Иницијатива за конгрес: Мицкоски нема капацитет да ја води ВМРО ДПМНЕ, време е за оставки

Групата актуелни и поранешни функционери на ВМРО ДПМНЕ кои бараат одржување на вонреден конгрес за избор на ново раководство побараа оставка и одговорност од претседателот на партијата, Христијан Мицкоски по изборите во Штип.

Иницијатива за конгрес: Мицкоски нема капацитет да ја води ВМРО ДПМНЕ, време е за оставки

Јасно е дека сеуште актуелниот претседател, нема капацитет да ја води партијата. Време е за оставки и одговорност. Политиките на се уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски носат само порази и ја уништуваат ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ денеска слави во Штип, а членовите на ВМРО-ДПМНЕ се понижени и потиштени бидејќи првиот човек не им дозволи да се борат за вмровскиот бастион. Во ситуација на здравствено-економска криза, бугарско вето и бројни скандали, СДСМ успеа да добие 1600 гласови повеќе од гласовите кои ги освои во јули во Штип.Почист и појасен показател дека граѓаните не гледаат алтернатива во мицкоски, нема, се вели во соопштението од иницијативата за конгрес на ВМРО ДПМНЕ.

Јон Фрчкоски поднесе оставка од партиската функција во СДСМ

Јон Фрчкоски поднесе оставка од морални причини од функцијата директор на Центарот за истражувања и анализи во СДСМ.

Јон Фрчкоски поднесе оставка од партиската функција во СДСМ

Директорот на Центарот за истражувања и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски поднесе оставка од функцијата од како што наведува на неговиот Фејсбук профил морални причини по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека конзумирал наркотични средства иако нападите врз него ги оценува како дефокус на јавноста за начинот на кој се води истрагата за трагичната несреќа во Кочани, сепак вели дека не е горд на своето минато и не сака да биде товар на партијата, како и дека нема да дозволи СДСМ да биде мета на напади и јавен линч.

Престрогото родителство штетно за младите личности во развој

Прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки.

Престрогото родителство штетно за младите личности во развој

Родителите често веруваат дека ограничувањето на излегувањата и поставувањето строги правила ги штити децата од опасност, но прекумерната контрола може да доведе до проблеми во развојот на самодовербата, социјалните вештини и донесувањето одлуки.

Имено, кај децата кои растат во премногу строги семејства, каде што правилата се „драконски“ и нема никаков простор за „преговарање“ и попуштање, честопати се развива анксиозност и ниска самодоверба. А пак, децата израснати во средина со поголема самостојност за одлуките, желбите и поотворена комуникација, имаат подобри социјални вештини и поголемо чувство за одговорност. Адолесцентите кои имаат поголема слобода во донесувањето одлуки, подоцна покажуваат повисоко ниво на зрелост и емоционално прилагодување.

Освен тоа, престрого контролираните деца често стануваат побунтовни или кријат информации од своите родители, наместо отворено да комуницираат со нив.

Умерено строгото (авторитетно, а не „авторитарно“) родителство, коешто е спој од јасни правила, смирен, топол тон и флексибилност, се смета за најздраво за развојот на детето, советуваат стручњаците. Исто така, дружењето со врсниците е клучен дел од растењето, а социјалната интеракција овозможува да се развијат комуникациски вештини, емпатија кон другите луѓе и чувство на припадност.

Кога децата се премногу ограничени, тие може да се почувствуваат изолирани, што доведува до социјална несигурност и проблеми со менталното здравје. Поставувањето пофлексибилни правила, како што е согласноста за враќање дома подоцна, наместо строга забрана, поттикнува одговорност. Децата кои имаат доверба во родителите честопати се поодговорни, бидејќи не чувствуваат потреба се кријат, да бегаат или да се бунтуваат. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Зошто СДС молчи за фотографиите каде се гледа дека Фрчкоски се дрогира?

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо политизација на трагедијата на Кочани, следува правда

Жално е што напорот за докажување на правдата за СДС е политички процес и на тоа гледаат низ партиска призма. Уште пожално е што правдата не е циркус, туку процес.

Притвор се одредува со докази и правни основи, а не со притисоци од партиски штабови. А, кога сме кај тезата на СДС дека селективна била акцијата за виновниците за трагедијата во Кочани, во притвор има двајца градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, има функционери и поддржувачи на СДС и ДУИ, но и луѓе кои не се членови на партии.

Ова е битка за промена на системот, а не за заштита на системот.

А, кога сме кај тезата селективна правда не е правда, СДС зошто молчи за синчето на Фрчкоски? Дали Јон Фрчкоски се дрогира во просториите на СДС или во просториите на Јавното претпријатие за стопанисување на станбен и деловен простор, каде Јон беше помошник директор?

Дали Јон Фрчкоски е подготвен да направи јавен нарко тест за утврдување на психотропни супстанци?

Кој е ставот на Венко Филипче кој го поставил Јон на ваква позиција?

ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер