Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
2Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
КултураИнтензивирање на соработката меѓу Министерството за култура и ЈадроСе конкретизира соработката меѓу Министерството за култура и Јадро – Асоцијација на независната културна сцена со план на активности и препораки од суштинско значење за вонинституционалниот културен сектор.Министерката за култура, Ирена Стефоска, на средба со претставници на Управниот одбор на Јадро, ги искажа задоволството и потребата од заеднички дијалог и партнерски однос за усовршување на состојбата на независната културна сцена. На средбата беше истакната важноста на Интердисциплинарната дејност, која го опфаќа социо-културниот контекст. Министерката Стефоска го потенцираше придонесот на независниот културен сектор во 2018 година за понатамошниот развој и идејното обликување на оваа дејност. Преку заемна соработка, беше договорено да се обезбедат услови и ресурси за едукација на младите и помалку искусните уметници и културни работници за успешно аплицирање на Годишните конкурси на Министерството за култура. Беше разговарано за веќе почнатиот процес на дигитализација на Конкурсот за проекти од национален интерес за 2022 година, како и за решавањето на конкретни забелешки во врска со корисничките договори и бирократизацијата на процесот. Исто така, беше потенцирана потребата од опфаќање нови профилни дефиниции во однос на статусот на самостоен уметник. Беше истакнато и значењето да се поддржат новите модели на цивилно-јавно партнерство во културата, особено значајни за нејзина децентрализација, земејќи го како пример Културно-социјалниот простор Подиум – Јадро во Кавадарци, кој го опслужува Тиквешкиот Регион. Средбата се одржа во просториите на КСП Центар – Јадро и е дел од консултативниот процес меѓу Асоцијацијата Јадро и Министерството за култура започнат во април оваа година. Министерство за култураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Каква мајка таква ќерка, Гвинет Палтроу и нејзината ќерка Епл позираа во бикиниХоливудската ѕвезда, убавата актерка Гвинет Палтроу на воодушевување на фановите на социјалните мрежи сподели летни фотографии со својата 22-годишна ќерка, Епл Мартин.53 годишната Гвинет сподели неколку летни фотографии на Инстаграм, а најголемо внимание привлекоа оние на кои е прикажана нејзината 22-годишна ќерка, Епл Мартин. Мајката и ќерката заедно уживаа во сонцето, а многумина забележаа колку Епл личи на својата позната мајка. „Летото засега одлично минува“, напиша Палтроу покрај фотографиите. На една од фотографиите, Гвинет позира без шминка, облечена во црн едноделен костим за капење и со очила за сонце. До неа е Епл во бикини со црвено-бели пруги. Епл, ќерката што Палтроу ја има со својот поранешен сопруг Крис Мартин, сега е подготвена да направи уште еден чекор кон актерска кариера. Таа доби улога во романтичната комедија „Париз Парамаунт“ (Paris Paramount), иако деталите за нејзиниот лик сè уште не се откриени. Гвинет Палтроу и фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, стапија во брак во 2003 година. По 11 години брак, тие ја објавија својата разделба, а официјално се разведоа во 2016 година. Сепак, останаа во добри односи и заеднички се грижат за својата ќерка Епл и синот Мозис (20).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Српска актерка ужива во танга на плажаУбавата српска актерка Ивана Дудиќ покажа како ужива во одморот, а со фотографија од плажата предизвика лавина коментари на социјалните мрежи. Таа позираше во едноделен костим за капење, а кога му сврте грб на фотоапаратот, нејзините следбеници имаа што да видат. Од напред сè изгледа умерено, но одзади, костимот за капење со танга-крој ги открива повеќето од нејзините атрибути. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБрус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од негоТалула Вилис (32), најмладата ќерка на поранешната холивудска брачна двојка, Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси. Свадбата се одржа на 8 август на семејниот имот во Ајдахо, во присуство на најтесното семејство. Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, славниот актер Брус Вилис – кој ретко се појавува во јавноста поради сериозната здравствена состојба. „Вог“ објави црно-бела фотографија на која се гледа како Брус Вилис ја прегрнува Талула, истовремено држејќи го и својот зет. Талула ја опиша сцената како нежен момент споделен со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на празничниот викенд. Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа колку биле трогнати од сцената, особено имајќи ја предвид борбата на актерот со болеста и неговата одлука да биде покрај својата ќерка на нејзиниот важен ден, и покрај сè. Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија. На почетокот на 2023 година, неговото семејство објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција. Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување што може да влијае на говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш, Вилис ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство. Покрај Талула, Брус Вилис ги има и ќерките Румер и Скаут од бракот со поранешната сопруга Деми Мур. Тој остана близок со Деми и по нивниот развод.Тагови: Брус Вилис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook