Иновативна мобилна апликација на ЕБОР за промовирање зелени технологии - Канал 5

Иновативна мобилна апликација на ЕБОР за промовирање зелени технологии

Побрзо финансирање за климатските промени во време на корона вирусот и потоа, е целта на апликацијата за мобилни телефони Tech Selector што ја лансира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Иновативна мобилна апликација на ЕБОР за промовирање зелени технологии

Од апликацијата, достапна на повеќе од 10 јазици, корист ќе имаат, како што соопшти ЕБОР, бизниси, домаќинства, производители и продавачи.

Според Банката, бизнисите и сопствениците на домаќинствата ќе можат да ги користат мобилните телефони за да пребаруваат над 18.000 технологии кои ја подобруваат енергетската ефикасност, обезбедуваат обновливи извори на енергија, го намалуваат користењето на вода и спречуваат ерозија на почвата.

-Пандемијата на корона вирусот го забрзува префрлувањето кон онлајн трговијата. Ова е можност за унапредување на еколошката состојба во економиите на земјите. Нашата нова апликација го подобрува пристапот до информации во економиите каде мобилниот интернет е честопати понапреден од широко-појасните услуги. Tech Selector ги носи зелените технологии на еден клик до бизнисите и домаќинствата, со што ќе се овозможи намалување на сметките за комуналии, зголемување на продуктивноста и конкурентноста и подобрување на удобноста на домовите или деловните простории, вели Ксенија Брокман, помошник директор за енергетска ефикасност и климатски промени, ЕБОР.

Aпликацијата ќе го смени начинот на кој Банката ги испорачува финансирањата наменети за намалување на климатските промени за да ги задоволи потребите на клиентите кои сè повеќе ги користат мобилните средства за трговија и покрај пандемијата на корона вирусот.

Tech Selector ќе ја забрза реализацијата на финансирање проекти за поддршка на климатските промени преку Програмата за финансирање на зелени економии, другите финансиски инструменти на ЕБОР, меѓународните донатори и партнери ЕУ, Зелениот климатски фонд и Климатскиот инвестициски фонд.

Иновативната апликација базира на Селекторот на зелени технологии, првата алатка за е-трговија лансирана во 2018 година од страна на ЕБОР. Оваа онлајн платформа во шопинг стил, овозможува корисниците да имаат пристап до глобалните ресурси на зелени технологии, и е достапна во регионите каде ЕБОР има активности, но и вон нив.

Поставени се повеќе од 70 производи на платформата и апликацијата, а рангот на селектирањето варира од енергетски ефикасни топлински пумпи и соларни панели кои произведуваат обновлива енергија, па сè до иригациони системи за ефикасно искористување на водата и машини за сеење кои овозможуваат одржливо менаџирање на земјата.

Апликацијата и Селектророт на зелени технологии креираат пазар кој ги прави зелените технологии полесно достапни, истовремено промовирајќи ја меѓу-граничната трговија на економиите во регионите каде ЕБОР има активности. Производителите од цел свет може да ги достават своите производи во Селекторот на зелени технологии, а локалните продавачи може да ги регистрираат производите и локациите од каде што работата. Доколку доставената понуда ги задоволува барањата, ЕБОР овозможува истата да биде достапна до клиентите, да ја пребаруваат, и на апликацијата и на платформата.

Бизнисите и сопствениците на домаќинствата можат да пронајдат продавачи и производители, и за неколку минути да ја лоцираат најблиската понуда. Веднаш потоа, може да ги достават плановите за купување до финансиските партнери на ЕБОР – локалните банки, лизинг компаниите и институциите за микро-финансирање. Ова ќе го забрза времето на процесирање на барањата на клиентите и ќе направи полесно пристапување до финансирањето преку ЕБОР. Доколку клиентот реши да инвестира во зелена технологија која не е достапна во неговата земја, ќе може да ја увезе преку Програмата за олеснување на трговијата за зелени економии.

ЕБОР ја разви апликацијата Tech Selector и платформата под Програмата за финансирање на зелени економии со поддршка од донаторското финансирње на Министерството за финансии на Австрија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето

Општина Центар го санираше и реновираше платото над спортската сала во ООУ „Гоце Делчев“. Платото веќе подолго време протекуваше, а водата навлегуваше во салата и во ходниците на училиштето.

Герасимовски: Санирано и реновирано платото во училиштето „Гоце Делчев“, решен долгогодишниот проблем со протекувањето

Во рамки на градежно-санациските работи, платото е целосно обновено. Отстранети се сите постојни слоеви до конструкцијата, а поставени се нова хидро и термоизолација, нова кошулка и нови плочки. Направени се и решетки за површинско одводнување на атмосферските води. За учениците се поставени нови клупи за одмор, со што платото повторно е во функција на учениците. Дополнително се обновува и оградата во училиштето.

„Долго време оваа површина беше сериозен проблем за училиштето. При посилни врнежи, водата ја поплавуваше спортската сала и ходниците, па затоа беше потребна целосна санација, а не привремено решение. Со новата хидро и термоизолација и целосното уредување на платото, го решаваме проблемот и обезбедуваме подобри услови за настава“, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Општина Центар континуирано вложува во училишната инфраструктура и создава поквалитетни услови за учење, спорт и секојдневен престој на учениците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија

Европскиот совет за попис на птици ја претстави новата верзија на Европскиот портал за птици, преку кој во реално време може да се следи неделната распространетост на речиси 600 видови птици, колку што се среќаваат на европскиот континент. 

Следете ги птиците на Европа во речиси реално време - претставен новиот Европски портал за птици со податоци и од Македонија

Благодарение на платформата ptici.mk што пред две години ја разви Македонското еколошко друштво (МЕД), во живо се евидентираат и набљудувањата на птици направени во нашата земја.

Преку Европскиот портал на птици може лесно и да се спореди моменталната распространетост на кои било два вида птици што се среќаваат во Европа. Тука се прикажани селската ластовичка (лево) и белиот штрк (десно).

Сето ова е возможно благодарение на огромниот обем на податоци што редовно ги доставуваат над 200.000 волонтери-набљудувачи на птици до различните онлајн-портали за евиденција на птици во Европа: 750 милиони записи за птици од 2010 година наваму, од кои 76 милиони само во 2026 година. Сите овие податоци автоматски и на дневна основа се доставуваат до централната база на податоци на Европскиот портал за птици, со што се овозможува секојдневно ажурирање на сите карти во алатката за преглед со најновите информации.

Овој огромен проток на податоци за биолошката разновидност - најголемиот што моментално функционира во Европа со ажурирање во речиси реално време - се реализира преку Програмата „Лајф“ на Европската Унија и благодарение на тесната соработка на мрежа од 52 орнитолошки и еколошки организации од 41 различна земја.

Една од нив е и Македонското еколошко друштво кое сакајќи да го поддржи растечкиот број на набљудувачи, истражувачи и фотографи на птици, ја разви платформата ptici.mk во рамките на проектот „Зајакнување на Европскиот портал за птици“. Од нејзиното официјално пуштање во употреба во 2024 година до денес, на ptici.mk се внесени над 50.000 записи кои се „видливи“ и многу пошироко со оглед на тоа што платформата е целосно интегрирана во Европскиот портал на птици.

„Користиме структурирани и стандардизирани протоколи за собирање податоци и унапредување на граѓанската наука без која ваквите потфати би биле невозможни. Така придонесуваме за поголема географска покриеност и подобрен квалитет на целокупните податоци за птици собрани во Југоисточна и Источна Европа. Ова е исклучително важно, бидејќи без континуирани и квалитетни податоци не може да се планира заштитата на природата, ниту соодветно да се управуваат значајните подрачја за птиците и нивните преселни патишта“, потсетува Данка Узунова, орнитолог и координаторка на проектот во МЕД.

Новата алатка истовремено претставува и признание за клучната улога на илјадниците волонтери-набљудувачи на птици и покажува како ваквите поединечни локални придонеси можат да се обединат во корист на заштитата на птиците и подигнувањето на јавната свест на европско ниво, смета Габриел Гаргало од Каталoнскиот орнитолошки институт, главен координатор на европскиот проект.

Токму значителните подобрувања во географскиот опфат, бројноста, квалитетот и поврзаноста на податоците во еден портал се од витално значење за правилно разбирање на сезонските обрасци на распространетост на птиците, промените во нивната бројност и следењето на популациските трендови на подолг временски рок. Собирањето на ваквите податоци е дотолку поважно имајќи предвид дека ја даваат основата на важни извештаи како што е најновиот извештај на „Брдлајф Интернешнал“. Насловен „Состојбата со птиците во светот“, тој укажува дека опаѓаат популациите на дури 41 % од птиците-преселници долж африканско-евроазискиот преселен пат, во кој влегува и Македонија. Оттука, освен што недвосмислено помагаат да се документираат и следат популациите на птици, ваквите сознанија и податоци даваат и насоки како да креираме политики и како да ги спроведуваме активностите за заштита на птиците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Оваа земја е прогласена за најдобра дестинација во светот

Јапонија се најде на врвот на глобалната листа на Светскиот економски форум за развој на патувањата и туризмот, а по неа следуваат САД, Шпанија и Австрија. 

Оваа земја е прогласена за најдобра дестинација во светот

Што се однесува до Јапонија, во извештајот се наведува дека земјата ја проширила својата база на посетители и ги поттикнала патувањата надвор од главните туристички центри, со што го намалила ризикот од прекумерна концентрација на туристи, а истовремено пречекала рекорден број патници, пишува „Еуроњуз“ (Euronews).

Во соопштението на Светскиот економски форум се наведува дека најновиот Индекс за развој на патувањата и туризмот покажува оти условите за патување се на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, при што 92 отсто од економиите бележат напредок во споредба со 2024 година.

„Следното поглавје не се однесува само на привлекување повеќе посетители, туку ќе биде насочено кон создавање поголема вредност преку инвестирање во луѓето, инфраструктурата и посилна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, со цел туризмот да донесе трајни придобивки за заедниците, бизнисите и дестинациите“, се вели во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер