Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
2 Проблемите со видот, нарушувањето на видот и слабоста во мускулите може да бидат знак за недостаток на овој витамин
МакедонијаИнспекторатот за животна средина утврдил недостатоци во начинот на чување на отпадот во „Макстил“Инспекторатот за животна средина утврдил дека челичарницата Макстил не раководи соодветно со отпадот со филтерска прашина кои се чуваат на отворен простор близу фабриката, за што се можни казни и до 200 илјади евра... Над девет ипол илјади тони џамбо вреќи, полни со опасна филтерска прашина од челичарницата „Макстил“ се чуваат несоодветно, односно, на отворен простор близу фабриката, на земја, во кругот на поранешната скопска Железарница. Поради тоа што од дел од вреќите се прелева прашината која инаку се води како опасен отпад, која не треба да дојде во допир со почвата, а и ветерот може да ја разнесе наоколу, овој начин на чување претставува опасност за животната средина и здравјето. Ова го констратирал Инспекторатот за животна средина на 2-ри февруари. Според инспекторот Дарко Блинков кој го извршил надзорот, вреќите не биле обележани со дата и назнака дека станува збор за опасен отпад, а дел од прашината се одлевала надвор од вреќите. За констатираните недостатоци од инспекцијата, вели, законите наложуваат казна од 180.000 до 200.000 евра. Прашањето за тоа како Макстил управува со отпадот го актуелизираше неодамнешното истражување на БИРН во кое се нотира дека простор голем како едно фудбалско игралиште е покриен со слој од два-три метри опасен отпад, а извесно е дека дел стои таму подолго од максимално предвидените 36 месеци. Од инспекторатот велат дека компанијата има можност да се спогоди, и да плати најмалку половина од сумата што е предвидена со Закон, односно до 100.000 евра, а во спротивно, постапката би продолжила на суд. Од Макстил за Канал 5 велат дека ваквиот отпад не останал повеќе од три години и дека се извезува, како и дека соработуваат со инспекторатот и секој надзор се третира како основа за дополнително подобрување на процесите. „Станува збор за материјал (филтерска прашина од електролачна печка) кој е строго регулиран согласно А-интегрираната еколошка дозвола и законската рамка. Процесот на управување е под континуиран надзор и не претставува нерегулирана активност. Во последните три години целокупните новопроизведени количини филтерска прашина се извезени, односно не се акумулира нова количина надвор од контролираниот процес.“ Оттаму додаваат работат на целосно расчистување на преостанатите количини преку сигурен и лиценциран странски партнер и обезбедување долгорочно одржливо решение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометМинистерот Борко Ристовски упати честитки за РК Вардар за новата титула во Супер КупотМинистерот за спорт Борко Ристовски вечерва присуствуваше на 9. издание на Ракометниот Супер Куп на Македонија, што се одржа во Гевгелија, во организација на Ракометната федерација на Македонија.Во натпреварот за првиот трофеј во новата ракометна сезона силите ги одмерија актуелниот шампион РК Вардар и финалистот во Купот на Македонија, РК Охрид. РК Вардар ја потврди шампионската форма и со победата над РК Охрид во неизвесен дуел ја освои петтата титула во Супер Купот на Македонија. За вардарци ова е прв трофеј во новата сезона и продолжение на успешната традиција на клубот во ова натпреварување. Двојниот европски првак воедно е и најуспешниот клуб во историјата на Супер Купот. „Честитки за РК Вардар за заслужената победа и за освоениот петти трофеј во Супер Купот. Ова е одличен почеток на новата сезона и потврда за квалитетот и победничкиот карактер на тимот. На вардарци им посакувам успешна сезона како на домашната, така и на европската сцена во Лигата на шампионите. Честитки и за РК Охрид за прикажаната борбеност и одличниот натпревар. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе квалитетен и конкурентен македонски ракомет“ - изјави министерот за спорт Борко Ристовски. Министерството за спорт останува силен партнер и поддржувач на македонскиот ракомет и на сите спортски колективи кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот спорт.Тагови: Борко Ристовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево и топлоВремето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени. Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возилаДенес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook