Иницијативен одбор бара свикување вонредна седница на МАР - Канал 5

Иницијативен одбор бара свикување вонредна седница на МАР

Македонската асоцијација за рударство, како највисоко струково тело во рударството, мора да ја врати својата улога како двигател на одржлив и одговорен развој, со јасен фокус на заштита на интересите на членките.

Иницијативен одбор бара свикување вонредна седница на МАР

На 14 февруари 2025 година, Иницијативниот одбор за свикување на вонредна седница на МАР, составен од 12 членки на Македонската асоцијација за рударство (МАР), поднесе барање до Претседателот на Стопанската комора на Република Македонија и Управниот одбор на Комората за итно свикување на вонредна седница. Барањето е резултат на сериозната загриженост за досегашното управување на МАР, кое, според членките, не придонесе доволно за развојот на секторот ниту за унапредување на транспарентноста и инклузивноста во донесувањето одлуки.

Во изминатиот период, членките на МАР укажуваа на недостигот на јасна визија и проактивен пристап за справување со предизвиците на рударскиот сектор. Проблемите со застарени организациски практики, отсуство на ефективна комуникација со надлежните институции и неподготвеноста за соочување со новите законски барања – сето тоа го доведе секторот во позиција која бара итни и суштински промени.

Македонската асоцијација за рударство, како највисоко струково тело во рударството, мора да ја врати својата улога како двигател на одржлив и одговорен развој, со јасен фокус на заштита на интересите на членките, почитување на животната средина и одговорност.

Вонредната седница на која ќе се избере нов претседател на МАР и ќе се разгледаат предлозите за реорганизација ќе се одржи денес, 29 мај 2025 година. Оваа седница е можност за обновување на довербата и за воспоставување на ново, поефикасно раководство кое ќе ја гарантира иднината и развој на рударскиот сектор.

Членките на асоцијацијата остануваат цврсто посветени на мисијата за развој на секторот, со почитување на највисоките стандарди за транспарентност, професионалност и соработка со сите засегнати страни.

Македонска асоцијација за рударство (МАР)

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Во четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади Костадиновски

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

1 морков

1 тиквичка

1 главица кромид

1 страк праз

200 гр. шампињони

3 лажици соја сос

малку буковка

малку сусам

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!

Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.

УЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури.

Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.

Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API повиците и JSON форматот, поради што компаниите повторно ги прилагодија своите системи согласно новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk

Во третата фаза, се преминува на веб апликација, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура.

Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании - избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис заедницата и останати здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои беа презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-Фактура.

Во соработка со Стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-Фактура.

Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-Фактури.

Управата за јавни приходи ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот.

Особено е важно да потенцираме дека и оние компании кои немаат назначено даночен агент, ги охрабруваме да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии.

Корисни информации за тестирањето:

• Потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk

• Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg

• Тест платформа за е-Фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk

• Контакт за поддршка: [email protected]

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

По двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул.

Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција.

Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година.

Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер