„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
Општина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026
1„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на Македонија
2Општина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026
3Јамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во Македонија
ФудбалИнтер го цени Чалханоглу на 60 милиони евра, интерес за фудбалерот покажува БаернИнтер бара најмалку 60 милиони евра за Хакан Чалханоглу.Претходно се дозна дека турскиот играч за врска е отворен за преселба во Баерн. Во моментов ниту клубот од Минхен ниту претставниците на Чалханоглу не стапиле во контакт со Интер. „Нероаѕурите“ го ценат 30-годишниот фудбалер на 60 милиони евра, пренесува „Corriere della Sera“. На 32 натпревари од сезоната во Серија А што заврши, Чалханоглу постигна 13 гола (10 од пенали) и три асистенции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„И Здравје и работа“: Рударството паѓа, инвестициите стојат – државата мора да го ослободи развојниот потенцијал на МакедонијаНајновите податоци на Државниот завод за статистика се уште едно сериозно предупредување дека македонското рударство не смее повеќе да биде оставено на маргините на економскиот развој.Додека вкупното индустриско производство во јуни 2026 година пораснало за 6,5% во однос на истиот месец лани, производството во секторот „Рударство и вадење камен“ бележи пад од 3,8%. Од „И здравје и работа“ сметаат дека овие бројки треба да бидат повик за сериозно преиспитување на односот на институциите кон рударскиот сектор. Македонија има минерални ресурси, има стручни кадри и има заинтересирани инвеститори. Она што недостига е навремено институционално дејствување и создавање услови инвестициите да се реализираат во согласност со законите и највисоките стандарди за заштита на животната средина. Повеќе од четири децении во земјата не е реализирана голема инвестиција во металичното рударство, а постојните капацитети постепено се соочуваат со исцрпување на ресурсите. Во исто време, глобалната побарувачка за бакар расте, а цената на овој метал надмина 14.000 долари за тон, што дополнително ја зголемува стратешката и економската вредност на домашните ресурси. Во такви услови, проектот за рудникот за бакар „Иловица–Штука“ претставува една од најзначајните инвестициони можности за македонската економија. Според податоците објавени во медиумите, почетната инвестиција се проценува на околу 340 милиони евра, со потенцијал за значаен придонес кон БДП и извозот. Од „И здравје и работа“ порачуваат дека државата не смее да дозволи Македонија да остане само набљудувач на глобалниот натпревар за критични минерали. „Не бараме привилегии за ниту еден инвеститор. Бараме институциите да си ја завршат својата работа – да ги применат законите, да ги проверат сите еколошки и технички услови и, доколку тие се исполнети, да овозможат инвестициите да се реализираат,“ велат од иницијативата. Од иницијативата истакнуваат дека заштитата на животната средина и економскиот развој не смеат да се поставуваат како спротивставени цели. Современото рударство мора да се реализира со строги еколошки стандарди, континуиран мониторинг и целосна институционална контрола. „И здравје и работа“ упатува повик до Владата и надлежните институции да не дозволат стравот, шпекулациите или јавниот притисок да го заменат законското и стручното одлучување. Македонија не смее да ги пропушта инвестициите во момент кога светот се соочува со зголемена побарувачка за бакар и други критични минерали. Доколку проектите ги исполнуваат сите законски, технички и еколошки услови, државата има обврска да создаде услови тие да се реализираат. Падот од 3,8% во рударството не треба да биде само статистички податок. Треба да биде сигнал дека е време за нов инвестициски циклус, нови работни места и активирање на ресурсите со кои Македонија располага. Време е државата да ги ослободи инвестициите, да го искористи својот минерален потенцијал и да обезбеди развој – со знаење, со закон и со максимална заштита на животната средина. Тагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero Street Food Festival 2026Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава.Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации. Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски брендови, меѓу кои Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey и други. Од бургери, такоси и гиро, преку суши и различни интернационални специјалитети, па сè до атрактивни десерти – годинешното издание носи значително побогата понуда, со вкусови за секој поединец. AERO Street Food Festival и оваа година останува доследен на определбата да даде простор исклучиво на македонски изведувачи и да ја промовира домашната музичка сцена. Фестивалската програма ќе понуди настапи на познати музички имиња, бендови и диџеи, со различни жанрови и музички изрази наменети за повеќе генерации. Секоја фестивалска вечер ќе биде исполнета со музика во живо и DJ-сетови. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel, Acoustic Division со трибјут посветен на Владо Јаневски, Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, Fluere, DJ Guardian и DJ Ficho. Фестивалот ќе заврши со настап на диџеите од Sure Shotz и специјален трибјут посветен на ДНК. Со спојот на квалитетна street food понуда, македонска музика и урбана атмосфера, AERO Street Food Festival има цел да создаде препознатливо место за дружење и забава, каде што заедно ќе уживаат семејствата, младите и сите љубители на добрата храна и музика. Настанот е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаваат неговата важност за збогатување на културната и забавната понуда во градот, како и за промоција и поддршка на домашната музичка и локалната гастрономска сцена. Од 4 до 8 септември нè очекуваат пет фестивалски вечери исполнети со нови вкусови, македонска музика и одлична атмосфера. AERO Street Food Festival 2026 – поголем, позвучен и поразновиден од кога било досега! Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16
МакедонијаЈамалов: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки обезбедува континуиран раст на туризмот во МакедонијаРазвојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои Македонија се позиционира како се поатрактивна туристичка дестинација. Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и железничка поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции во туристичките капацитети и се обезбедува силна поддршка за руралниот туризам. Дека овие политики даваат резултати, потврдуваат и најновите показатели. Според извештајот на Светска банка, Македонија бележи најголем раст на авиосообраќајот и туризмот во регионот, со раст од 40 проценти на годишно ниво на бројот на патници во пристигнување. Позитивниот тренд се потврдува и преку официјалните статистички податоци. Во првите пет месеци од годината бројот на странски туристи е зголемен за 23,6%, додека бројот на реализирани ноќевања е повисок за 18,7% во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки се доказ дека Македонија станува сè попривлечна за странските посетители и дека туристичкиот сектор бележи стабилен раст. Особено значајно е што туристичката сезона повеќе не е ограничена само на летните месеци. Сè поголем број странски туристи ја посетуваат Македонија и поради културниот, историскиот и гастрономскиот туризам во текот на целата година. Тоа значи повеќе можности за локалните заедници, поголема работа за угостителите, туристичките водичи, занаетчиите и семејните бизниси, како и порамномерен економски развој во сите региони на државата. Паралелно со зголемувањето на туристичкиот промет, Владата работи и на подобрување на условите за нови инвестиции во туристичката индустрија. Се поедноставуваат процедурите за изградба на нови сместувачки капацитети и се создава поповолна деловна клима за домашните и странските инвеститори, со цел да се збогати туристичката понуда и да се подигне квалитетот на услугите. Посебен акцент се става и на развојот на руралниот туризам. Преку Програмата за рурален развој се обезбедуваат финансиски грантови за инвестициите во руралните средини, со кои се поддржуваат земјоделците, малите семејни бизниси и преработувачките капацитети. На тој начин се создаваат нови туристички содржини, се отвораат нови работни места и се поттикнува развојот на локалната економија. Почитувани, Со јасна визија, конкретни инвестиции и континуирана поддршка, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да создава услови за понатамошен раст на туризмот, поголем број домашни и странски посетители и посилен економски развој на Македонија. Александар Јамалов, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Јамалов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРистовски: Карпалак е аманет – Македонија не ги заборава своите херои10:0319 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:1519 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16Во сообраќајка во Скопје во Радишани загина возач на мотоцикл14:08Шокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа Ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска 18:15
19 годишник со мотоцикл загина при судир со автомобил Алфа ромео со италијански ознаки на ул. Радишанска15:16