Инспекторите на терен: Проверка на цените и профитот на трговците со ТНГ по скокот од 3 денари на пумпите - Канал 5

Инспекторите на терен: Проверка на цените и профитот на трговците со ТНГ по скокот од 3 денари на пумпите

Од Акционерското друштво НОМАГАС и РКЕ за Канал 5 потврдуваат дека цените на ТНГ ги одредуваат трговците на слободниот пазар, односно цената не е регулирана.

Инспекторите на терен: Проверка на цените и профитот на трговците со ТНГ по скокот од 3 денари на пумпите

Откако цените на плинот на бензинските пумпи скокнаа за 3 денари во последните 3 дена, односно од 54 на 57 денари, од Државниот пазарен инспекторат за Канал 5 велат дека од понеделник инспекциски тимови ќе излезат на терен да ја проверат бруто-профитната маржа на трговците на големо и мало со ТНГ. Од Акционерското друштво НОМАГАС и РКЕ за Канал 5 потврдуваат дека цените на ТНГ ги одредуваат трговците на слободниот пазар, односно цената не е регулирана.

Што се однесува на природниот гас, од НОМАГАС посочуваат дека цената на метанот се утврдува еднаш годишно, а дел од енергетските експерти нотираат дека засега не се очекува проблем со снабдувањето или нагли зголемувања на цените на природниот гас во Македонија по нападите врз гасните централи во Иран и Катар.

-Цената нема некои драматични промени, моите информации се дека се движи негде 50 – 55 евра за мегават час фјучерси иако сезонски се менува. Колку што имам информации, европските резерви не се потрошени, се на 50тина проценти. Транспортот не е оштетен, не сме ние на тој Ормутски теснец да зависиме од нафтата да се транспортира така да очекувам да нема никакви проблеми. За ТНГ единствено е финансиските услови кои што трговците ги истргувале со тие што продаваат природен гас. Да биде јасно, природниот гас е пазарна роба, си има своја цена,- -Константин Димитров, МАЦЕФ.

Сепак, бомбардирањето на големите гасни централи ќе придонесе кон зголемување на инфлацијата не само во однос на транспортот туку и врз прехранбениот сектор бидејќи најголемиот дел од вештачките ѓубрива се произведуваат преку користење на гасот – посочува поранешниот министер за финансии Кирил Миновски.

Додега речиси никој од трговците на големо и мало со ТНГ не откриваат дали цената на плинот на бензиските станици и натаму ќе расте..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги отфрли шпекулациите дека би можела да формира сојузи со политички сили кои се противат на воената помош за Украина.

Мелони повлекува црвена линија: „Не сум добрa за сите годишни времиња“

Во интервју за италијанскиот весник „Ил Фодлио“, Мелони рече дека не е подготвена да се откаже од своите верувања за политичка или изборна корист.

„Џорџија Мелони сигурно не е подготвена да го стори спротивното од она што го направила или во што верува, заради политичка или изборна пресметка“, рече таа, одговарајќи на прашањето дали поставила јасни црвени линии за приклучување кон коалиција.

Нејзините зборови се предупредување до Роберто Ваначи, поранешен генерал кој стана екстремно десничарски политичар и отворен критичар на Европската Унија и воената помош за Украина.

„Кој бара премиер кој се предомислува во зависност од тоа која партија го поддржува, секогаш и исклучиво за лична корист, треба да бара некој друг. Јас сум сериозна личност и не сум добра за сите годишни времиња“, рече Мелони.

Мелони ќе се соочи со гласачите на изборите следната година, откако штотуку стана премиер со најдолг мандат во италијанската историја. „За мене, во текот на овие години, од изборна гледна точка, ќе беше покорисно да не ја поддржувам Украина отколку да ја поддржувам неа. Не ја поддржував Украина за Киев, туку за Рим“, нагласи италијанската премиерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните.

ЛДП анализа: Спротивно од премиерот, иселувањето ќе се интензивира во наредните години!

Додека премиерот шири розева пропаганда за наводен просперитет, суровата реалност и најновите PISA резултати покажуваат поразителна слика за Македонија: загрижувачка елементарна и функционална неписменост кај младите и целосен слом на образовниот систем. Оваа општествена хаварија директно се пресликува и во судството, каде што одлуките станаа целосно неразбирливи за обичниот човек. Во оваа држава, за ситен криминал се одговара експресно, додека за најголемите коруптивни процеси постапките немаат завршница или завршуваат со ослободителни пресуди за кои дури и не се објавуваат пишани образложенија, како што е случајот со „Талир 2“ и седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. За да се види каде завршиле искрадените пари од џебот на граѓаните, не треба замислување или правни филозофии — доволно е само да се отворат очите во центарот на Скопје и да се погледнат онаа огромна камена палата со толку спратови и целиот плоштад пред неа.

Македонија денес не се соочува со изолирани грешки, туку со невидена серија на скандали што го уништуваат секојдневието на граѓаните. Власта новата учебна година ја започна со скандалозно преображение на наставните програми и слушање црковни писма наместо наука, додека прославата на независноста ја претвори во коруптивен спектакл со приватизација на државни функции. Генералната неказнивост гарантирана преку Кривичниот законик, законите заглавени со месеци, и трагичниот, животозагрозувачки недостиг на лекови на Онкологија се само потврда дека системот е целосно заглавен. По истиот овој коруптивен модел денес на сите им е јасно зошто бегаме од европските правила и зошто по истиот принцип паѓаат економијата, здравството и образованието.

Во вакви катастрофални околности, Либерално-демократската партија (ЛДП) констатира дека, спротивно од празниот оптимизам на премиерот, иселувањето од Македонија не само што нема да запре, туку драматично ќе се интензивира во наредните години како директна последица на ова лошо владеење. Кој нормален човек, млад професионалец или родител би останал да живее во земја каде што ги нема основните услови за здравје, правда и заштита на сопствените деца? Единствените кои со задоволство ќе останат во ваква заглавена држава се луѓето од партиската елита на ВМРО-ДПМНЕ, кои се и единствените кои ја градат сопствената иднина врз грбот на оние кои си заминуваат.

Со почит,

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лице

При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Мобилниот тим „Task Force“ пронајде дрога во Љубаништа, лишено од слобода едно лице

Вчера (12.09.2026) во 22:20 часот, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад-Охрид, во рамки на преземените мерки и активности во врска со недозволена трговија со дрога, кај Автокамп „Љубаништа“ извршиле контрола и преглед над А.Ш.(43) од Прилеп.

При извршениот преглед кај лицето биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.

Лицето било лишено од слобода, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер