кои на Македонците таму ќе им се овозможи здружување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдбраната на Дејан Јованов, првообвинет за „Пулс“ ќе поднесе гаранција во имот, му истекува едногодишниот притвор Одбраната на Дејан Јованов Деко, првообвинетиот за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најави дека оваа недела ќе поднесе гаранција во имот за определување мерки на претпазливост, бидејќи на 3 октомври му истекува едногодишниот притвор.&nАдвокатката Ивана Коцевска на денешното рочиште побара дозвола од Судот нотар да го посети Јованов во притвор за да се завери изјава за согласност за оптоварување на имотот што ќе биде понуден како гаранција. – Заради поголема сигурност и на судот и на јавноста дека ќе биде обезбеден во понатамошниот тек на оваа постапка одбраната спрема да предложи гаранција со која што ќе се даде поголема сигурност, и самото тоа да не се дозволи, бидејќи јас навистина добивам впечаток дека тој притисок да се најде било што за притворот да се продолжи...Тука притворот по сила на законот не може да продолжи, тука одбраната не е виновна за тоа, така предвидува законот,-изјави Ивана Коцевска, адвокат на првообвинетиот Дејан Јовановски. Рочиштето во Идризово продолжи со испрашување на градежните вештаци, а во меѓувреме денеска поради неприсуство на сведоците се одложи судскиот процес против полициски службениците за пожарот во Пулс. Родителите на жртвите и денеска изразија незадоволство од новото одложување на ова рочиште и порачаа дека од среда повторно ќе продолжат протестите на кои ќе бараат правда за нивните најблиски. –Немаше ниту еден сведок, рочиштето се одложи, ние му препорачуваме на судот и покрај тоа што не се дојдени сведоците уредно да ги поканат, да ги повикат, да контактираат со сведоците, зошто не се дојдени, да ги известат, затоа што ние губиме време, губиме живци. (до 44 сек) (од 3.43) – Во среда ќе имаме и марш, во среда е и одина и пол од убиството, не е смрт, тоа е убиство на нашите деца и ќе организираме марш и ги замолувам сите граѓани на град Кочани поготово, па и пошироко, доколку се во можност да дојдат да ни дадат поддршка за ова никогаш повеќе да не се повтори во оваа држава,-изјави Драги Стојанов, татко на починатиот Тончи Стојанов. Освен правна разврска, по 18 месеци од трагедијата во Собранието се уште не е формирана ниту Анкетната комисија која треба да утврдува евентулни пропусти кај инситуциите. Пробелмот е што партиите се уште немаат делегирано членови. Досега едиснтвено заседаваше Постојаната комисија за човекови права, но и таа заврши без никакви заклучоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗасилен антикорупциски фронт, се следат случаи со сомнежи за поткуп во државните институцииДиректорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер ИмериДиректорот на Царинската управа Бобан Николовски не открива за каква јавна набавка станува збор во случајот со помошник-директорот на административен сектор Џевер Имери, но најави дека Царината ќе преземе сопствени мерки, откако ќе заврши постапката на надлежното обвинителство и полицијата. На Имери скопскиот Кривичен суд му определи 30 дена притвор. По пријава од граѓанин, ОЈО ГОКК го осомничи дека примил 17.500 евра од кои дел за веќе склучен договор да се реализира без пречки. -Ние како Царинска управа ќе преземеме се што е во наша надлежност меѓутоа оваа постапка ја води надлежното обвинителство, полицијата го изврши апсењето така да ќе чекаме во коминукација со нив и потоа ќе преземеме наши мерки како што преземавме за сите досега осомничени кои беа во нашите редови,- изјави – Бобан Николовски – Директор на Царинска управа на РМ. Премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на граничниот премин Табановце на настанот по повод завршување на проектите реализирани во рамки на акцискиот документ – ЕУ против организираниот криминал со поддршка за трговијата, порача дека државата ќе продолжи да се бори против криминалните структури. -Мораме да покажеме дека да се биде криминалец и да се занимаваме со криминал е неисплатлива професија. Оваа Влада има сериозна намера да застане на патот на тие коишто одлучиле да бидат сојузници на криминалот и сакам јасно да кажам на македонската јавност дека тие ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата,- изјави – Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Во меѓувреме, Владата најавува и проект со Транспаренси Интернешнл – Македонија, со кој граѓаните треба да добијат дополнителен механизам за пријавување сомнежи за корупција, преку телефонска линија и други канали за пријавување. Од Транспаренси засега не откриваат многу детали за начинот на кој ќе функционира механизмот, со објаснување дека проектот е сè уште во зачеток и дека се работи на неговото прецизирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter