Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
1Филипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!
БалканИнфлуенсерот Јоџир во последен момент се кандидира за претседател на Црна Гора (ВИДЕО)Инфлуенсерот од Подгорица, Јован Радуловиќ Јоџир се кандидира на претседателските избори во Црна Гора.Радуловиќ минатата година стана популарен низ регионот кога на Жабљак сними спот со најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, кому му кажа шега за Роџер Федерер и Рафаел Надал. Станува збор за инфлуенсер кој сака да се забавува и да ги насмее своите следбеници на социјалните мрежи. Радуловиќ ја поднесе својата кандидатура за претседателските избори на последниот ден, само половина час пред истекот на рокот. Популарниот Јоџир при поднесувањето на својата кандидатура се обиде да ги објасни причините за влегувањето во претседателската трка. -Оние кои сакаат да се кандидираат ми се многу смешни, некако ми се извртени, во најмала рака. Затоа реков, дозволете ми да се обидам. Тоа е некаква љубов, како и сѐ во животот, се случи спонтано. Тоа е љубов кон државата. Сакам малку освежување на државата, народот е тмурен, ништо. Ги смеам преку социјалните мрежи, но сакам да ги насмеам на вистински начин и да ја водам оваа земја во вистинска насока и на вистински начин. Собрав многу потписи и пријатно сум изненаден. Доколку апликацијата беше електронска, за еден час би собрал колку што ми треба, а вака се мора да биде на хартија - изјави Радуловиќ. View this post on Instagram A post shared by Jovan Radulovic (@jodziir) Тој наведува дека не сака да им ветува на граѓаните кули и градови, туку само многу смеа. - Не ветувам кули и градови, како што ветуваат, и ништо не исполнуваат. Се обидуваат да ги фасцинираат луѓето со плати, пензии, а потоа само нѐ изневеруваат нас и државата. Ветувам дека ќе биде убаво и весело. Немам некои големи очекувања. Сакам да се обидам во сето ова и да ја водам државата на вистинскиот пат. Граѓаните да гласаат за мене затоа што се разликувам од другите, не лажам и сум оригинален – рече Радуловиќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Еве го Записникот, Мицкоски брутално излажа за Алта банка, СДСМ го штитеше државниот интерес!Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе Алта банка, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „Прв сведок на надзорната расправа беше Христијан Мицкоски, а кога нема одговор, спинува и лаже. Премиерот денеска на надзорната расправа иснесе брутална лага дека Владата на СДСМ донела одлука да влезе во деловни односи со Алта банка Србија“, рече Филипче. Филипче посочи дека Владата на СДСМ не дала согласност за продажба на акциите што ги поседувало Министерството за финансии, но дека Мацура добил согласност од Босна и Херцеговина. Сосема спротивно на лагите на Мицкоски владата на СДСМ ги штитела државните интереси и интересот на граѓаните и не влегла во односи со Алта банка. „Давор Мацура од нашата Влада, на СДСМ, не добил дозвола да ги откупи акциите кои се на Министерството за финансии. Ама добива дозвола од Босна и Херцеговина и така се стекнува со над 90 отсто од акциите во Белградската Алта банка. Тоа по срспките закони му дало можност да ги откупи и останатите“, изјави Филипче. Притоа, Филипче нагласи дека на 24 октомври 2023 година, тогашната Влада донела заклучок што Мицкоски денес го претставил како одлука за воспоставување деловни односи со Алта банка со којшто го заштила државниот интерес, односно да ангажира државен правобранител кој ќе ги брани интересите на Македонија во Србија. „Еве ја одлуката, заклучокот од владината седница да се ангажира државното правобранителство како орган кој го штити државниот интерес, да влезе во комуникација со српските институции, со цел да се заштити државниот интерес на Македонија“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаПрекинат заветот на молчење: Се појавија нови детали за несреќата на Михаел Шумахер!Еден од најдобрите возачи во изторијата на Формула 1 легендарниот Михаел Шумахер, се здоби со сериозни повреди при скијачка несреќа во Француските Алпи на 29 декември 2013 година. Таа несреќа му го промени животот. Следните 250 дена ги помина во индуцирана кома, по што беше префрлен на домашно лекување. Сè до денес, Шумахер нема излезено во јавноста, а никој, освен неговото најтесно семејство и членовите на медицинскиот тим, не ја знае неговата вистинска здравствена состојба. Тој го поминува времето меѓу своите домови во Швајцарија и на Мајорка, каде што има 24-часовна нега. На тој кобен ден, Германецот падна додека скијаше. Потоа, со хеликоптер беше пренесен од Мерибел до болницата. Пилотот на хеликоптерот, Јаник Дајнез, за првпат излезе во јавноста со детали за настанот. Тој знаел за кого станува збор, а бидејќи се работи за јавна личност, од екипажот било побарано максимално да ја заштитат неговата приватност. Затоа, сите добиле насоки да ги отстранат микрофоните и камерите од типот „GoPro“. На местото на несреќата биле преземени и безбедносни мерки. Луѓето од опкружувањето на Шумахер го обезбедија просторот и ги спречија присутните да фотографираат или снимаат, со цел да се избегне евентуално објавување на материјалот. За атмосферата во самиот хеликоптер, тој изјави: – Се обидов да се однесувам кон Шумахер како кон кој било друг тешко повреден човек. Сепак, внатре чувствував притисок. Луѓето го обожаваа како бог, иако јас не бев љубител на Формула 1. Летот до Универзитетската болница во Гренобл траеше околу 25 минути, по што Шумахер им беше предаден на лекарите. Колку вниманието на јавноста беше насочено кон Шумахер, му стана јасно за време на вториот лет до истата болница, неколку дена подоцна. – Она што го видов ме шокираше: насекаде имаше толку многу автобуси, црвени знамиња и луѓе, што целиот болнички комплекс изгледаше како патека за Формула 1. Беше неверојатно. Објаснувајќи зошто молчел за сето тоа цели 13 години, Јаник рече: – Не сакав да зборувам со медиумите за да избегнам проблеми. Освен тоа, немам исти адвокати како семејството Шумахер.Тагови: Михаел Шумахер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалБразил и Барселона се договорија за Рафиња!Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено.Бразилските медиуми пишуваат дека предводникот на шпанскиот шампион, Ханси Флик веќе побарал од раководството на Барселона да стапи во контакт со управата на Фудбалскиот сојуз на Бразил и да добие гаранции дека Карло Анчелоти ќе го користи Рафиња умерено, односно дека тој ќе добие минутажа на споменатите натпревари. Бразил ќе игра против Јапонија, а потоа ќе се соочи со Сингапур. За напаѓачот на Барса претстои патување со авион во должина од околу 22.000 километри во двата правци, а со оглед на тоа што од последните три репрезентативни собири тој се враќаше повреден, јасно е од каде доаѓа загриженоста и немирот кај стручниот штаб. „Шпанскиот клуб и Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) веќе се договорија за деталите околу минутажата на Рафиња, со цел тој да се врати здрав и да се минимизира ризикот од трета последователна повреда за време на настапите за националниот тим“, пишува „Глобо Еспорте“.Тагови: БАРСЕЛОНА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook