Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
2Длабоко под швајцарските Алпи се градат луксузни бункери за елитата- таму ќе се скријат во случај на опасност (ВИДЕО)
3Харвард ќе плати 53 милиони долари- директорот на капелата продавал делови на тела, донирани на факултетот (ВИДЕО)
ТехнологијаИнстаграм воведе уште една забрана Инфлуенсерите на Instagram и Facebook веќе нема да можат да промовираат брендирани производи од тутун или кој било вид оружје.Забраната важи и за електронските и за стандардните цигари, јавува Си-Ен-Ен. Од Фејсбук соопштија дека овие производи одамна се забранети за рекламирање, но забраната ќе биде заострена во наредните недели. Од друга страна, промовирањето на алкохол и додатоци во исхраната бара посебни ограничувања, со оглед на тоа што на Инстаграм не е јасно кажано на што упатуваат. Во јуни, Инстаграм ги смени правилата за брендирани реклами со содржини што им овозможија на брендовите да ја трансформираат спонзорираната содржина на инфлуенсерите како своја за да допрат до повеќе корисници. Сега брендираната содржина што се рекламира е означена како „платено партнерство“ што можете да се види во последно време. Инстаграм не добива ништо од соработката на инфлуенсерите со брендовите, но заработува пари од брендирани реклами и во моментов работи на подобрување на условите во оваа област за рекламирање, со воведување ограничувања во одредени области и исклучувајќи ги корисниците на возраст под 18 години за голем број производи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и МогилаИзутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар. Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати. Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени. Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска одлука за „училишна кошничка“ Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година. Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗголемни пријави на граѓани со лажни СМС пораки за сообраќајни казниТрендот на лажни СМС- пораки со известување за наводни сообраќајни прекршоци и казни поврзани со системот„Безбеден град“ продолжува.Од МВР предупредуваат граѓаните да бидат внимателни со пораките кои содржат линк каде се бара да се внесат лични или банкраски податоци и да извршат плаќања на наводна казна.. Станува збор за обид за измама и прибирање на лични податоци, објаснуваат од МВР.. Од министерството посочуваат дека официјалните смс-пораки за прекршок се испраќаат од испраќачот „MVR-SC“. Во пораката треба да биде наведена регистарската ознака на возилото, а официјалниот линк треба да води кон доменот safecountry.mvr.gov.mk... .. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter