Институт Преспа: Бугарија била политички најприсутна во Македонија - Канал 5

Институт Преспа: Бугарија била политички најприсутна во Македонија

Бугарија минатата година имала највисоко политичко присуство во земјава, и покрај тоа што најголемиот дел од граѓаните во земјава не го перцеприаат нашиот источен сосед како голем пријател.

Институт Преспа: Бугарија била политички најприсутна во Македонија

– Покажува индексот за меѓународно присуство направен од институтот Преспа. Од таму велат дека тоа се должи на големиот број на посети на бугарски политичари на земјава минатата година, но и на Договорот за добрососедство и пријателство со официјална Софија. Според нив, иако Бугарија високо рангира на индексот, заедно со САД, Германија и Словенија, очекуваат зголемување на политичкото присуство во Македонија и на Грција.

Во поглед на мекото или културолошко присуство во Македонија, високо рангира и Турција. Истражувањето покажува дека најголемиот дел од студентите, странците кои имаат регулиран престој, како и војниците кои доаѓаат во земјава на воени вежби доаѓаат од оваа земја.

Од институтот велат дека според истражувањето Македонија е геополитички атрактивна држава, а податоците покажуваат дека најголемо присуство во севкупното политичко, економско и меко влијание имаат, пред се, земјите од Европската Унија и САД. Токму и амбасадата на САД во поглед на останатите дипломатските мисии во Македонија е најголема, односно по бројот на акредитирани дипломати, таа е голема колку грчката и руската амбасада заедно.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 24 возачи за безобѕирно управување возило

17 лица возеле без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол.

Лишени од слобода 24 возачи за безобѕирно управување возило

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи кои управувале возило без возачка дозвола, од кои четворица малолетници, а двајца биле и под дејство на алкохол. Четири лица во Прилеп (малолетник), две лица во Битола, три лица во Скопје и по едно лице во тетовско, Тетово (малолетник), Гостивар (малолетник), Кавадарци, Неготино (малолетник), Штип, Кочани и Гевгелија. Еден од возачите во Скопје и возачот во Штип биле и под дејство на алкохол. Со забрана за управување на возило биле лишени по едно лице во Гостивар и едно во прилепско. Под дејство на алкохол двајца возачи управувале возило во Прилеп, а по едно лице во Крива Паланка, Битола и Гевгелија. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Д-р Кузмановска: Кога медицината е немоќна, човечноста може да спаси живот

Утре на Медицинскиот факултет во Скопје, со почеток во 15 часот, ќе се одржи и трибината „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“.

Д-р Кузмановска: Кога медицината е немоќна, човечноста може да спаси живот

„Наша примарна цел е да ги излечиме болните, но онаму каде што веќе медицината е немоќна, каде што настапува мозочна смрт, следен законски, медицински, хуман чин, е да се побараат органите за трансплантација“, порачува проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација во видео обраќање во рамки на националната кампања, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста!“

„Пред сѐ, сакам да се заблагодарам на сите досегашни органодарители, коишто спасиле многу животи, а воедно да ја поттикнам јавноста да размисли, за ова хумано, човечно дело, така што по смртта на своите блиски или по својата смрт да дарува органи, коишто значат живот, спас за луѓе кои секој ден го чекаат повикот, да добијат нова шанса за живот“, вели проф. д-р Кузмановска.

Во рамки на националната кампања, утре на Медицинскиот факултет во Скопје, со почеток во 15 часот, ќе се одржи и трибината „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, на која ќе учествуваат претставници на Владата, здравствените институции, трансплантациските тимови, граѓански организации, студенти и здравствени работници. Целта на овој настан е темата за органодарителството да стане дел од отворен, информиран и одговорен јавен разговор.

„Нашата задача е да ја замениме недовербата со знаење, стравот со информираност и неизвесноста со јасно изразена лична волја. Зад секоја согласност стои нова шанса за живот“, истакнува министерот за здравство, Азир Алиу.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции

Филипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, кажи каде се парите од неисплатените субвенции

Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Можеби дојде време да одговорите на земјоделците каде тие пари завршија.

Дали токму со парите на земјоделците си купивте визи во Дубаи, станови по скапи комплекси низ Скопје?

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од самото доаѓање на власт исплати 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплати близу 4 милијарди денари.

Вкупно од 27.07.2024 година до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски.

Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, одговори им зошто во ваше време се вметна во законот за вино дополнителни 8%, кои винариите им ги кратат на лозарите.

Филипче одговори на лозарите зошто не ја изготвивте методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје, туку Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе за 18 дена.

Не ви поминуваат лагите, прочитани сте, подгответе се за длабока опозиција.

Резултатите во земјоделството се видливи, земјоделците имаат партнер во Владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека никогаш нема да бидат оставени сами како со СДС.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер