Институт за трансфузиона медицина: Стабилни резерви на крвни продукти, крводарувањето продолжува

ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина денеска соопшти дека резервите на крвни продукти се стабилни и оти крводарувањето продолжува.

Крводарувањето денecка ќе се спроведува во просториите на Институтот за трансфузиона медицина-Скопје и тоа од 08 до 18 часот, во центрите за трансфузиона медицина во Тетово, Битола и Штип од 08 до 18 часот, во службите за трансфузиона медицина во Куманово, Велес, Кочани, Гегелија, Струмица, Прилеп, Струга Општа Болница, Гостивар и Кичево од 08 до 15 часот и Ценатрот за дарување при ДХО Даре Џамбаз од 10 до 17 часот.

Во седиштето на ДУИ се слави

Пред седиштето на ДУИ во Мала Речица веќе се слави.

Претходно на прес конференција беше кажано дека денот на изборите поминал во фер и демократска атмосфера и велат дека очекуваат гоплема победа на нивниот кандидат Бујар Османи.

Тинејџерка во училиште во Британија со нож нападнала двајца наставници и девојче

Тинејџерка е уапсена откако на училиште со нож нападнала двајца наставници и ученичка, соопшти британската полиција.

Инцидентот се случил околу 11.20 часот.

„Токму по 11.20 часот утринава добивме повик да за инцидент во училиштето Аман Вали во Кармартеншир. Службите за итни случаи веднаш пристигнаа и училиштето беше затворено заради безбедноста на сите во просториите. Три лица, две учителки и една тинејџерка, беа пренесени во болница. Тинејџерката е уапсена поради сомнение за обид за убиство и во моментов е во притвор.

Додадоа и дека соработуваат со училиштето и даваат поддршка на секој што има потреба.

Апелираа и да се отстрани видеото од нападот од социјалните мрежи.

Истрагата е во тек, а мотивите за нападот се уште не се познати.

(20.41 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 50% : Силјановска 196342 , Пендаровски 92575 гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 50 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 100.000 гласови пред Пендаровски

притисни ентер