Инфо ден на ФЕИТ за заинтересираните средношколци

Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска организира отворен ден за сите заинтересирани средношколци кои сакаат да студираат на Факултетот.

- Пред средношколците ќе бидат изложени разни експонати кои произлегуваат од работењето на нивните колеги во лабораториите на ФЕИТ, како и потребните информации за запишување и студирање на Факултетот - новите студиски програми, условите за студирање и уписите (квоти, префрлување од една во друга студиска група, партиципација, стидендии), соопштуваат од ФЕИТ.

Средношколците ќе може да ги разгледаат и просториите и лабораториите на ФЕИТ каде се одржува наставата. /МИА

Во Украина уапсени две лица осомничени за шпионажа за Русија

Украинските безбедносни служби (СБУ) денеска соопштија дека уапсиле две лица осомничени за шпионирање за Русија.

Уапсените се претставувале како механичари, патувале на североистокот на земјата, лоцирале воени позиции и пренесувале информации за бомбардирање во Русија.

Според извештаите, тие имале задача да ги идентификуваат позициите на одбранбените линии на украинската армија во близина на Харков, кој беше цел на руски напади во последните недели.

Тие беа уапсени и обвинети за велепредавство, кривично дело казниво со доживотен затвор. /МИА

Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел

Фудбалерот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Аксел Витсел би можел да остане во клубот и следната сезона, објави денеска новинарот Фабрицио Романо, кој е добар познавач на трансфер пазарот.

Според изворот, раководството на Атлетико сака да го продолжи договорот со 35-годишниот Белгиец до лето 2025 година.

Оваа сезона Витсел одигра 46 натпревари, на кои постигна два гола.

Витсел во мај лани крај на настапите за репрезентацијата на Белгија за која дебитираше во 2008 година и со 130 натпревари е втор на вечната листа зад Јан Фертојген (147 настапи).

Атлетико Мадрид е четвртопласиран на табелата во Ла Лига на шест кола до крајот на сезоната. /МИА

Видео: Пожар зад Универзална сала, интервенираат пожарникарите и Итната помош

Пожар избувна во куќа на улицата „Костурски херои“, зад Универзалната сала во Скопје.

Како што објавуваат повеќе медиуми, на терен се присутни две противпожарни возила и две цистерни на противпожарната бригада и едно возило на Итната помош.

На социјалната мрежа „X“ се појавија и видео снимки од настанот.

Се уште не е познато дали има повредени.

Во тек е интервенција на екипите.

притисни ентер