Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование - Канал 5

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование

Институтит за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование, кои биле утврдени на состанок на неговиот научен кадар. 

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование

Директорката Елена Јованова-Грујовска изјави дека побарале да нема интервенција откако беше спомнато дека може ќе се намалува бројот на студиски програми на кои се запишани двајца до пет студенти.

-Во ера на глобализација многу е битно да останат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик, затоа што ако во Македонија не се изучуваат, каде да бараме да се изучуваат на друго место. Потоа побаравме изедначување на критериумите за одење во следните звања. Институтот вработи солиден број кадар во минтатите четири години и сега треба да им се овозможи релаксирано да докторираат и да го добијат првото звање. Изедначувањето го побаравме затоа што за сите останати преку едно звање почнува да им важи новиот закон. Ние посакавме и за нашите млади соработници да важи, конкретно од вонреден професор или од виш научен соработник да важи, изјави Јованова-Грујовска.

Како и нивните колеги од Институтот за македонска литература, рече таа, побарале да се вреднуваат и нашите списанија кога се работи за критериумот за објавување трудови.

-На кој јазик ние треба да твориме и да објавуваме? Со објавување на англиски јазик во елитни списанија со импакт-фактор не се негува македонскиот јазик. Нам ни треба објавување на мајчин јазик, конкретно на македонски јазик во нашите реномирани списанија, но и на сите други словенски јазици, рече директорката на Институтот „Крсте Мисирков“ кој денеска беше домаќин на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 21 Февруари.

За привлекување студенти на катедрите посочи на стипендиите што почна да ги доделува МОН за изучување на македонскиот јазик на прв, втор и на трет циклус студии.

-Имаме запишано магистранди и докторанди на кои државата ќе им ги покрие целосно магистерските и докторските студии. Ние сме секогаш отворени, нашите постдипломци и докторанди бесплатно ја добиваат целата наша литература, рече Јованова-Грујовска.

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик таа кажа дека најголем предизвик денес за македонскиот јазик е влијанието од доминантните странски јазици и од латиницата.

-Тоа се двата големи предизвика, тука треба да бидеме единствени дека е убаво сета комуникација да се одвива на македонски јазик, таа да биде модерна и прифатена меѓу младите, што повеќе македонски зборови да се користат и македонски реченици да се пишуваат, без влијание од туѓите јазици и, се разбира, на кирилица, порача директорката на Институтот за македонски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Активни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер