Расте бројот на загинати во страшната сообраќајка во Бразил- камион преминал во спритивната лента и удрил во минибус (ВИДЕО)
1Расте бројот на загинати во страшната сообраќајка во Бразил- камион преминал во спритивната лента и удрил во минибус (ВИДЕО)
3МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
ЖивотИницијативата„Стоп за Усје“ достави барањето за измена на А-интегрираната дозвола за работа на цементарницатаСпортистите и еко-активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ трчаа од цементарницата „Титан Усје“ до Министерството за Животна СрединаСпортистите и еко-активисти од иницијативата „Стоп за Усје“ трчаа од цементарницата „Титан Усје“ до Министерството за Животна Средина за да го достават барањето за измена на А-интегрираната дозвола за работа на цементарницата. Од иницијативата велат дека ја следат работата на министерството и најавија дека ќе учествуваат на јавната расправа која мора да биде организирана. -Оваа дозвола ја подготвија граѓаните, еко-активисти и експертите за животна средина со цел „Титан Усје“ конечно да ги примени и да почне да работи како еколошка цементара во 21 век.Нашата порака е јасна. Сега нема кого да обвинувате. Одговорноста за каков воздух ќе дишеме во следните седум години е во рацете на МЖСПП.Одговорноста е кај минситерството да избере дали ќе застане од страната на граѓаните и децата или од страната на профитот на „Титан Усје“.-- Стефанија Змијанац. Од „Титан Усје“ беше поднесено барање за обнова на А-интегрирана дозвола до министерството на 11-ти март, претпоследниот ден од законскиот рок, а досегашната дозвола им беше издадена во 2020 година. Од „Стоп за Усје“ организираа и неколку протести, а последниот беше на 28-ми февруари кога организираа и „Блокадафест“ поддржан од повеќе диџеи и музички групи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРасте бројот на загинати во страшната сообраќајка во Бразил- камион преминал во спритивната лента и удрил во минибус (ВИДЕО)Најмалку 23 лица загинаа, а четворица се повредени во челен судир меѓу минибус и камион на автопатот BR-373 во бразилската држава Парана, соопшти денеска операторот на патиштата Виа Араукарија во објава на социјалната мрежа X.Сите жртви биле патници во минибусот, додаде Виа Араукарија. Патот бил целосно блокиран по несреќата и немало проценка кога сообраќајот ќе се врати во нормала, соопшти операторот на патиштата. Според прелиминарниот извештај од Федералната сообраќајна полиција на Бразил, повеќето од жртвите биле патници во минибусот, кој припаѓа на здравствената служба на општината Имбитува, град во истата област. Возачот на камионот, исто така, загинал во несреќата. Пет повредени лица биле спасени и однесени во болниците во Понта Гроса, објавува CNN Brasil. Според првичните информации, камионот преминал во спротивната лента и се судрил челно со минибусот. Екипите во моментов го истражуваат местото на настанот и ги отстрануваат возилата за да соберат докази и да ги утврдат точните околности и текот на несреќата. Камионот се движел од Карамбеј до Прудентонополис, додека минибусот се движел од Имбитува до болниците во пошироката област Куритиба. Според информациите од Федералната сообраќајна полиција, камионот имал регистарски таблички од градот Ересао, на север од државата Рио Гранде до Сул. BRASIL | Um acidente entre um micro-ônibus e um caminhão deixou 21 mortos e quatro feridos na BR-373, em Imbituva, na região Central do Paraná. A colisão foi registrada na madrugada desta quarta-feira (19). #caminhao #onibus #acidente #parana #abcmais pic.twitter.com/XYaAbwgMT9 — Jornal NH (@jornalnh) August 19, 2026 На местото на несреќата интервенираат припадници на Цивилната полиција, Федералната сообраќајна полиција, службата за итни случаи SAMU, форензичката полиција, противпожарната служба, како и екипи од концесионерот што управува со патот.Тагови: Бразил камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Започна примената на системот „Безбеден град“ и за странските возила на ГП ТабановцеОд денеска започна примената на воспоставениот механизам за постапување со возачите на возила со странски регистарски таблички кај кои системот „Безбеден град“ евидентирал сторен сообраќаен прекршок на територијата на Македонија.На Граничниот премин Табановце, при излез од државата, се појавуваат возила кај кои системот има претходно евидентирано сообраќајни прекршоци. На возачите им се соопштува дека е евидентиран прекршок и им се издава Записник за сторен сообраќаен прекршок со прекршочен платен налог, со можност казната да ја подмират согласно законската постапка. Поголемиот број возила кои денес се појавуваат на граничниот премин се должи на тоа што станува збор за прв ден од примената на овој механизам, при што се опфаќаат и претходно евидентираните прекршоци. Министерството за внатрешни работи презема активности за непречено одвивање на постапката и намалување на задржувањето на патниците. Со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без оглед дали станува збор за возила со домашни или странски регистарски таблички. „Безбеден град“ претставува значаен инструмент за унапредување на безбедноста во сообраќајот и зголемување на одговорноста кај сите учесници во сообраќајот. Министерството за внатрешни работи продолжува со имплементацијата на системот, со цел неговата примена постепено да се прошири и на останатите гранични премини во државата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗападнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
ТехнологијаРобот трча побрзо од Усеин Болт- нозете му се покуси од еден метар (ВИДЕО)„Јунитри“ го претстави роботот „Супермен“ кој го победи Усеин Болт неколку дена пред јавната понуда.„Јунитри Роботикс“ го претстави својот хуманоиден робот, наречен „Супермен“, во понеделник, тврдејќи дека може да трча со максимална брзина од 12,66 метри во секунда и да скокне два метра во висина од стоечка положба, соборувајќи ги сите претходни човечки рекорди. Претставувањето се случи само два дена пред акциите на „Јунитри“ официјално да излезат на берзата во Шангај, по една од најбараните технолошки понуди што пазарот некогаш ги видел, објави Криптополитан. „Супермен“ постигнува неверојатни бројки Супермен скокна два метра од стоечка положба на нозе долги 0,85 метри и достигна брзина од 12,66 м/с, што е еквивалентно на 45,6 км/ч. Човечките рекорди со кои се споредува роботот во овие дисциплини се 1,8 метри за скок во стоечка положба и 12,4 м/с за спринтот. Усеин Болт достигна максимална брзина од 12,42 м/с за време на неговата трка со светски рекорд во 2009 година, што значи дека роботот „Супермен“ е побрз од најбрзиот човек на светот што некогаш успеал да го истрча, ако податоците од компанијата Унитри се покажат како точни. Сепак, компанијата за роботика не објави никаква независна потврда за овие податоци, бидејќи сите бројки доаѓаат од видео снимки на компанијата, а не од независно измерен настан. Unitree New Robot Preview: “Superman” Breaking the Limits of Humanity🥳 Standing high jump 2 m, top speed 12.66 m/s (0.85 m leg length) Surpassing the standing high jump and running speed records of all humans around the world This new machine has only been in development for a… pic.twitter.com/12i80ITU6p — Unitree (@UnitreeRobotics) August 17, 2026 Три месеци развој Унитри исто така вели дека нејзините инженери го изградиле роботот за нешто повеќе од три месеци и дека сегашниот хардвер на овој хуманоиден робот остава многу простор за подобрување. Основачот на компанијата Ванг Сингсинг наговести за оваа можност уште во март на Форумот за претприемачи во Јабули, Кина. Тој предвиде дека хуманоидните машини ќе го надминат човечкиот спринт до средината на 2026 година, наведувајќи ги поевтините делови и подобриот софтвер (алгоритми) како причина за оваа можност. Компанијата за роботика го претстави моделот As2W неколку недели претходно, робот со четири нозе, на тркала, дизајниран да носи товар. As2W тежи 25 килограми, може да носи регистриран максимален товар од 180 килограми и континуирано може да носи товар до 16 килограми. IPO-то на Unitri е на дофат Unitri ги процени своите акции за претстојната почетна јавна понуда (IPO) на 150,8 јуани и собра околу 6,1 милијарди јуани (речиси 905 милиони долари), во договор што ја проценува компанијата на околу 9 милијарди долари. Побарувачката за акциите беше повеќе од 5.000 пати поголема од понудата, а компанијата собра 45% повеќе пари од 4,2 милијарди јуани што првично ги планираше. Вистинските приходи, исто така, придонесуваат за оваа проценка, бидејќи продажбата минатата година достигна 1,7 милијарди јуани, повеќе од четири пати поголема од бројката во 2024 година, со нето добивка од 591 милион јуани. Во 2025 година, „Јунитри“ продаде повеќе од 5.500 хуманоидни единици во своите серии G1, H1 и R1, при што поголемиот дел од нив беа наменети за истражувачки лаборатории и клиенти од индустријата за забава, наместо за фабрики и производители.Тагови: Робот Усеин Болт Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter