3Нашиот најдобар натпреварувач во коњички спорт ќе настапи на Светското првенство во прескокнување пречки
2Мета се соочува со најголемото судење досега: Крај за приказните и лајковите на Инстаграм и Фејсбук?
ТехнологијаИнстаграм воведува веб директни пораки за сите кориснициИнстаграм почна да воведува веб пристап до директните пораки на сите свои корисници ширум светот.Компанијата ја најави презентацијата на својот Твитер налог. Како и обично, можеби ќе треба да почекате некое време пред да добиете пристап до оваа функција. По интерниот пробен период, компанијата на почетокот на годината започна тестирање на директни пораки за веб со мал процент на корисници. Како и на Инстаграм мобилната апликација , можете да ја користите оваа функција за учествување во поединечни и групни разговори, како и за споделување фотографии, пишува „Engadget“. Давање на луѓето пристап до приватните пораки, без оглед на нивната платформа по избор, беше целта на Фејсбук уште од минатата пролет. Компанијата на крај се надева дека ќе понуди соединување на пораките во сите свои основни апликации, вклучувајќи ги Инстаграм, Ватс Ап и Месинцер, пренсе „PC Press“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоСончево и топло со мала до умерена локална облачностИ утре ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 20 Попова Шапка, 26 Крушево, 30 Маврови Анови, Претор, Берово, 32 Крива Паланка, Прилеп, Охрид, 33 Битола, 34 Виница, Тетово, Штип, 35 Велес, 36 Зајчев Рид, Струмица, Кавадарци, 37 Демир Капија, 38 Гевгелија. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе има мала до умерена облачност. Наместа ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во планинските региони ќе има зголемена облачност и услови за краткотраен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од четврток следува период на претежно стабилно и многу топло време. Во сабота наместа ќе има нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Во деновите од викендот дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизСалма Хајек стана баба и го откри името на внукот (ВИДЕО)Салма Хајек (59) стана баба. Нејзиниот посинок Франсоа Пино помладиот и неговата сопруга Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк го добија своето прво дете, син кого го крстија Франсоа.Хајек е во брак со Франсоа-Анри Пино (64), со кого има 18-годишна ќерка, Валентина, и е маќеа на неговите деца од претходни врски - Франсоа (38), Матилда (25) и Огистен (19). Откри како ќе се вика внукот Во неделата, актерката сподели видео на Инстаграм во кое го држи внукот во раце и му зборува на шпански. Таа откри дека момчето се вика Франсоа, со што ја продолжува семејната традиција, но и дека веќе му го дала својот прекар - Панчито. „Благословени сме што ја пречекуваме четвртата генерација во семејството што ќе го носи името Франсоа. Сепак, ќе го викам Панчито. Се чини дека му се допаѓа и не би можела да го сакам повеќе од мене“, напиша Хајек. View this post on Instagram A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek) Објавени се и првите семејни фотографии. Мајката на момчето, Лара, објави неколку фотографии од својот син минатата недела, а Салма Хаек со нејзиниот внук е на една од нив. View this post on Instagram A post shared by lara cosima henckel von donnersmarck (@laracosima_pinault) „Мојот сопруг (најкул Франсоа на светот) и нашиот син (најслаткиот Франсоа на светот)... нашиот прв месец како родители“, напиша Лара покрај фотографиите. „Секогаш сакав да имам многу деца“ Хаек стана маќеа откако се омажи за Франсоа-Анри Пино во 2009 година. Нивната ќерка Валентина се роди две години претходно, во 2007 година. Со текот на годините, актерката често зборуваше за тоа колку ѝ значи големо семејство. „Отсекогаш сакав да имам многу деца, но не можев. Чудо е што успеав да родам едно дете. Голем благослов е што мојот сопруг има уште три деца. Значи, јас имам четири и сите се сосема различни“, изјави таа за списанието „Ред“ во 2017 година. Сега малиот Франсоа, или Панчито, како што Хајек одлучи да го нарече, се придружи на нивното големо семејство.Тагови: Салма Хајек Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЛукашенко доби пушка на подарок: „Не за војна... За безбедност во мир!“На белорускиот претседател Александар Лукашенко му беше врачена првата целосно белоруска автоматска пушка, „VSK-100B“, за време на неговата посета на претпријатието „Кидма Тек“, дознава Белта.Лукашенко посети компанија која развива високотехнолошки производи за воени и цивилни цели, а во таа пригода му беше врачена автоматска пушка „VSK-100B“. Подарокот беше придружен со плоча со натпис: „Не за војна... За безбедност во мир!“, објави Спутник. ⚡️Belarusian President Lukashenko was shown the "laboratory work" Newly Developed Belarusian VSK-100B assault rifle. pic.twitter.com/iTYc8Z8oZ3 — Niranjan Ghatule (@NiranjanGhatule) August 18, 2026 За време на посетата, Лукашенко ја нагласи потребата од развој на борбено оружје со целосна локализација на производството. Според каналот Телеграм „Пул првого“, белоруското оружје веќе е воведено во арсеналот.Тагови: лукашенко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter