Инстаграм повторно не работи, корисници од целиот свет пријавуваат проблеми - Канал 5

Инстаграм повторно не работи, корисници од целиот свет пријавуваат проблеми

Instagram повторно им создава проблеми за корисниците.

Инстаграм повторно не работи, корисници од целиот свет пријавуваат проблеми

Корисници од целиот свет пријавуваат проблеми со Инстаграм. Многу од нив известуваат дека погрешно ги вчитуваат приказните на Инстаграм или воопшто не ги вчитуваат, а некои корисници известуваат дека не можат да ја освежат почетната страница на таа социјална мрежа.

Исто така, постојат проблеми со испраќањето пораки, како и разни други проблеми со деловните сметки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноски: Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза, дадоа резултати

За време на енергетска криза, кога цените на светско ниво рушат рекорди, во Македонија состојбата е контролирана и стабилна.

Стојаноски: Инфлацијата се намали и изнесува 3,4%, владините мерки преземени за време на енергетска криза, дадоа резултати

Наспроти сите прогнози на опозицијата и нејзините сателити, според Државниот завод за статистика инфлацијата се намали и на годишно ниво и во јуни изнесува 3,4%.

Споредено со месец мај, инфлацијата забележува намалување од 0,5 проценти, додека, пак, индексот на цените на мало во јуни бележи намалување за 0,8%.

Тоа е што претставува посебен успех фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1% - бројки во услови на најголемата енергетска криза.

Ова значи дека цените на прехранбените производи и безалкохолните пијалоци се држат на стабилно ниво, а владата презема заложби и мерки тие уште дополнително да бидат стабилизирани.

Тие што сакаат да креираат лажна перцепција во јавноста уште еднаш се поразени од бројките.

Овие резултати, кои не се само бројки и проценти, туку реалната слика и состојба во државата, се потврдени и од релевантните институции, како што е и Државниот завод за статистика.

Тоа што претставува посебно задоволство, е што сето ова е резултат на работата и добро проектираните и применети економски мерки на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека светот се соочуваше со високите цени на нафтените деривати, благодарение на брзата реакција на Владата, Македонија го одржа нивото на најниски цени на енергенсите во регионот.

Успешното спроведување на владините мерки за енергетската криза, своевремено, го потврди и ММФ, кој посочи дека Македонија е во топ трите земји по преземените мерки за ублажување на ценовниот шок на горивата.

Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотниот бран однесе повеќе од 5.000 животи во Германија

Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).

Топлотниот бран однесе повеќе од 5.000 животи во Германија

Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), истакнувајќи дека најголемиот број смртни случаи е регистриран за време на топлотниот бран кон крајот на јуни.

Според неделниот извештај на РКИ, горештините се поврзани со приближно 5.120 смртни случаи, при што околу 4.270 од нив се однесуваат на лица постари од 75 години, пренесува Ројтерс.

Од РКИ наведоа дека меѓу жртвите имало повеќе жени отколку мажи, првенствено затоа што жените сочинуваат поголем дел од најстарата возрасна група на населението.

Европската служба за климатски промени „Коперникус“ објави дека Западна Европа го доживеала најтоплиот јуни досега, со просечна температура од 20,74 степени Целзиусови, пренесува Танјуг.

Надлежните органи во Франција, Белгија, Шпанија и Холандија пријавија повеќе од 4.700 смртни случаи над вообичаениот просек во периодот од 20 до 28 јуни, кој ја опфати најинтензивната фаза на топлотниот бран.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Планиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена жена

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека спречила планиран терористички напад врз висок функционер на руското Министерство за одбрана во Москва.

Планиран атентат врз човек од врвот на Министерството за одбрана на Русија, уапсена жена

Исто така, ФСБ уапси 25-годишна руска државјанка осомничена за соработка со украинските специјални служби.

Според ФСБ, осомничената била регрутирана од украинските служби во 2024 година за да собира разузнавачки податоци и да утврдува локации во Москва и Санкт Петербург што би можеле да се искористат за изведување напади, пренесе „Спутник“.

Руската служба изјави дека украинскиот оперативец бил во романтична врска со неа и ѝ ветил продолжување на врската во Украина по завршувањето на задачите. Според соопштението, во март 2026 година, жената изнајмила стан во Москва, каде што инсталирала камери за пренесување сигнали до Украина за следење на движењата на воениот персонал.

Според ФСБ, таа ги подготвила условите за престој на непосредниот извршител на нападот во истиот стан. ФСБ тврди дека било планирано извршителот да пристигне во Москва откако осомничената ќе ја напушти Русија и ќе замине за Украина преку Турција и Молдавија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер