ЖивотИнсектите не се геј, само се возбудениГолем број инсекти се впуштаат во хомосексуални активности, како што се додворување и парење, но научниците сепак тврдат дека тоа не е поради хомосексуални склоности, туку поради тоа што се збунети среде агонијата на репродукцијата, пишува Дејли мејл. Група научници од Универзитетот во Тел Авив тврди дека инсектите се размножуваат во брзање и немаат време да го проверат полот на партнерот, така што нивната хомосексуалност е всушност „несреќен случај“. Не постојат очигледни предности за одредени видови инсекти да бидат хомосексуални и тие можеби се прелажани од помислата дека другиот инсект е женка. Ова се случува поради сличноста во изгледот или поради мирисот што го почувствувале. Д-р Инон Шарф, лидерот на истражувањето, тврди дека парењето одзема време и енергија и дека може да биде опасно, така што од еволуциска гледна точка нема причина инсектите да бидат заинтересирани за хомосексуални односи. - Инсектите и пајаците се парат многу брзо. Цената на идентификување на полот или колебањето е значително поголема отколку цената на можната грешка - тврдат научниците. Кај одделни видови дури 85 отсто од мажјаците се впуштаат во хомосексуални активности. Освен тоа, мажјаците и понатаму го „носат“ мирисот на женката со која се спариле и на тој начин им испраќаат погрешни сигнали на другите мажјаци. Кај птиците и цицачите е докажано дека хомосексуалното однесување има еволуциски предности – овозможува „вежбање“ за младите и ги одржува врските во групата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗасилени инспекциски контроли во Општина БутелДенес се спроведуваат засилени инспекциски контроли на територијата на oпштина Бутел, во координација со инспекциските служби на Град Скопје и министерството за внатрешни работи. Под засилен инспекциски надзор се повеќе објекти за кои постојат основи за сомневање дека работат спротивно на законските прописи. Се вршат проверки на градежната документација, законитоста на изградените и доградените делови од објектите, дозволите за поставување и користење тераси, како и почитувањето на останатите законски обврски. Истовремено, се спроведуваат и засилени сообраќајни контроли, при што се изрекуваат казни за непрописно паркирани возила на пешачки премини, велосипедски патеки и зелени површини. Засилените контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел воспоставување ред, безбедност и почитување на законските прописи. Во општина Бутел нема селективност во спроведувањето на законите. Редот и законитоста се обврска за сите граѓани. Општина БутелКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип продолжува — досега вакцинирани 28.035 граѓаниСо вакцина против сезонски грип, досега, заклучно со 23.11.2026, се вакцинирани вкупно 28.035 граѓани, а преку електронска пријава на „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица.Закажани се 54.778 термини, од кои 23.225 се претстојни во наредниот период. Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Дополнителните над 26.000 дози се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови низ државата. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата од 6 месеци до 5 години. Министерството за здравство ги повикува граѓаните од ризичните групи да се вакцинираат и навреме да се заштитат. Граѓаните кои добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.Тагови: сезонски грип Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведен 31-годишник од тетовско за издржување затворска казна од една година Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.На 22.11.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово, во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР, го привеле М.Б.(31) од с.Челопек, тетовско, врз основа на судска наредба за издржување казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело по член 386 став 1 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа - Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затворска казна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter