Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ЖивотИнструктор на „Бритиш Ервејз“ има плата од 170.000 фунти, а го фатиле како краде сендвичи Неименуван инструктор по летање на „Бритиш ервејс“ бил фатен како краде храна од самопослужна кафетерија во Вотерсајд, седиштето на националниот авиопревозник.Вотерсајд се наоѓа во близина на аеродромот Хитроу. Пилотот (кој работи за „Бритиш ервејс“ повеќе од две децении) бил постојано сниман од безбедносните камери како зема храна и пијалоци од самопослужната кафетерија, а потоа, наместо да ги скенира баркодовите и да плати, си заминувал со парите во џеб и храната и пијалоците во раце. Инструкторот по летање ги обучува и сертифицира идните капетани за летање со „Ербас А380“. Тоа е најголемиот авион во флотата на британската компанија, а со оглед на искуството и знаењето на пилотот - неговата годишна плата исто така е голема: околу 170.000 фунти. Откако бил сниман од камерите, капетанот бил повикан на разговор со менаџментот. Иако однесувањето било повторено, тој добил само опомена, без сериозна дисциплинска мерка, иако е едноставно неверојатно дека некој што заработува 170.000 фунти годишно би крадел за да заштеди неколку пени. Во истиот извештај се наведува и дека неколку високи менаџери биле забележани како не плаќаат за храна и пијалоци, а им биле дадени и предупредувања, пишува AviationATO h. Сепак, благиот одговор предизвика критики, бидејќи се верува дека персоналот од понизок ранг, како што е кабинскиот екипаж кој заработува помалку од 30.000 фунти годишно, веројатно би бил отпуштен за истото дело. Во меѓувреме, „Катар ервејс“ отпушти член на кабинскиот екипаж по потврден случај на кражба за време на лет во бизнис класа помеѓу Меѓународниот аеродром Доха и аеродромот во Сингапур. Кражбата се случила на 28 март 2025 година, кон крајот на летот Доха-Сингапур. Патник во бизнис класа накратко го оставил телефонот во тоалетот пред да слета во Сингапур. Кога се вратил неколку моменти подоцна, уредот го немало. Последователните следења покажале дека телефонот се наоѓал во хотел за екипаж во Сингапур, а потоа бил преместен на Филипините.Тагови: Бритиш ервејз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаТројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување. На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоциНа 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter