Инстаграм им застанува на патот на лажните информации

Инстаграм конечно ќе почне поагресивно да се бори против лажните информации.

Тие најавија дека ќе започнат со отстранување на објавите кои содржат лажни информации.

Како што велат, ова нема само да се однесува само на дезинформациите околу коронавирусто, туку и на сите објави кои се означени од страна на „факт чекерот“ (проверувачот на факти) како лажни.

Исто така од „Recommended“,секцијата ќе бидат отстранети профилите кои имаат врска со коронавирусот, а во „Explore“  делот нема да може да се види ниту една објава која содржи информации, освен доколку не е поставена од веродостојна здравствена организација.

Инстаграм исто така воведува нова функција, под името „Co-Watching“. Таа им овозможува на корисниците заедно да прегледуваат објави преку групен видео повик, пишува „Engadget“.

притисни ентер