МакедонијаИницијатива за измени и дополнување на Законот за кривична постапкаОсновниот кривичен суд Скопје, по одржан колегиум на судии на 18.12.2019 година, интегрално го објавува предлогот на судијата Владимир Туфегџиќ, прифатен од Претседателот на судот, за иницијатива за измени и дополнување на ЗКП.Во однос на веќе воочени пречки за постапување во одредени предмети кои доведвуаат до непотребни одолговлекувања на постапките, а кои не се по вина на судот, сметaме дека е потребно за иницијативата да биде запоснаена и целата јавност. Иницијативата, заедно со евентуланите забелешки и дополнувања од другите судии на Кривичниот суд ќе биде доставена до надлежноите институции. Со оваа иницијатива судиите на овој суд сакаат да придонесат за измени со кои доследно ќе се почитуваат правата на странките во постапката, ефикасност во постапувањето, еднаквост на оружјата и почитување на правото за судење во разумен рок. Согласно чл. 371 ст. 2 од Законот за кривична постапка, во делот на продолжување на главната расправа, поради измена на составот на советот или судија поединец, сегашното законско решение наметнува обврска советот да може да одлучи определени сведоци и вештаци да не се сослушуваат повторно туку да се прочитаат нивните искази внесени во записниците од поранешната главна расправа доколку постои согласност на странките. Имајќи го предвид погоре наведеното и досегашната судска пракса, во смисла на примена на законските одредби од ЗКП, а кои се однесуваат на повторен почеток на главна расправа во случај на измена на составот на судечкиот совет, сметам дека Основниот кривичен суд треба да поднесе иницијатива за измена и дополнување на Законот за кривична постапка од причина што досегашната судска пракса покажала дека при промена на составот на судечкиот совет, продолжувањето на веќе започната кривична постапка во целост зависи од согласноста на странките, во однос на веќе изведените докази. Имено, во досегашното постапување во кривичните предмети пред Основниот кривичен суд, клучен фактор за одолговлекувањето на започнатите кривични постапки е токму изричната законска одредба од член 371 од ЗКП, која наметнува обврска на судечкиот совет да бара согласност од странките да се прочитаат веќе изведените материјални и вербални докази, а доколку таква согласност не биде дадена од странките во кривичната постапка, судечкиот совет во изменет состав мора одново да ги изведе сите докази. Врз основа на погоре наведеното, сметам дека треба да се иницираат измени и дополнување на Законот за кривичната постапка, со тоа што ќе се предвиди во членот 371 од ЗКП, дека при промена на составот на судечкиот совет, започнатата кривична постапка непречено ќе продолжи откако на новите членови на постојниот судечки совет на нејавна седница ќе им бидат презентирани дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка,за што ќе се состави записник за одржана нејавна седница на судечкиот совет, притоа да се избришат законските решенија во оваа смисла кои предвидуваат изрична согласност на странките во кривичната постапка по однос на повторното изведување на веќе изведените докази. Во ваква правна ситуација, од процесен аспект, нејавната седница заради запознавање на новите членови на судечкиот совет со дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, би ја закажал претседателот на судечкиот совет или судечкиот член на судечкиот совет, а доколку дојде до промена и на претседателот на судечкиот совет и судечкиот член на судечкиот совет, тогаш нејавна седница заради запознавање на новите судечки членови на советот, би ја иницирал претседателот на Кривичниот суд. За кривични дела за кои согласно законот е предвидено постапување на судија поединец при промена на судија поединец во текот на кривичната постапка, нејавната седница заради запознавање со дотогаш изведените докази во текот на кривичната постапка, би ја иницирал претседателот на Кривичниот суд. Сметам дека со имплементација на вакви измени во Законот за кривичната постапка, би се запазило начелото на економичност и ефикасност во судската постапка и воедно би се оневозможило злоупотреба која како крајна цел има одолговлекување на започнатите судски постапки особено во сложени кривични предмети со голем број на материјални и вербални докази. И, конечно, ваквото предлог-решение сметам дека е оправдано имајќи ја предвид арбитрарната улога на судечкиот совет во кривичната постапка, која врз основа на изведените докази предложени од странките во кривичната постапка треба да изгради сопствено мислење во контекст на кривичното дело кое на обвинетите им се става на товар, па оттаму сметам дека доказите кои ги предлагаат странките во кривичната постапка се изведуваат со цел судот или судечкиот совет,да ги утврди решителните факти и врз основа на тоа да изгради мислење и донесе мериторна одлука, а не обратно и затоа е потребно да се интервенира со ново и целисходно законско решение кое ќе овозможи непречено водење на кривичните постапки. Основен кривичен суд СкопјеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
СудбинаПласичен хирург е убиен поради операција на задник- платен убиец го застрелал во глава пред сопругатаГерманскиот естетски хирург Александар Аслани (57) е убиен во неговата клиника во луксузното шпанско одморалиште Марбеља.Истражителите се сомневаат дека станува збор за професионално организирано убиство по договор, а истрагата е фокусирана на два можни мотиви, објави Пипл. Пред неколку дена, еден маж мирно влегол во ординацијата на естетскиот хирург и го убил Аслани со неколку истрели во главата. Неговата сопруга, Жанин, била сведок на нападот, по што истрчала врескајќи на улицата. Осомничениот, 18-годишен шведски државјанин, бил уапсен 24 часа по злосторството. Според шпанските медиуми, се верува дека е поврзан со озлогласената банда „Шотаз“. Полицијата наводно го пронашла благодарение на регистарската табличка на неговиот мотоцикл. Местото на злосторството била клиниката Цирумед во Марбеља, каде што Аслани извршувал пластични операции. Групата „Шотаз“ потекнува од проблематичната населба Ринкеби во близина на Стокхолм и сега е активна на Коста дел Сол, според извештаите на медиумите. Истражителите ја поврзале мрежата со сериозен организиран криминал. Според медиумските извештаи, групата наводно се занимава и со обезбедување на платени убијци, за што наплаќаат помеѓу 10.000 и 12.000 евра. Младиот Швеѓанец од африканско потекло е во притвор. Според извештаите, тој одбил да даде каква било изјава пред судијата за можните соучесници. По прегледувањето на медицинските картони на пациентите и интервјуирањето на вдовицата Жанин и вработените во клиниката, полицијата истражува два можни мотиви за убиството. Првиот можен мотив - Неуспешна операција на задникот Една од трагите води до богата Саудијка која сакала да го зголеми задникот или да се подложи на процедура позната како „бразилско подигнување на задникот“ (BBL), која чинела 40.000 евра. Александар Аслани извршил ваков вид операција илјадници пати. Меѓу неговите клиенти имало жени од светот на филмот и телевизијата, порно актерки, па дури и принцеза. Благодарение на ваквите процедури, тој стекнал голем углед во светот на естетската хирургија. Меѓу неговите пациенти била и интернет ѕвездата Никол Џулија, која ја изразила својата тага и благодарност за неговата работа по неговата смрт. „Ви благодарам, докторе, за вашите вешти раце и вашата грижа“, рече таа во прошталната порака. Според германскиот весник „Билд“, по првата операција на жена од Саудиска Арабија, за која наводно му биле платени 16.000 евра, Аслани одбил да изврши втора, претходно договорена интервенција. Наводно, тој сметал дека пациентката е психолошки неспособна да ја издржи следната фаза од операцијата. По неговата одлука, богатиот и, наводно, влијателен човек побарал да му бидат вратени парите. Наводно, Аслани одбил да ја врати првата уплата, по што добил сериозни закани. Истражителите сега се обидуваат да утврдат дали спор околу естетската хирургија можел да биде мотив за ангажирање на платен убиец. Според медиумските извештаи, двојката ја напуштила Шпанија и сè уште не се вратила во својата матична земја. Веста за смртта на хирургот ги потресе и бројни познати личности кои биле подложени на процедури во неговата клиника. Британската актерка Ајслин Хорган-Волас, која позираше со својот колега Двејн Џонсон на фотографија, се збогува со него со емотивна порака. „Скршено ми е срцето. Д-р Аслани беше прекрасна личност, со големо срце“, рече актерката. Друг можен мотив - Одмазда по смртта на пациентка Друга линија на истрага се однесува на смртта на колумбиска пациентка, која наводно починала по естетска операција во клиниката на Аслани. Според германските медиуми, семејството на починатата жена било ужаснато од објаснувањето што го добиле од клиниката по нејзината смрт. Истражителите сега истражуваат дали случајот можел да биде мотивиран од одмазда и дали е можно да е поврзан со убиството на хирургот. Сепак, сè уште не е потврдено дека ниту еден од случаите е директно поврзан со злосторството. Во тек е меѓународна истрага, а полицијата се обидува да утврди кој можеби го нарачал убиството и дали осомничениот имал соучесници. Меѓу познатите пациентки на Александар Аслани била Хана Елизабет Овен, ѕвезда на реалното шоу „Остров на љубовта“. За многумина кои го познавале Александар Аслани, неговото убиство е шок. Бројни жени кои биле подложени на естетска операција во неговата клиника се збогувале со него на социјалните мрежи. Покрај неговата професионална работа, Аслани беше почитуван и поради неговите хуманитарни активности. Неговата посветеност на бесплатните операции во Јужна Африка и Индија беше особено значајна. Тој и неговата сопруга патуваа во Калкута секоја година, каде што хирургот оперираше сиромашни деца родени со расцеп на усните и непцето. Додека полицијата продолжува да ги истражува можните мотиви и врски на осомничениот со организираниот криминал, останува прашањето кој го нарачал убиството и што навистина стои зад ликвидацијата на германскиот естетски хирург во Марбеља. Тагови: хирург задникот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
ЕвропаСвадбарска колона правела метеж во сообраќајот- свадбарите се казнети со 11.000 евра (ВИДЕО)Неодамнешната свадбена прослава се претвори во серија сообраќајни прекршоци, за кои свадбената поворка скапо плати.Во францускиот град Сен-Прје, полицијата издала 87 казни за несоодветно однесување за време на интервенција, додека вкупната вредност на казните достигнала неверојатни 10.945 евра. Според објавените податоци, од возачите биле одземени 242 казнени поени, објавува „Ле Паризиен“.. Градоначалникот на Сен-Прје, Жил Гаскоњ, објави во сабота, 26 септември, дека забележал „особено проблематично однесување“ за време на свадба. Тој, исто така, објави видео на Фејсбук, на кое се гледа колона автомобили со свадбари кои свират со сирените. Градоначалникот нагласи дека побарал вклучување на градската и националната полиција, со задача да интервенираат и да ги евидентираат забележаните прекршоци. „Резултатот е недвосмислен“, рече Гаскоњ, истакнувајќи дека се изречени 87 казни, дека казните вкупно изнесуваат 10.945 евра и дека на возачите им се одземени 242 казнени поени за прекршоци во сообраќајот. „Свадбите се добредојдени во Сен-Прие, но не и несоодветното однесување и опасните дејствија“, заклучи градоначалникот и им се заблагодари на полицајците кои учествуваа во интервенцијата. Сепак, ова не е единствениот случај во Франција во кој властите одлучија остро да реагираат на однесувањето на свадбените гости во сообраќајот. На неколку стотици километри оддалеченост, во Ница, кон средината на септември, градоначалникот Ерик Чоти објави дека откажал свадба закажана за тој ден, откако свадбената поворка, според него, го блокирала автопатот и направила низа прекршоци. „Побарав вклучување на градската полиција и откажување на свадбата закажана за 11 часот наутро во паркот Феникс“, објави Сиоти на социјалната мрежа X. Тој предупреди дека свадбената прослава не му дава право на никого да ја загрози безбедноста и да ги игнорира сообраќајните прописи. „Во Ница, свадбата не го оправдува дивото возење или непочитувањето на правилата. Секоја свадба што предизвикува нарушување на јавниот ред и мир автоматски ќе биде прекината“, рече градоначалникот.Тагови: свадбари сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСе враќа ли Британија во ЕУ- Бернам најави важен самит (ВИДЕО)Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека ќе се обиде да постигне договор за подобрување на трговските односи на самитот со Европската Унија следниот месец .Британскиот премиер Енди Бернам изјави дека ќе се обиде да постигне договор за подобрување на трговските односи на самитот со Европската Унија следниот месец и го повика парламентот да го поддржи во приближувањето кон блокот на долг рок. Зборувајќи пред парламентот по паузата, Бернам, кој водеше кампања за останување на Велика Британија во ЕУ на референдумот во 2016 година, потврди дека самитот ЕУ-Велика Британија ќе се одржи на 20 ноември. Самитот претходно беше одложен откако неговиот претходник, Кир Стармер, поднесе оставка. Бернам рече дека се надева дека ќе постигне договор за хармонизирање на стандардите за храна, поврзување на системот за тргување со емисии и овозможување на повеќе млади луѓе да живеат, работат и студираат во странство. Сите овие мерки, рече тој, ќе придонесат за економски раст. Сепак, неговиот став за долгорочно зближување со ЕУ предизвика критики од некои пратеници, бидејќи повтори дека Велика Британија треба да разгледа различни опции за своите идни односи со блокот, објави Ројтерс. Тој се залага за долгорочен пристап кон ЕУ „Во интерес на Велика Британија е да постигне договор во таа насока. Верувам дека нашите шанси за тоа ќе бидат подобри ако сме отворени да разговараме за нашиот однос со ЕУ на подолг рок. Ако сме сериозни во врска со зголемувањето на економскиот раст, контролата на имиграцијата и зачувувањето на нашите вредности и безбедност, треба да разговараме за тоа. Статус кво не е доволно добар за Велика Британија“, им рече Бернам на пратениците во Долниот дом. 🚨 WATCH: Andy Burnham says he wants to bring the UK closer to the EU to "control illegal immigration" He says deals on food and drink, emissions trading and a youth experience scheme are "on the table" "We should not turn our backs on this opportunity" https://t.co/hYN6tniX3d — Politics UK (@PolitlcsUK) October 12, 2026 Додека Стармер избегнуваше повторно разгорување на поделбите околу односите со ЕУ, Бернам тврдеше дека Велика Британија немала корист од напуштањето на ЕУ и треба „смирено и трезвено да го разгледа“ својот однос со блокот. Неговите зборови повторно ја отворија дебатата што ја подели Велика Британија од референдумот во 2016 година, на кој 52 проценти од гласачите гласаа за напуштање на ЕУ, додека 48 проценти го поддржаа останувањето. Конзервативниот лидер Камил Баденох рече дека е „заблуда“ да се верува дека враќањето во ЕУ ќе ги реши проблемите на Велика Британија. Од друга страна, лидерот на либералните демократи, Ед Дејви, изјави дека земјата треба повторно да стане полноправна членка на Унијата. Бернам повтори дека конечната одлука ќе ја донесат британските граѓани, кои ќе разгледаат различни опции за односите со ЕУ во иднина. Тој се осврна и на анкетите на јавното мислење кои, според него, покажуваат дека поддршката за повторно приклучување кон Унијата е зголемена по Брегзит. Сепак, поддршката често се намалува кога граѓаните се прашуваат дали би ја прифатиле обврската да придонесат во буџетот на ЕУ и да го воведат еврото. „Уверен сум дека јавното мислење во моментов го поддржува прагматичниот пристап што го предлагам. Ни треба ваков вид лидерство за да ставиме крај на деценијата талкање и поделби и да ја водиме земјата напред“, заклучи Бернам. Потсетете се дека пред неколку дена, британскиот премиер Бернам ја обвини Русија за мешање во референдумот за Брегзит.Тагови: Бернам Британија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter