Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026
2Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026
3Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници
МакедонијаИнститутот „Крсте Мисирков“одбележа 80 години од кодификацијата на македонскиот јазикОколу 20-ина матуранти просечно во последните години се одлучуваат да го изучуваат македонскиот јазик на Филолошкиот факултет. Бројките се поразителни, но од Институтот за македонски јазик велат дека пад на интересот за изучување мајчин јазик нема само кај нас, туку тоа е светски тренд. Со веќе оформениот нов инспекторат за употреба на јазиците и отворањето нови работни места на позицијата „лектор“ очекуваат да се зголеми бројот на студенти за изучување на македонистиката. -Последниве години се толку, сега не ме држете за збор, меѓу 15-ина и 20-ина студенти, меѓутоа јас на повеќе наврати имам кажано дека овие години тоа се студенти што биле со искрена желба да се запишат на македонски јазик.Се разбира дека очекуваме поголем број на студенти сега откако законот влезе во сила, токму од причините што ги споменавте, значи вработувањата се разбира се секогаш најглавно нешто на што размислуваат идните студенти.Тоа е единствената новина што ја носеше овој закон. Значи, тука беа задолжителните вработувања на лектори по сите јавни институции,--Искра Пановска Димкова-професорка. Македонскиот јазик е единствен од словенските јазици кој нема свој етимолошки речник, рече директорката на институтот д-р Елена Јованова Грујовска. Таа кажа и дека по дигитализацијата на картотеките која е завршена пред неколку години, институтот е подготвен да започне и со реализација на проектот за корпус. -Ние сме подготвени, да, можеме да влеземе во проект наречен корпус на македонскиот јазик. Институтот има доволно едуциран, квалитетен, научен кадар.Можеме со поддршка од државата, тука ни треба поддршка од државата особено од нашето ресорно министерство за образование и наука, може и од министерството за култура, битно е да не поддржат за да го имаме корпусот на македонскиот јазик,--Елена Јованова Грујовска- директорка на институт за македонски јазик. Од институтот рекоа дека еден од проблемите со кои се соочува јазикот е и преголемиот број англизми кои навлегуваат во лексиката и синтаксата на македонскиот јазик, а тоа ја нарушува неговата структура. Тагови: македонскиот јазик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканМицотакис во Софија на средба со РадевГрчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада. Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји. Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести30 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20Побаран притвор за четворицата приведени за злоупoтреба на тендери во Царина15:00ОЈО ГОК : Отворена истрага за злоупотреби во постапки за јавни набавки во Царинската управа14:03
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаНиколоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година.Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година. Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој. Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност. Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти. Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата. Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1 процент. Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството. Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратенициПредлог Извештајот на известувачот Вајц за Македонија помина во Комисијата за надворешни работи на ЕП, и кон крајот на јуни ке се најде и на пленарна седница на Европскиот парламент.Изгласани се 11 компромисни амандани и два на бугарски европратеници, едниот од нив се однесува на историската комисија. Усвоените амандмани европарламентот официјално ќе ги објави, по што ќе се знае дали мегу нив е и амандманоит на Вајц за вториот протокол со Бугарија. Од Европскиот парламент соопштија дека ја реафирмираат поддршката за македонските евроинтеграции, но дека напредокот во преговорите зависи од трајни и длабоки реформи, не само за усвојување на потребните уставни амандмани. Вајц во пишано соопштение информираше дека е задоволен од исходот, а нагласува и дека земјава направила важни реформски чекори и дека од клучна важност е да се продолжи со напорите и да остане силно посветена на евроинтегративниот пат.Тагови: ЕП Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook