Иниеста низ солзи ја заврши кариерата: Мислев дека нема да дојде овој ден (ВИДЕО) - Канал 5

Иниеста низ солзи ја заврши кариерата: Мислев дека нема да дојде овој ден (ВИДЕО)

Поранешниот шпански репрезентативец Андрес Иниеста денеска во Барселона изјави дека му се исполнил сонот да стане фудбалер и додаде дека планира да стане тренер, пренесуваат шпанските медиуми.

Иниеста низ солзи ја заврши кариерата: Мислев дека нема да дојде овој ден (ВИДЕО)

Иниеста на церемонија во Барселона официјално се прости од фудбалот.

- Мислев дека овој ден никогаш нема да дојде. Овие солзи што ги гледате не се поради тага. Ова се солзите на едно дете од Фуенталбиља, кое сонувало да стане фудбалер. И тој сон го остварив, со многу жртви. Не се откажав – изјави Иниеста.

На церемонијата присуствуваа поранешните соиграчи на Иниеста и првиот тим на Барселона предводен од тренерот Ханси Флик и претседателот на клубот Жоан Лапорте.

- Семејството, сестрата и родителите отсекогаш биле мојата движечка сила. Беа покрај мене, ми дадоа сѐ. Денеска имам одлично семејство, сопруга и деца, кои се моја инспирација – додаде поранешниот играч на Барселона.

Иниеста (40) играчката кариера ја започна во Албасете, а потоа играше за Барселона од 1996 до 2018 година. Со каталонскиот клуб освои 29 трофеи. Потоа играше за Коби од 2018 до 2023 година, а минатата сезона беше член на клубот Емирати од ОАЕ.

- Ла Масија ме промени засекогаш. Тоа е најдоброто место каде што можев да напредувам. Доаѓањето во Барселона беше сон, бев на најдоброто можно место. Имав чест да го гледам „Ноу Камп“ секој ден, а потоа да играм на тој терен. Најдобриот период го поминав во Барселона. Тоа беа магични години - најдобри и единствени. Уживавме во клубот - и со играчите и со навивачите. Барселона ми го промени животот - не можам да ги заборавам соиграчите и тренерите од тој период - изјави Иниеста.

YouTube video

Иниеста за шпанската репрезентација од 2006 до 2018 година одигра 131 натпревар и постигна 13 голови. Со репрезентацијата на Шпанија го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2008 и 2012 година.

- Мојата приказна во репрезентацијата започнува на 15 години. Сите тие тренинзи, соиграчи со кои играв... Благодарам на сите што ги запознав. Ја имав привилегијата да бидам во националниот тим во нејзиниот најславен период - изјави поранешниот шпански репрезентативец.

Тој најави дека планира да стане тренер.

- Не можам да бидам далеку од фудбалот. Тоа беше и ќе биде мојот живот. Мотивиран сум да бидам тренер. Би сакал да можам да играм до 90 години, но среќен сум, бидејќи го исполнив мојот сон да бидам фудбалер – заврши Иниеста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од понеделник температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ

Во организација на Друштвото на ликовните уметници на Македонија – ДЛУМ, на 16 ноември во Културно- информативниот центар –КИЦ, Скопје, во 20.30 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат / МиниАртура“.

„Мал формат / МиниАртура“ на ДЛУМ во КИЦ

Во рамки на „Мал формат“ ќе бидат претставени 37 автори со 64 дела, а во „МиниАртура“ 27 автори со 47 дела.

„Мал формат“ го насочува вниманието кон уметничкото дело со ограничени димензии, но со неограничен простор за визуелна, концептуална и емоционална интерпретација. Малата површина овозможува концентрација на ликовниот јазик и ја нагласува важноста на секој потег, линија, боја, форма и текстура. Претседателката на ДЛУМ, проф. д-р Јана Манева –Чупоска укажува дека во рамките на оваа изложба се среќаваат различни авторски пристапи, техники и поетики кои покажуваат дека форматот не ја ограничува идејата, туку може дополнително да ја засили нејзината експресивност. „Делото со помали димензии често создава непосредна и интимна комуникација со набљудувачот, барајќи поголемо внимание и поблизок контакт. „’Мал формат’“ , вели таа, е простор во кој малото станува значајно – како концентрација на мислата, чувството и личниот уметнички ракопис. Изложбата ја потврдува разновидноста на современото ликовно творештво и можноста во мал простор да се создаде силен и целосен визуелен исказ“.

За изложбата „МиниАртура“ Манева -Чупоска ќе рече дека ја претставува уметноста на прецизноста, концентрацијата и вниманието кон деталот.

„Минијатурниот формат создава специфичен ликовен простор во кој секој елемент има своја функција и значење, а малата димензија станува предизвик за уметникот и можност за исклучително концентриран визуелен израз. Во ‘МиниАртура’ големината на делото не ја определува неговата содржинска или естетска вредност, напротив, ограничениот простор отвора можност за суптилност, прецизност и истражување на формата, линијата, бојата, светлината и текстурата“, вели меѓудругото . претседателката на ДЛУМ.

Особената вредност на изложбата „Мал формат“ според проф. д-р Маја Рауник Кирков, претседателка на уметничкиот совет на ДЛУМ, произлегува од коегзистенцијата на различни авторски сензибилитети, техники и поетики. „Мал формат 2026“ е афирмација на уметничката мисла, креативната слобода и способноста на визуелниот говор преку минимална физичка форма да презентира комплексни естетски, емотивни и концептуални содржини. Вистинската вредност на делата на оваа изложба се наоѓа во капацитетот одлично да ги презентираат моќта на ликовните идеи и нивните ликовни артикулации“, вели меѓудругото Рауник Кирков. Таа смета дека изложбата „МиниАртура“ претставува специфичен простор на уметничка концентрација. „Физичката присутност на ликовните дела со минијатурни димензии го менуваат ритамот на гледање, поттикнуваат побавно набљудување, приближување и откривање на визуелните слоеви што не секогаш се откриваат при првиот поглед. Овие ликовни дела бараат внимание и посветеност, но за возврат нудат богатство од значења, асоцијации и естетски доживувања. Во нивните ограничени димензии често се отвораат неограничени простори на имагинацијата. Разновидноста на авторските ракописи и ликовните решенија ја потврдува способноста на современата минијатура да ги надмине конвенционалните претстави за размерот, обемот и монументалноста на уметничкото дело. Минијатурата станува простор на истражување во кој малото не значи ограничено, туку интензивно, промислено и содржински богато. Оваа изложба ја афирмира уметноста на суптилното присуство – онаа што не ја наметнува својата големина, туку ја освојува вниманието со својата внатрешна комплексност, поетичност и изразна моќ“, потенцира претседателката на уметничкиот совет на ДЛУМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо Огњеновски денеска присуствуваше на инклузивната трка „Run Together 2026“ што се одржa во Гевгелија, во рамките на спортскиот настан November Run, и изрази поддршка за учесниците и за организаторите.

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната трка „Run Together 2026“ во Гевгелија

Трката која годинава го бележи третото издание, ја организира Фондацијата „Ице Бегов“ во соработка со Атлетскиот клуб „7 Ноември“. „Run Together“ е ненатпреварувачка трка на 1 км. на која лица со и без попреченост, деца, семејства, спортисти, волонтери, претставници на училишта и на здруженија се движат заедно на иста патека. Настанот создава простор за рамноправно учество и ја поттикнува инклузијата и достапноста на спортот за сите.

„Вистинската вредност на спортот е во можноста секој да учествува, да биде прифатен и да се чувствува како дел од заедницата. Токму таа порака ја испраќа инклузивната трка „Run Together 2026“, настан кој преку спортот ги обединува сите луѓе со добра волја. Ми претставува особено задоволство што Министерството за спорт ја поддржува оваа прекрасна иницијатива, која покажува дека спортот е многу повеќе од натпреварување – тој е заедништво, еднаквост, почитување и можност за сите“ - истакна Огњеновски.

Во трите досегашни изданија трката обедини над 2.250 учесници и поддржувачи од целата држава.

Спорт достапен за сите во целата држава е една од целите и заложбите на Министерството за спорт што се реализира преку програмата за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура и поддршка за спортските и рекреативните настани кои значат промоција на спортот и на спортските вредности.

Со почит,

Министерство за спорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер