Институт за безбедност: Москва го поддржува национализмот на Балканот

Официјална Москва го поддржува национализмот на Балканот како начин за одржување на статус кво во регионот – стои во анализата објавена од виенскиот институт за безбедност. 

Според институтот, главната цел на овој начин е спречување на ширењето на НАТО кон земјите од западен Балкан, а иако е малку веројатно дека Русија би започнала кампања за дестабилизација на регионот, во анализата стои дека неодамнешните случувања во Македонија и Црна Гора, јасно укажуваат на такви активности.

-Во Македонија, тензиите меѓу етничките Албанци и Македонците долго време го привлекуваат вниманието на Кремљ, но станува предмет на редовни руски официјални декларации откако земјата ќе избере нова, реформска влада, подготвена да направи компромис за етничките проблеми за да се забрза интеграцијата во ЕУ и во НАТО.- Институт за Безбедност Виена

Малата веројатност за Русија да го дестабилизира западен Балкан преку кампања на дестабилизација, според институтот, не ја спречува официјална Москва да игра дипломатски игри. Според анализата, Русија нема ниту ресурси, ниту решителност за целосно да се вклучи на Балканот, а создавањето на тензии во регионот е со цел да се одвлече вниманието на западот од земјите на поранешниот советски сојуз.

-Неодамнешните случувања во Црна Гора и во Македонија јасно кажуваат дека Русија брзо ги почнува своите пропагандни и разузнавачки активности во балканските земји, кога тие се наоѓаат на чекор од големите геополитички решенија.- Институт за Безбедност Виена

Кога Русија ги засилува тензиите во голем број спорови на Балканот, таа истовремено со тоа го одвлекува вниманието на Западот од постсоветскиот простор и ја гарантира својата постојана улога во регионалната безбедност.

Анализата од институтот за безбедност во Виена ја завршуваат со земјава и со Црна Гора, за каде стои дека руските обиди да го спречат влезот во НАТО, само ја зајакнала решителност на Западот да ги прими двете држави во Алијансата. Од институтот велат и дека не очекуваат промени во начинот на дејствување на официјален Кремљ во наредните години.

Секси боксерка заврши во затвор поради кражба!!

Атрактивната Арабела Дел Брусо е поранешна реалити ѕвезда,  сега боксерка и девојка на американскиот фудбалер Џош Рејнолдс.

Сексапилната Арабела моментално отслужува 20-месечна затворска казна за грабеж на работно место од 52.000 долари, што го направила пред нејзината кариера во боксерскиот ринг.

На атрактивната дама зад решетки не и е лесно, а на новинарите им открила детали од траумата зад решетки и испратила писмо до медиумите.

- Претресите не само што трауматизираат, ме прават да се чувствувам понижено затоа што секој пат морам да се соблечам пред двајца чувари. Едниот стои пред мене, другиот позади. Потоа прво треба да го подигнам градникот и да ги покажам градите, а после тоа едната ми ги соблекува гаќите до колена или целосно, па морам да се наведнам, да го раширам задникот и да ја подигнам едната, а потоа другата нога. Се чувствувам несигурно, се плашам дека другите ќе дознаат кој сум. Деновите ги поминувам со наведната глава, но секој ден е потежок. Изоставив некои работи бидејќи знаев дека вработените во затворот ќе го прочитаат писмото, не сакав да знаат некои работи кои ќе ја загрозат мојата безбедност – напишала меѓудругото Арабела во писмото до медиумите.

Ковачевски: Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата

Гласањето ПРОТИВ е краткорочна казна со долгорочни последици за државата, гласањето ЗА значи прогрес и подобра држава.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во Крушево, ги повика граѓаните пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат дали ќе дадат глас „за“ или глас „против“. Го повикувам сите граѓани да размислат кој заслужува да ја води државата, рече Ковачевски.

„Гласањето ПРОТИВ не ѝ носи добро на Македонија. Само ако гласаме ЗА може да одиме напред и да изградиме подобра држава за нашите деца, држава во која тие ќе сакаат да живеат. Со глас ПРОТИВ можеби ќе казните некого, но во исто време ќе ги казните и сопствените деца. Таа краткорочна казна може да има долгорочни последици за државата. Затоа ве повикувам масовно да гласате ЗА европска иднина. Да гласате ЗА Стево Пендаровски, за претседател и ЗА СДСМ и Коалицијата за европска иднина на парламентарните избори“, порача Ковачевски.

При тоа, Ковачевски им се заблагодари на членовите, симпатизерите и поддржувачите на СДСМ кои останале доследни на социјал-демократската идеја на партијата.

„Многу е поголемо задоволството кога ќе се измачиш во борба со својот политички и идеолошки противник, отколку да ја избереш полесната опција и да се свртиш против своите. Тоа е јалова борба, во која никогаш нема победник, а тој што се борел против своите си оди дома како најголем губитник. Затоа ние избравме да се бориме со идеи, со визија, со конкретни проекти, а не со кавга со довчерашните сојузници и истомисленици“, истакна Ковачевски.

Лидерот на СДСМ порача дека основната цел на програмата на Коалицијата за европска иднина е брзи, ефикасни и успешни преговори со ЕУ затоа што само на тој начин како држава може да обезбедиме повисок животен стандард, поефикасна борба против криминалот и корупцијата, подобро образование и здравство.

Скопје, 28 април 2024

СДСМ

Убавата Ирина Шајк во потрага по ново момче!?

Руската убавица Ирина Шајк во последно време дефинитовно нема среќа во љубовта.

По разводот со актерот Бредли Купер, со кој има ќерка, убавата манекенка стапи во врска со познатиот НФЛ играч Том Брејди, но и таа врска не траеше долго и „пукна“, па сега Ирина е во потрага по ново момче.

Сексапилната манекенки наводно бара некој кој е познат, убав и има пари, изјави извор за „PageSix“.

Сепак, не е лесно Ирина Шајк да го пронајде вистинското момче кое ќе ги задоволи сите нејзини критериуми.

"Таа бара дечко, но има малку луѓе со кои излегува. Потребни ѝ се познати, згодни и богати.

Колку се такви, пет, десет", рекол извор кој сугерира дека новиот дечко на Ирина би можел да биде големиот холивудски заводник, актерот Том Круз, која неодамна раскина со атрактивната Русинка Елсина Каиров.

притисни ентер