Иницијатива за нова спомен-плоча и за отворање легат за Мисирков во Одеса

Партијата Македонски концепт ќе упати барање и ќе се координира со новите министри за надворешни работи и за култура за да се постави нова меморијална плоча и да се отвори легат за Крсте Петков Мисирков во Одеса.

Партијата Македонски концепт ќе упати барање и ќе се координира со новите министри за надворешни работи и за култура за да се постави нова меморијална плоча и да се отвори легат за Крсте Петков Мисирков во Одеса, а исто така и да се разгледа можноста за отворање македонски конзулат во тој украински град.

Претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески, и потпретседателот Самуел Наумовски Викиус, иницирале средба со градоначалникот на Одеса, Генадиј Труханов, и со директорот на Одделот за култура, меѓународни односи и европска интеграција, Иван Липтуга, за да се дискутира за македонското културно-историско наследство во Украина и, конкретно, во Одеса.

-Во фокус на разговорот беше спомен-куќата во која живеел и творел македонскиот апостол и борец за македонската кауза, Крсте Петков Мисирков. Дискутиравме за достојно одбележување на неговото име и дело со поставување нова меморијална плоча на куќата каде што Мисирков живеел од 1909 до 1913 година, на улица „Канатна“ број 28. Македонски концепт побара таа да биде задолжително и на македонски јазик и на неа да биде изгравирано македонското знаме, соопшти денеска Македонски концепт.

Општината Одеса, како што наведуваат, ја поддржала таа идеја и било дадено ветување дека постапката ќе почне наскоро.

-Дополнително, побаравме отворање легат (спомен-соба) на Мисирков, со помош на македонската Влада и документација која може да се најде во украинските архиви. Исто така, ја разгледавме можноста за отворање македонски конзулат на ова свето место за нас, Македонците, и за македонската кауза, информира партијата на Богојевски. Додаваат дека нивните домаќини во Украина се подготвени за можноста и некоја од улиците во Одеса во иднина да биде именувана по Мисирков.

Како што информира, од општината Одеса одлучиле да почнат со истражување во нивните архиви со цел да најдат што е можно повеќе информации за делото и трагите на Мисирков и за сегашниот сопственички статус на Куќата музеј на архитектурата и историјата.

„Гответе со Дракче“ - Палачинки

Во среда (12.02.2025) во емисијата гостин ни беше Билјана Јаневска.

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. брашно

1 јајце

250 мл. минерална вода

200 мл. млеко

200 гр. мелени бисквити

1 мало тегличе мед

200 гр. мелени ореви

чоколаден прелив

Напиток салеп

млеко и цимет по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Салах постави рекорд во Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах постигна гол и асистенција на презакажаниот натпревар од 15. коло на англискиот шампионат против Евертон (2:2). 

Натпреварот се одигра синоќа на „Гудисон Парк“ во Ливерпул.

Сега Салах има 13 гола и девет асистенции на 13 гостувања оваа сезона. Триесет и двегодишниот Египќанец стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој постигнал 22 поени (голови + асистенции) на гостински терен во една сезона.

Салах го собори рекордот на фудбалерот на Њукасл, Енди Кол од 21 поен (гол и асистенции) на гостински натпревари поставен во сезоната 1993/94.

Акција за собирање кабаст отпад на локации во Пролет, Водно и Буњаковец

Општина Центар започнува нова акција за собирање кабаст отпад, со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на живот во локалната самоуправа. 

Во периодот од 15ти до 20ти во наредните три месеци - февруари, март и април, граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат кабастиот отпад на три локации:

- Во населба Пролет, кај Феријален дом;

- На Водно, кај КТК до контејнерите;

- Во Буњаковец, кај контејнерите кај Вучко.

„Апелирам до сите да ја искористат оваа можност и на еколошки начин да се ослободат од кабастиот отпад. Да ги чуваме нашите улици чисти и да придонесеме кон поздрава животна средина!“ – порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата се спроведува согласно Акцискиот план за чист воздух и во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање. Дополнително, службите на локалната самоуправа активно спроведуваат голема кампања за чистење на општината под мотото „Центар не чека, Центар чисти“. Оваа иницијатива доби силна поддршка и позитивни реакции од жителите.

Заедно со граѓаните продолжуваме да создаваме чиста и уредена општина, во која приоритет ќе биде здравата животна средина.

Општина Центар

притисни ентер