Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
1Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
ЗабаваИнфлуенсерка тешка 171 килограм седна во скутот на Дедо Мраз- настана хаос (ВИДЕО)Плус сајз инфлуенсерката Алекс Аспасија (31) предизвика голема возбуда за време на неодамнешната посета на Париз кога седна во скутот на Дедо Мраз, кој речиси се струполи под нејзината тежина од 171 килограм.Приказната стана вирална, а Алекс призна дека минувачите не можеле да престанат да го гледаат, како што вели таа, „телото со големина на кит“. Речиси фатална средба за Дедо Мраз Инфлуенсерката висока 183 см е позната по промовирање на позитивност на телото и гордо ги покажува своите облини на социјалните мрежи. Но, средбата со Дедо Мраз во Франција беше посебно искуство. „Луѓето ме гледаа како да сум луда“, изјави Алекс за What's The Jam. „Тајно ме снимаа на своите телефони“. Таа исто така додаде дека една дама ѝ пришла. „Ми кажа дека имам фантастично тело, но дека не припаѓам во Париз затоа што тоа не се смета за „париски“ стил. Сепак, ѝ се допаѓаше мојата самодоверба“. View this post on Instagram A post shared by Alex Aspasia (@alexaspasia) Реакции на социјалните мрежи Додека Алекс седеше во скутот на Дедо Мраз, минувачите ја гледаа со изрази на „гадење“. „Не мислам дека на Французите им се допадна девојката со плус-сајз врз Дедо Мраз хаха“, рече таа. Коментарите наскоро почнаа да се појавуваат. Додека некои беа воодушевени, други не беа толку благи. „На Дедо Мраз сепак му се допадна!“ напиша еден корисник. „Не мислам дека на Дедо Мраз навистина му пречеше“, се согласи друг, а трет се пошегува: „Божиќ дојде рано за Дедо Мраз!“. Од друга страна, имаше и коментари како: „На сиромашниот Дедо Мраз ќе му треба замена на колк и колено“. „Телата плус-сајз не се норма во Европа“ Алекс, која вообичаено живее во Мајами, верува дека насилната реакција се должи на фактот дека телата со плус-сајз не се „норма“ во Европа. „Стандардот за убавина (тука) е да се биде екстремно слаб“, објасни таа. „Затоа мислам дека кога ќе видат висока, плус-сајз жена со самодоверба која носи што сака, тоа е многу визуелно впечатливо“. Таа опиша како се соочува со различни реакции. „Забележувам дека некои луѓе се заинтересирани и ми приоѓаат да се сликаат. Додека други тајно ми се потсмеваат, им ги покажуваат на своите пријатели и се смеат. Тоа е мешавина од емоции и реакции.“ Алекс е позната и по тоа што ги критикува инјекциите за слабеење како Оземпик, гордо фалејќи се со својата „трансформација без Оземпик“. „Се чувствувам како да сум станала најдобрата верзија од себе“, заклучи таа. „Ослободена сум во моето тело и сум исклучително горда што сум целосно природна.“Тагови: Дедо Мраз инфлуенсерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за растВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план. Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции. За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски. Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook