Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала
2Мухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала
ЗдравјеИновации во „ГОБ 8 септември“: Виртуелна технологија за побрзо закрепнување на спортиститеСпортските повреди на рамо се најчестите интервенции што ги прават хирурузите по ортопедија, но важно е интервенцијата да му помогне на спротистот да продолжи со спортот.Спортските повреди на рамо се најчестите интервенции што ги прават хирурузите по ортопедија, но важно е интервенцијата да му помогне на спротистот да продолжи со спортот, потенцира доктор Ненад Петков од градската болница „8 Септември“, специјалист по артроскоспки интервенции. Петков кој е истакнат хирург во ортопедските интервенции за прв пат во регионот ја направи виско софистицирана интервенција на рамо со користење на виртуелен систем на навигација и систем за предоперативно планирање. „Артроскопијата помага во делот на помало време да се врати во еден нормаелн живот, лекувањето е полесно и со помалку време поминато во болница. Токму ваквите повреди ќе ги презентираме и денеска на овој симпозиум каде ќе ги има најголемите достигнувања во артроскопската хирургија“, изјави д-р Ненад Петков ортопедија ГОБ „8 септември“. Оваа интревенција денеска беше изведена пред публика на хирурзи од неколку земји во светот на симпозиумот за артроскопија, чиј домаќин е Артсокопската асоцијација во Македонија. Посебен акцент се стави на операциите кои се изведуваа во болницата „8 септември“ а се гледаа на конференцијата преку видео бим. Улогата на ваквите семинири да се видат интервенциите и можните компликации. „Овие видеа се во живо тука нема монтажа каде се гледа целиот процес пристуните може да постават прашање и исто така може да се видат и можните компликации кои во тој момент може да се види што може да се направи“, објасни Зоран Несторовски хирург ортопедија ГОБ „8 септември“. На симпозиумот присустуваа хирурзи од многу земји кои ги презентираа своите достигнувања во артроскопијата која е иднина за побрзо закрепнување на пациентот. Тагови: ГОБ „8 Септември“ операција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСобранието ги избра новите 8 министриВо Собранието беа избрани 8-те новите министри во Владата предложени со владината реконструкција. За изборот на нови министри гласаа само пратениците од владеачкото мнозинство односно 69 пратеници. Опозицијата ја напушти седницата поради навредите кои кон нив ги упатил поранешниот министер за односи со заедниците и нов министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ. Попладнево, ситуацијата ексалираше, откако опозијата го обвини Стоилковиќ дека упатил навреди и пцовки на адреса на пратениците на СДСМ Фатмир Битиќи и Митко Трајчулевски надвор од салата, за време на попладнвената пауза. За нов министер за правда е избран Јетон Шасивари член на Вреди, министер за земјоделство Борче Серафимовски од ЗНАМ, нов министер за односи меѓу заедниците Агон Ферати од Вреди, министер за здравство Сашо Клековски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за туризам и култура Седат Сулејмани од Вреди, министер за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски од ВМРО-ДПМНЕ, министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ од ДПСМ, а нов министер без ресор е Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ. Новите министри беа избрани со 69 гласа „ЗА“, без ниту еден воздржан и против.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМухамеди: Кога притисокот кон властите е поголем -можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала„Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде“Имате ситуација во Парламент, Артан Груби го нарекува криминалец Сашо Мијалов, од друга страна излегува дека тој го ослободува од затвор. Тоа што политичарите го прават нечесно, нема врска со патриотизам, туку имаат за цел да ги лажат граѓаните за да добијат гласови. Треба само малку да ги гледаш работите пологично и да бидеш порационален за да сфатиш. Не знам што е лошо некој да каже дека ја почитува државата во која што живее за да добие негативнии коментари. Треба ли да пишувам дека ја сакам Албанија, а не ја сакам Македонија, за да добивам позитивни коментари? Треба да се работи на рационализација, на ваков начин не одиме никаде. Замисли каков притисок ќе биде направен на властите ако целиот народ и Македонците и Албанците и сите други останати се обединат за некои прашања, како што се на пример загадувањето, за неправди, каков ли притисок ќе имаат властите ако народот се обедини за таков вид на прашања. И кога притисокот кон властите е поголем, тогаш и можноста тие државата да ја гледаат како извор на лично финансирање, е помала. Тогаш тие ќе чувствуаат притисок и повеќе ќе работат за граѓаните, помалку за себе, вели Умејр Мухамеди во Само Вистина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСобранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
Шоу бизМарта е новата Мис Болоња: Некои слават, други незадоволниИзборот на Марта Бунд за Мис Болоња 2026 предизвика жестока дебата на социјалните мрежи. Откако беше прогласена за победничка на регионалниот натпревар, следеа илјадници коментари, а мислењата на корисниците беа целосно поделени. Дел од дебатата беше за нејзиното африканско потекло. Додека дел од јавноста ја гледа победата на Марта како знак на отвореност и инклузивност, други изразија незадоволство од исходот од натпреварот. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Во коментарите, некои корисници тврдеа дека изборите за убавина треба да го претставуваат „традиционалниот изглед“ и културното наследство на регионот. Други, пак, нагласија дека потеклото не треба да игра никаква улога во евалуацијата и дека единственото нешто што е важно е како кандидатките се претставиле и ги исполниле критериумите за натпреварување. Што всушност освои таа? Дебатата беше дополнително поттикната од објави што содржеа неточни или нецелосни информации, па затоа вреди да се разјасни што е во прашање. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Марта Бунда не беше крунисана за Мис Италија, туку ја освои титулата Мис Болоња 2026. Тоа беше регионално натпреварување кое ѝ обезбеди место во овогодинешното финале на Мис Италија. Организаторите стојат зад својата одлука Ваквите дискусии не се ништо ново во Италија. Во претходните години, учеството или победите на кандидатки од странско потекло, исто така, предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи и кај дел од јавноста. View this post on Instagram A post shared by Marta Bunda (@marta_bunda) Организаторите на натпреварот сè уште не дадоа коментар за контроверзноста, а резултатот од регионалниот натпревар останува на сила. Во меѓувреме, дебатата за современите идеали за убавина, идентитет и претставување на различни заедници продолжува на социјалните мрежи. Извор: Индекс.хрТагови: Мис Болоња Марта Бунд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter