Институт за јавно здравје: Нема потреба од паника и посебни мерки во врска со корона вирусот

Светската здравствена организација денеска одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба на меѓународно ниво, откако мистериозниот корона вирус продолжи да зема нови жртви и излезе од границите на Азија.. 

Од 7 јануари и официјално СЗО потврди дека сомнителните респираторни случаи во Кина регистрирани средината на декември се должат на нов корона вирус. Досега во Кина од новиот корона вирус се починати 9 лица и има 440 заразени.

Вирусот ги напаѓа белите дробови, се пренесува од човек на човек и она што ги загрижува здравствените власти е што е утврдено дека новиот вирус мутира и се адаптира. Според СЗО се работи за зоонозен вирус односно вирус кој првично се појавил и се ширел кај животните. Првичната појава во Кина е регистрирана во градот Вухан од пазар за риба и месо.

Новиот вирус засега се шири изненадувачки брзо. Најчесто ги зафаќа постарите лица но веќе е забележан и заразен медицински персонал. Регистриран е во Пекинг и Шангај а веднаш потоа и во Тајланд, Јапонија Јужна Кореја и САД.

Светската здравствена организација за денеска закажа состанок на одборот за итни случаи за да ги разгледа заштитните мерки и да процени дали епидемијата во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

Азиските земји и другите делови од светот веќе воведуваат проверка на телесната температура по аеродроми, железнички станици и автопатите. Северна Кореја пак целосно ги затвори границите за сите туристи.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер